Том Даниелсон
Томас „Том“ Даниелсон (англиски: Thomas "Tom" Danielson; р. 13 март 1978) — поранешен американски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2002-2015 за екипите Меркури (2002), Сатурн (2003), Фаса Бортоло (2004), Дискавери Канал (2005–2007) и Канондејл-Гармин (2008–2015).[2] Тој бил двапати суспендиран за допинг во неговата кариера.
Даниелсон на Трката околу Алберта 2014 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Томас Даниелсон | ||
Прекар | Том или Томи Д[1] | ||
Роден | 13 март 1978 Ист Лајм, Конектикат, САД | ||
Висина | 1,77 м | ||
Маса | 62 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | пензиониран | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | универзален возач | ||
Аматерски клубови | |||
1999–2001 | СоБе/Хедсхок | ||
Професионални клубови | |||
2002 2003 2004 2005–2007 2008–2015 | Меркури Сатурн Фаса Бортоло Дискавери Канал Слипстрим-Чипотл | ||
Значајни победи | |||
|
Кариера
уредиРани години
уредиДаниелсон моментално го држи рекордот за најбрзо искачување на планината Вашингтон, Њу Хемпшир, како дел од велосипедската трка, која се одржува таму.[3][4] Претходниот носител на рекордот бил американската велосипедска легенда, Тајлер Хамилтон. Исто така го држи рекордот на планината Еванс во Колорадо, на кој поминува највисокиот асфалтиран пат во Северна Америка.[5][6] Претходен носител на рекордот бил Џонатан Вотерс, кој е моментален тренер на Даниелсон.[5][7]
Во 2004, Даниелсон имал големи несогласувања со италијанската екипа Фаса Бортоло, пропуштајќи го пролетниот дел од сезоната поради проблеми со визата.[8] Подоцна, возел за американската екипа Дискавери Ченл, со која победил на Трката околу Џорџија 2005 и Трката околу Австрија 2006.[9][10] Откако Дискавери Ченл се распаднал во 2008, Даниелсон станал дел од екипата Гармин-Чипотл.[11]
2010
уредиДаниелсон ја започнал сезоната со освојувањето на дванаесеттото место на Средоземната трка и на Тур ду Хаут Вар. Потоа, настапил на Париз-Ница, но имал потешкотии на трката и завршил на 52. место. По Париз-Ница, Даниелсон се вратил во форма и завршил втор на Трката Џила, веднаш зад Леви Лајпхајмер (Тим РадиоШек). Неколку недели подоцна, Даниелсон возел на Трката околу Калифорнија, но не успеал да ја заврши трката. Потоа, настапил на Тур де Свис, каде завршил на 25. место. Даниелсон бил осми на Трката околу Полска и Трофео Мелинда. Еден месец подоцна, Даниелсон првпат возел на Вуелта а Еспања. Ја завршил трката како највисоко пласиран Американец, на осмото место. Даниелсон ја завршил сезоната со 29. место на Џиро дел’Емилија.
2011
уредиДаниелсон ја започнал сезоната на Вуелта а Мајорка и завршил 36. на третиот класик, Трофео Деја. Потоа возел на Волта ао Алгарве и завршил како 31., додека на Вуелта а Мурсија завршил на 20. место во генералниот пласман. Меѓутоа, по Мурсија, формата на Даниелсон опаднала, завршувајќи дури на 55. место на Волта а Каталуња, 47. на ГП Мигел Индураин и 18. во генералниот пласман на Трката околу Баскија. По Баскија, Даниелсон се повлекол од тркањето и се насочил кон тренирање. Неколку недели подоцна, Даниелсон се вратил и завршил на 20. место на Тур де Романди. Потоа, завршил на третото место во генералниот пласман на Трката околу Калифорнија и деветти на Тур де Свис, што му го донеле дебито на Тур де Франс, каде имал добар настап и завршил како највисоко пласиран Американец на осмото место.[12][13][14] По Тур, Даниелсон завршил на петтото место во генералниот пласман на Трката околу Јута и бил четвртти на првото издание на САД Про Сајклинг Челинџ. По двете американски трки, Даниелсон ја завршил сезоната со настап Гран при Монтреал.
