Филип Дејгнан

ирски велосипедист

Филип Дејгнан (англиски: Philip Deignan; ирски: Pilib Ó Duígeannáin; р. 7 септември 1983) — поранешен ирски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2005-2018.[1]

Филип Дејгнан
Дејгнан на Трката околу Белгија 2012
Лични податоци
Цело имеФилип Дејгнан
ПрекарФили
Роден7 септември 1983(1983-09-07)(41 г.)
Летеркени,  Ирска
Висина1,76 м
Маса67 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Аматерски клубови
2004 Вело-Клуб Ла Пом Марсеј
Професионални клубови
2005–2008
2009–2010
2011
2012–2013
2014–2018
Аг2р Превојанс
Сервело ТестТим
Тим РадиоШек
ЈунајтедХелткер
Тим Скај
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
1 поединечна етапа (2009)

Етапни трки

Тур ду Дубс (2005)
Трка Џила (2013)

Поранешен олимпиец, Дејгнан освоил етапа на Вуелта а Еспања 2009 и завршил во првите десет во генералниот пласман.

Кариера

уреди

Рана кариера

уреди

Дејгнан е роден во Летеркени, Донегол, каде првпат се натпреварувал на добротворна велосипедска трка во 1997 година.[2][3] Станал професионалец од 2005 година. Пред тоа, возел за аматерската екипа Вело-Клуб Ла Пом Марсеј каде се покажал добро. На Џиробио (Џиро д’Италија за аматери) во 2004 година, по претходниот пад, се покажал добро на планинските етапи.[4][5] Ја освоил последната етапа и генералниот пласман на Ронде де л’Изар 2004 како аматер. Негова прва професионална победа била на Тур ду Дубс, каде нападнал од бегството, во кое бил неговиот сонародник и тогашен колега Марк Сканлон.[6] Други поголеми резултати биле деветтото место на Светското друмско првенство под 23 години,[7] петтото место на Европското друмско првенство под 23 години и второто место на планинска етапа на Тур де л’Авенир 2006.[8]

По повредата здобиена на почетокот на сезоната, Дејгнан настапил и ја завршил својата прва голема трка на Вуелта а Еспања 2007, каде имал завршници во првите 15 на неколку планински етапи.

Се квалификувал да ја претставува Ирска на Олимпијата во 2008 година.[9][10] Завршил на 81. место на друмската трка (15 минути и 53 секунди зад победникот Самуел Санчес и пет минути зад сонародникот Николас Роуш). Дејгнан заедно со Роуш и Роџер Ајкен бил дел од ирската екипа за Светското првенство 2008 во Варезе. Никој од тројцата не ја завршиле трката.[11]

Сервело Тест Тим (2009-2011)

уреди
 
Дејгнан возел за Сервело во 2010 година

Во 2009 година, Дејгнан возел со Сервело ТестТим. Настапил на Џиро д’Италија 2009, постигнувајќи една завршница во првите десет. На 17 септември 2009 ја постигнал својата прва победа на некој Гранд Тур, на етапата 18 на Вуелта а Еспања 2009 во Авила, по борбата со Чехот Роман Кројцигер од Ликвигас. Завршувајќи 10 минути пред групата се искачил на деветтото место во генералниот пласман.[12] Станал првиот Ирец кој освоил етапа на некој Гранд Тур по последниот успех на Стивен Роуш на Тур де Франс во 1992.[13][14] Дејгнан бил избран да вози за Ирска на Светското првенство 2009, заедно со Николас Роуш и Даниел Мартин.[15] Дејгнан го имал најдобриот ирски пласман со 40. место на друмската трка на Светското првенство.

РадиоШек (2011)

уреди

Било објавено дека болест ќе ја наруши неговата сезона во 2010 година. Во 2011 година потпишал со Тим РадиоШек.[16][17]

Јунајтед Хелткер (2012-2013)

уреди

По една сезона со РадиоШек, потпишал со ЈунајтедХелткер за сезоната 2012.[18] Дејгнен успеал да ја обнови својата кариера со екипата, победувајќи на Трката Џила во 2013 година и забележал завршници меѓу првите десет на трите најголеми американски трки, Трката околу Јута (6.), Трката околу Калифорнија (9.) и САД Про Сајклинг Челинг (10.).

