Централна Македонија (Грција)
Централна Македонија (грчки: Περιφέρεια Κεντρικής Μακεδονίας, ПериФерија Кентрикис Македонијас) — област во Грција која се состои од средишниот дел на Егејска Македонија. Со 1,9 милиони жители го зазема второто место по населеност, веднаш по Атика. Главен град е Солун.
Ценрална Македонија Περιφέρεια Κεντρικής Μακεδονίας | ||
---|---|---|
област | ||
Координати: 40°42′N 23°00′E / 40.7° СГШ; 23.0° ИГД | ||
Земја | Грција | |
Управа | Македонија и Тракија | |
Главен град | Солун | |
Окрузи | ||
Управа | ||
• Управник | Апостолос Ѕиѕикостас (Нова демократија) | |
Површина | ||
• Вкупна | 18.810,52 км2 (726,278 ми2) | |
Население (2011)[1] | ||
• Вкупно | 1.882.108 | |
• Густина | 1,0/км2 (2,6/ми2) | |
Час. појас | EET (UTC+2) | |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | |
ISO 3166 | GR-B | |
БДП (2011)[2] | ||
• номин. | 28,1 млјд евра | |
• по жител | 14.400 евра | |
Мреж. место | pkm.gov.gr |
Управа
уредиОбласта е создадена во 1987 г.. Со реформата „Каликратис“, почнувајќи од 2011 г. областа добива изменети и проширени надлежности. Заедно со Источна Македонија и Тракија, областа е под надзор Децентрализираната управа на Македонија и Тракија со седиште во Солун.
Поделена е на 7 окрузи: Иматија, Кукуш, Пиерија, Постол, Сер и Солун и Халкидик. Окрузите понатаму се поделени на вкупно 38 општини. Иматија и Пиерија се наречени по долномакедонските области Ематија и Пиерија, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Според народната номенклатура на краиштата, едниот округ соодветствува на „Берско“, а другиот на „Катеринско“.
Иако географски ѝ припаѓа на Централна Македонија, Света Гора е управно независна од неа, и ужива автономна самоуправа во рамките на грчката држава.
Стопанство
уредиЦентрална Македонија е најпосетената област во Грција, со 18,2% од вкупниот туризам во земјата. Во 2008 г. областа ја посетиле 3,21 милиони туристи.[3] Во 2011 г. БДП по глава на жител на областа изнесувал 14.400 евра, заземајќи го деветто место од вкупно 13 области во Грција, или доста пониско од државниот просек од 18.500 евра.[2]
Демографија
уредиБидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во оваа област, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во оваа област Македонците живеат во околу 230 населени места и сочинуваат околу 10% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 195.000 Македонци.
Окрузи и општини
уредиОбласта има 7 окрузи и вупно 38 општини:
Наводи
уреди- ↑ „Демографски и социјални особености на постојаното население на Грција според Пописот во 2011 г. — Преработка на пописот на домовите од 20/3/2014“ (PDF). Статистичка управа на Грција. 12 September 2014. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-08. Посетено на 2016-02-28. (англиски)
- ↑ 2,0 2,1 „Бруто-домашен производ (БДП) при тековните пазарни цени на NUTS степен 2“. Регионален годишник. Евростат. Посетено на 3 April 2015. (англиски)
- ↑ Евростат (2010). „Туризам“ (PDF). Регионален годишник 2010. www.eurosta.eu. Посетено на 16 April 2011. (грчки)
Надворешни врски
уреди„Централна Македонија (Грција)“ на Ризницата ? |
- Матична страница (грчки)