2012
уредиОткако не можел да настапи на Тур де Лангкави, Даниелсон се вратил во форма на Волта а Каталуња, каде завршил како дванаесетти во генералниот пласман и втор во планинскиот пласман. По Каталуња, Даниелсон завршил на 20. место на Трката околу Баскија и покажал добри резултати на Трката околу Калифорнија, каде го освоил петтото место на кралската етапа на трката.[15] Исто така завршил на деветтото место на етапата 5 на поединечниот хронометар, со што го задржал високиот пласман во генералниот пласман.[16] Овие резултати му помогнале да дојде до третото скалило на подиумот.[17] По Калифорнија, Даниелсон завршил единаесетти на националното друмско првенство, седми на Тур де Свис и бил избран да настапи на неговиот втор Тур де Франс. Меѓутоа поради повреди здобиени од падови, Даниелсон се повлекол од трката на шестата етапа. Следниот месец, Даниелсон се вратил на Трката околу Јута, каде завршил на 11. место во генералниот пласман и учествувал во победата на екипниот хронометар. Потоа, настапил на САД Про Сајклинг Челинџ, каде завршил на седмото место во генералниот пласман и ја освоил третата етапа. Списанието Bicycling подоцна ја именувала етапата како „највозбудливиот ден во друмскиот велосипедизам на американска почва“.[18]
2013
уредиПо шесте месеци забрана, Даниелсон се вратил на трките на Волта а Каталуња, каде завршил како десетти во генералниот пласман. Меѓутоа, потоа не настапил на ГП Мигел Индураин, но сепак се вратил во форма на Трката околу Баскија, каде завршил на 11. место во генералниот пласман. Продолжил да вози силно и завршил четврти во генералниот пласман на Тур де Романди. Даниелсон возел на Џиро д’Италија со цел да му помогне на колегата Рајдер Хесједал да ја повтори минатогодишната победа, но Хесједал се повлекол по етапата 12. По повлекувањето на Хесједал, Даниелсон можел да вози по своја волја, но се разболел во последната недела и на крај завршил дури на 94. место.[19] Во јуни, Даниелсон бил избран за настап на својот трет Тур де Франс како помошник. Даниелсон завршил на 60. место во генералниот пласман.[19] По Тур, Даниелсон победил на Трката околу Јута.[20][21][22] Даниелсон ја завршил сезоната со третото место на САД Про Сајклинг Челинџ.[23][24]
2014
уредиВо август, Даниелсон се вратил на Трката околу Јута и ја освоил. Ова било втора година по ред како ја освоил титулата.[25] Следниот месец, Даниелсон го потврдил неговото учество на Икон ЛАСИК Трка на Месечината.[26]
2015
уредиНа 20 јануари 2015 година, глумецот Патрик Демпси и Том Даниелсон биле домаќини на трка во Аризона наречена „Вози, Тусон!“. Трката содржела круг околу градот, кој бил затворен за сообраќај на три часа.[27]
Во мај, Даниелсон го напуштил Џиро д’Италија поради повреда на коленото.[28]
Допинг
уредиВо септември 2012 во објава на форум, екипниот менаџер и сопственик на Гармин Шарп Џонатан Вотерс изјавил дека Даниелсон користел допинг со производи на крвта со цел зголемување на кислородот кој е потребен за мускулите.[29] На 10 октомври 2012, американската антидопинг агенција (УСАДА) објавила дека Даниелсон ќе биде суспенсиран на шест месеци за признавање допинг за време на договорот со екипата УС Постал.[30][31] Подоцна истиот ден, организацијата издаде изјава која го потврдува неговото потврдување на шестмесечната забрана од 1 септември 2012 до 1 март 2013. Воедно му биле одземени сите постигнати резултати помеѓу 1 март 2005 и 23 септември 2006.[32] Даниелсон ја објавил својата изјава еден ден подоцна во која изразува жалење за неговата одлука „да ја помине линијата“. Тој изјавил: „Ја прифаќам одговорноста за мојот избор и им се извинувам на сите во мојот живот за тоа - во и надвор од спортот“.[31]
На 3 август 2015 година, Даниелсон објавил преку Твитер дека бил позитивен на синтетички тестостерон при контрола надвор од трка на 9 јули. Бил суспендиран од неговата екипа, чекајќи го исходот од неговиот примерок „Б“.[33] На 6 ноември 2015 година, УСАДА потврдил дека неговиот примерок „Б“ исто така е позитивен.[34]
Личен живот
