Солунски Залив (општина)
Општина Солунски Залив Δήμος Θερμαϊκού | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Солун |
Гео. област: | Халкидик |
Население: | 35.668 (2021) |
Седиште: | Хаџи Бали |
Нас. места: | 9 |
Пошт. бр.: | 570 19 |
Пов. бр.: | 23920-2 |
Портал: | thermaikos.gr/ |
Солунски Залив (грчки: Δήμος Θερμαϊκού, Димос Термајку) — општина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Административен центар е гратчето Хаџи Бали (Переја). Во состав на општината влегуваат 9 населени места во западниот дел на полуостровот Халкидик.
Општината е наречена по Солунскиот Залив (гр. Термајкос), на чиј брег е сместена.
Населени места
уредиОпштината Солунски Залив е создадена на 1 јануари 2011 година след обединение на три стари административни единици - општините Солунски Залив, Епаноми и Михањона по законот „Каликратис“.[1]
Општинска единица Епаноми
уредиОпштинската единица Епаноми ги опфаќа следните општински оддели и населени места:
- Општински оддел Епаноми
- град Епаноми (Επανομή)
- Општински оддел Месимер
- село Месимер (Μεσημέρι)
Општинска единица Михањона
уредиОпштинската единица Михањона ги опфаќа следниве општински оддели и населеним места:
- Општински оддел Нова Михњона
- град Нова Михањона (Νέα Μηχανιώνα, Неја Михањона) новосоздадено
- Општински оддел Голем Карабурун
- село Голем Карабурун (Αγγελοχώρι, Ангелохори) новосоздадено
- Општински оддел Мал Карабурун
- село Мал Карабурун (Νέα Κερασιά, Неја Керасија)
Општинска единица Солунски Залив
уредиОпштинската единица Солунски Залив ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Хаџи Бали
- град Хаџи Бали (Περαία, Переја)
- село Чаир Чифлик (Λιβαδάκι, Ливадаки)
- Општински оддел Агиja Триада
- село Агија Тријада (Αγία Τριάδα) новосоздадено
- Општински оддел Бахчели
- село Бахчели (Νέοι Επιβάτες, Неи Епиватес)
Наводи
уреди- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.