Амбелокипи-Менемени
општина во Солунскиот округ, Егејска Македонија
Општина Амбелокипи-Менемени Δήμος Αμπελοκήπων - Μενεμένης | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Солун |
Гео. област: | Халкидик |
Население: | 42.000 (2021) |
Седиште: | Амбелокипи |
Нас. места: | 2 |
Пошт. бр.: | 561 |
Пов. бр.: | 2310-72 до 74 |
Портал: | ampelokipi-menemeni.gr |
Амбелокипи-Менемени (грчки: Δήμος Αμπελοκήπων - Μενεμένης, Димос Амбелокипис-Менеменис) — општина во Солунско, Егејска Македонија, денес во Солунскиот округ на Централна Македонија, Грција. Општината опфаќа две преградија на градот Солун. Административен центар е Амбелокипи.
Обете населени места се новосоздадени од грчки доселеници од Турција во XX век, преселени со меѓусебната размена на население.
Населени места
уредиОпштината е создадена на 1 јануари 2011 г. со обединување на општините Амбелокипи и Менемени по законаот „Каликратис“.[1]
Општинска единица Амбелокипи
уредиОпштинската единица ја опфаќа само солунската населба Амбелокипи.
Општинска единица Менемени
уредиОпштинската единица Менемени ја опфаќа само солунската населба Менемени (Μενεμένη, Менемени).
Наводи
уреди- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.