уредиРоден во Ист Лајм, Конектикат, Даниелсон престојува во Булдер, Колорадо, со неговата жена Стефани и нивните деца, Стивен (р. 2010) и Стела (р. 2012).[35][36] За време на детството престојувал во Конектикат, а средно училиште завршил во Дуранго, Колорадо.[36] Даниелсон ги смета Булдер и Дуранго како свои родни градови.[36]
Достигнувања
уреди- 2001
- 1. Првенство меѓу колеџите во планински велосипедизам
- 2002
- 1. Првенство меѓу колеџите во планински велосипедизам
- 1. Краен пласман Трка околу езерото Кингхај
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 8
- 1. Планина Вашингтон
- 2003
- 1. Краен пласман Тур де Лангкави
- 1. Краен пласман Велосипедски класик Каскада
- 1. Краен пласман Тур де Туна
- 1. Планина Вашингтон[note 1]
- 2. Класик Си Отер
- 2. Национално хронометарско првенство
- 3. Краен пласман Велосипедски класик Редландс
- 5. Краен пласман Тур де Џорџија
- 5. Краен пласман ГП Нејчр
- 1. Етапа 2
- 2004
- 1. Планина Еванс[note 2]
- 2005
- 2005
1. Краен пласман Трка околу Џорџија1. Етапа 5
4. Краен пласман Сетмана Каталана де Чиклисме5. Краен пласман Тур де Лангкави7. Краен пласман Трка околу Австрија7. Краен пласман Вуелта а Еспања- 2006
1. Краен пласман Трка околу Австрија2. Краен пласман Трка околу Џорџија1. Етапа 5
6. Краен пласман Вуелта а Еспања1. Етапа 17
8. Краен пласман Трка околу Калифорнија9. Краен пласман Тур де л’Ен10. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 2007
- 1. Планина Еванс
- 2008
- 1. Етапа 4 (ТТТ) Трка околу Џорџија
- 5. Национално хронометарско првенство
- 5. Краен пласман Трка околу Мисури
- 2009
- 1. Планина Еванс
- 3. Краен пласман Вуелта а Бургос
- 1. Етапа 4 (ITT)
- 9. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 2010
- 2. Краен пласман Трка Џила
- 8. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 8. Трофео Мелинда
- 9. Краен пласман Трка околу Полска
- 2011
- 3. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 4. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
- 5. Краен пласман Трка околу Јута
- 8. Краен пласман Тур де Франс
- 1. Етапа 2 (ТТТ)
- 9. Краен пласман Тур де Свис
- 2012
- 3. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 7. Краен пласман Тур де Свис
- 7. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
- 1. Етапа 3
- 10. Краен пласман Трка околу Јута[note 3]
- 1. Етапа 2 (ТТТ)
- 2013
- 1. Краен пласман Трка околу Јута
- 3. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
- 4. Краен пласман Тур де Романди
- 10. Краен пласман Волта а Каталуња
- 2014
- 1. Краен пласман Трка околу Јута
- 1. Етапа 4
- 2. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
- 2015
- 1. Планински пласман Волта а Каталуња
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | 78 | — | — | — | 49 | — | СО | ||
Тур | — | — | — | — | — | — | 8 | СО | 60 | — | — |
Вуелта | СО | — | СО | 9 | — | — | — | — | — |
СО = се откажал; поништени резултати = пречкртани; — = не учествувал
Белешки
уредиНаводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-04-28. Посетено на 2013-03-21.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеslipstreamsports
. - ↑ „Резултати 2001“. Tinmtn.org. Архивирано од изворникот на 2012-02-06. Посетено на 18 јуни 2012.
- ↑ „Bicycle Hillclimb is Full – Newton's Revenge Registration Now Open“. Mt. Washington Auto Road. 25 февруари 2012. Архивирано од изворникот на 2014-09-03. Посетено на 18 јуни 2012.
- ↑ 5,0 5,1 „History of the Mt Evans Hill Climb“. Bicyclerace.com. Архивирано од изворникот на 2012-07-18. Посетено на 18 јуни 2012.
- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-08-13. Посетено на 2013-03-21.
- ↑ „Џонатан Вотерс“. Bicycling.com. Архивирано од изворникот на 2014-09-03. Посетено на 18 јуни 2012.
- ↑ „Tom Danielson Has Decided To Cut Short His Stay At Fassa Bortolo In Order To Take Advantage Of The C“. BikeRadar. 23 септември 2004. Посетено на 18 јуни 2012.[мртва врска]
- ↑ „Tom Danielson – Core Power Athlete“. Core Power. Архивирано од изворникот на 2012-04-05. Посетено на 18 јуни 2012.