Тим Скај (2013-2018)

уреди

Подоцна, Дејгнан објавил во 2014 година ќе вози за Тим Скај.[19] Возел на Џиро д’Италија која започнала во Белфаст и одела до Даблин на воведните етапи. Дејгнан го повел Скај на Трката околу Полска, завршувајќи седми. Исто така, возел на Вуелта а Еспања, каде му помогнал на Крис Фрум да заврши втор.

Во ноември 2018 година, Дејгнан го објавил своето повлекување од професионалниот велосипедизам.[1]

Личен живот

уреди

Дејгнан се оженил со друмската велосипедистка Лизи Армитстид на 17 септември 2016 година.[20]

Достигнувања

уреди
2003
7. Национално друмско првенство
2004
2. Национално друмско првенство под 23 години
4. Национално друмско првенство
2005
1. Тур ду Дубс
5. Европско друмско првенство под 23 години
9. Светско друмско првенство под 23 години
2009
7. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон
8. Џиро дел Мендрисиото
9. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 18
10. Краен пласман Вуелта а Бургос
2013
1.   Краен пласман Тур Џила
1.   Планински пласман
2. Краен пласман Тур де Бос
6. Краен пласман Трка околу Јута
9. Краен пласман Трка околу Калифорнија
10. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
2014
7. Краен пласман Трка околу Полска
2015
5. Краен пласман Тур де Јоркшир

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
  Џиро 79 56 47 43 СО 37
  Тур
  Вуелта 71 9 СО 39

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Philip Deignan retires after 14-year professional career“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 27 ноември 2018. Посетено на 5 јануари 2019.
  2. Првиот велосипедски вкус на Дејгнан[мртва врска]
  3. „Town honours Paddy Delap“. Donegal Democrat. 15 мај 2014. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 15 мај 2014.
  4. „Дејгнан трет на претпоследната етапа на Џиробио“. irishcycling.com. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 22 јули 2007.
  5. „Дејгнан блескаше на планинската етапа на Џиробио“. irishcycling.com. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 22 јули 2007.
  6. „Прва професионална победа за Дејгнан“. Irishcycling.com. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 22 јули 2007.
  7. „Дејгнан деветти на Светското друмско првенство под 23 години“. cyclingnews.com. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 22 јули 2007.
  8. „Објавен ирскиот состав за Светските првенства“. irishcycling.com. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 22 јули 2007.
  9. http://www.rte.ie/sport/olympics2008/deignanp.html[мртва врска] RTÉ Sport: Irish Olympic Team – Philip Deignan
  10. BBC Sport: Beijing biker
  11. „Мењшов победи на Вуелта а Еспања, Дејгнан 71. во генералниот пласман“. Irishcycling.com. Архивирано од изворникот на 2007-10-11. Посетено на 24 септември 2007.
  12. „Дејгнан освои Гранд Тур етапа“. Irish Times. 18 септември 2009. Посетено на 20 септември 2009.
  13. Дејгнан на пат кон првите 10 Архивирано на 26 септември 2009 г., RTÉ News, 18 септември 2009
  14. Историска победа за Дејгнан во Шпанија, RTÉ News, 17 септември 2009
  15. Ирскиот состав за Светското првенство 2009 Архивирано на 14 септември 2009 г., Cycling Ireland, 10 септември 2009
  16. Филип Дејгнан потпиша за РадиоШек, Cyclingnews, 12 октомври 2010
  17. „Cycling: Relieved Deignan joins Armstrong's Radioshack team“. Irish Independent. 12 октомври 2010. Посетено на 12 октомври 2010.
  18. Фратини, Кирстен (23 септември 2011). „Мекартни и Дејгнан се приклучија на ЈунајтедХелткер во 2012“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 4 јануари 2012.
  19. Вин, Најџел (6 септември 2013). „Филип Дејгнан потпиша со Тим Скај за 2014 година“. Cycling Weekly. IPC Media. Посетено на 7 септември 2013.
  20. Џек, Џим (19 септември 2016). „Crowds cheer on Lizzie Armitstead as she marries fellow cyclist Philip Deignan“. Wharfedale Observer.

Надворешни врски

уреди