Максим Иглински

казахстански велосипедист

Максим Иглински (казашки: Максим Иглинский; р. 18 април 1981 во Нур-Султан) — казахстански професионален друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата Астана Казахстан Тим, на која ѝ се придружил во 2007 година. Иглински станал професионалец во 2005 година со Домина Ваканце и возел за Тим Милрам во 2006 година. Иглински ја освоил шестата етапа на Критериум ду Дофине Либере 2007. Тој е постар брат на Валентин Иглински.

Максим Иглински
Иглински на Тур де Франс 2007
Лични податоци
Цело имеМаксим Иглински
Роден18 април 1981(1981-04-18)(43 г.)
 Казахстан
Висина1,73 м
Маса67 кг
Податоци за клубот
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Професионални клубови
2004
2005
2006
2007–2014
Капек
Домина Вакенце
Тим Милрам
Астана
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
Национален хронометарски првак (2006)
Национален друмски првак (2007)
Страде Бјанке (2010)
Лиеж-Бастон-Лиеж (2012)
Последна промена
4 јануари 2015

Во пролетта 2012 година, тој ја освоил една од арденските класични трки, Лиеж-Бастон-Лиеж. Побегнал од главната група со Хоаким Родригес (Катјуша-Алпесин), постепено отфрлајќи го од себе и бркајќи го водачот во трката Винченцо Нибали (Канондејл), стигнувајќи го на еден километар до целта, го поминал и победил сам на трката.[1]

Бил привремено суспендиран во октомври 2014 година откако се покажал позитивен на ЕПО во август 2014 година.[2] Неговиот брат Валентин Иглински бил суспендиран на 10 септември на истото тестирање во август 2014 година.[3]

Достигнувања уреди

2002
1.   Краен пласман Вуелта а ла Индепенденсија Насионал
1. Етапа 8
2. Краен пласман Трка околу Кина
1. Етапа 2
2003
1. Етапа 3 Трка околу Бугарија
2004
1.   Краен пласман Вуелта а ла Индепенденсија Насионал
1. При де ла Сланчев Брјаг
2.   Азиско друмско првенство
3. Краен пласман Трка околу Грција
1. Пролог
3. Меморијал Филипе ван Конингсло
2005
1. ГП Сита ди Камаиоре
Трка околу Германија – 1 етапа
2006
1.   Национално хронометарско првенство
2007
1.   Национално друмско првенство
1. Етапа 6 Критериум ду Дофине Либере
2008
1.   Планински пласман Тур де Свис
9. Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 1
2009
3. Е3 Харелбеке
8. ГП Уест Франција
2010
1. Монтепаски Страде Бјанке
3. Средоземна трка
4. Краен пласман Тирено-Адријатико
7. Гент-Вевелгем
8. Милано-Санремо
8. Трка околу Фландрија
2012
1. Лиеж-Бастон-Лиеж
2. Страде Бјанке
2013
1. Трка Алмати
1. Етапа 4 Трка околу Белгија
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
8. Светско друмско првенство
8. Дварс дор Вландерен
9. Краен пласман Енеко Тур

Распоред на резултатите на Гранд Тур уреди

Гранд Тур 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014
  Џиро 55
  Тур 37 СО СО 131 105 116 129
  Вуелта СО СО

СО = се откажал

Наводи уреди

  1. „Максим Иглински го освои Лиеж-Бастон-Лиеж“. Velo News. VeloNews.com. 22 април 2012. Архивирано од изворникот на 2012-01-10. Посетено на 22 април 2012.
  2. „Максим Иглински привремено суспендиран на ЕПО“. Cycling News. cyclingnews.com. 1 октомври 2014. Посетено на 1 октомври 2014.
  3. „Валентин Иглински исфрлен од Астана по позитивниот тест“. Cyclingnews.com. Future plc. 10 септември 2014. Посетено на 10 септември 2014.

Надворешни врски уреди