- ↑ „Том Даниелсон“. USA Pro Cycling Challenge. Архивирано од изворникот на 2011-12-19. Посетено на 18 јуни 2012.
- ↑ Лаура Вајсло. „Составот на Гармин-Чипотл“. Cyclingnews.com. Посетено на 18 јуни 2012.
- ↑ „Том Даниелсон во првите десет на Тур, вели дека сега планира да нападне“. Velonews.competitor.com. 14 јули 2011. Архивирано од изворникот на 2012-10-22. Посетено на 18 јуни 2012.
- ↑ „Гармин-Сервело го избра Том Даниелсон за неговиот прв Тур де Франс“. Velonation.com. 20 јуни 2011. Посетено на 18 јуни 2012.
- ↑ „98ème Tour de France 2011“. Memoire-du-cyclisme.net. 26 април 2012. Архивирано од изворникот на 2012-08-29. Посетено на 18 јуни 2012.
- ↑ Пелки, Чарлс (19 мај 2012). „Целосен директен извештај (Етапа 7)“. Cycling News. Future Publishing Limited. Архивирано од изворникот на 2012-05-21. Посетено на 22 мај 2012.
- ↑ „Трка околу Калифорнија: Дејв Забриски премина во водство“. Cycling News. Future Publishing Limited. 18 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2012-05-19. Посетено на 22 мај 2012.
- ↑ „Поредок и резултати“. AMGEN Tour of California. AEG. 20 мај 2012. Посетено на 22 мај 2012.
- ↑ „Tom Danielson Holds off the Chase in Colorado: 10 Best Pro Cycling Rides of 2012 | Bicycling Magazine“. Архивирано од изворникот на 2013-03-10. Посетено на 2013-05-20.
- ↑ 19,0 19,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-10-04. Посетено на 2013-10-14.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-10-16. Посетено на 2013-10-14.
- ↑ http://www.sltrib.com/sltrib/sports/56720396-77/danielson-tour-utah-stage.html.csp
- ↑ http://www.velonation.com/News/ID/15214/Tour-of-Utah-Danielson-wins-the-overall-with-Empire-Pass-attack.aspx
- ↑ http://www.cyclingnews.com/races/usa-pro-challenge-2013/stage-7
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-10-17. Посетено на 2013-10-14.
- ↑ „Twice as nice: Tom Danielson holds off all challengers to repeat as Tour of Utah champ“. 10 август 2014. Архивирано од изворникот на 2014-10-24. Посетено на 24 октомври 2014.
- ↑ Дејв Еџкомб (4 октомври 2014). „Cyclists gather for the Icon LASIK Tour of the Moon“. Архивирано од изворникот на 2014-10-24. Посетено на 24 октомври 2014.
- ↑ Ким Крос. „Patrick Dempsey and Tom Danielson Want to Ride With You“. Bicycling. Посетено на 7 ноември 2014.
- ↑ Бери Рајан (24 мај 2015). „Hesjedal ploughs lone furrow at Giro d'Italia“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 24 мај 2015.
- ↑ „Вотерс потврди минат допинг на Даниелсон“. Cyclingnews.com. Посетено на 8 септември 2012.
- ↑ „Суспензија на Том Даниелсон“. USADA. 10 октомври 2012.
- ↑ 31,0 31,1 Лајпхајмер, Забриски, Ванде Велде и Даниелсон признаа за допингот
- ↑ 32,0 32,1 Шест поранешни колеги на Армстронг добија забрани од УСАДА
- ↑ „Tom Danielson fails doping test“. Velonews. Competitor Group, Inc. 3 август 2015. Архивирано од изворникот на 2016-10-13. Посетено на 3 август 2015.
- ↑ Стоукс, Шејн (7 ноември 2015). „Updated: USADA confirms Danielson's B sample also positive, says 'full, fair legal process in place'“. cyclingtips.com.au. Посетено на 1 декември 2015.
- ↑ Филдс, Џен. „Boulder cyclist Tom Danielson rolls on – Boulder Daily Camera“. Dailycamera.com. Посетено на 14 октомври 2013.
- ↑ 36,0 36,1 36,2 „USA Pro Cycling Challenge Interview“. USA Pro Challenge. Колорадо: Medalist Sports LLC. 15 август 2012. Посетено на 14 октомври 2013.
Надворешни врски
уреди„Том Даниелсон“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Том Даниелсон“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Том Даниелсон“. Cycling Quotient.
- Профил на Velobios
- Том Даниелсон на Trap-Friis.dk