Оливер Цауг

швајцарски велосипедист

Оливер Цауг (германски: Oliver Zaugg; р. 9 мај 1981) — поранешен швајцарски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2004-2016 година.

Оливер Цауг
Лични податоци
Цело имеОливер Цауг
Роден9 мај 1981 (1981-05-09) (39 г.)
Лахен,  Швајцарија
Висина1,70 м
Маса56 кг
Податоци за клубот
Мом. клубПензиониран
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпецијалист за искачување
Професионални клубови
2004–2006
2007–2008
2009–2010
2011–2012
2013–2015
2016
Соние Дувал-Продир
Геролштајнер
Ликвигас
Леопард Трек
Тим Саксо-Тинкоф
ИАМ Сајклинг
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
1 ТТТ етапа (2011)

Еднодневни трки и класици

Џиро ди Ломбардија (2011)

КариераУреди

Цауг ја освоил првата поголема трка во 2011, Џиро ди Ломбардија.[1] Нападнал на искачувањето Вила Вергано на 10 километри пред целта, упатувајќи се сам кон победа. Бил следен неумоливо од водечката група, но не го достигнале. Ја поминал целта со предност од 15 секунди пред најблискиот ривал, Даниел Мартин од Гармин-Сервело.[2] Во 2012 се обидел да ја обрани титулата на Џиро ди Ломбардија и покажал добар резултат, завршувајќи во групата зад победникот на осмото место, откако Хоаким Родригес (Катјуша) ја освоил трката.[3]

Цауг го напуштил РадиоШек-Нисан на крајот на сезоната 2012 и потпишал со Тим Саксо-Тинкоф за сезоната 2013.[4] По три сезони, во октомври 2015 година се согласил да се приклучи во ИАМ Сајклинг за 2016 година.[5]

ДостигнувањаУреди

2006
7. Краен пласман Рута дел Сол
8. Тур д’Емилија
2008
8. ГП Кантон Аргау
2010
1. Етапа 1b (ТТТ) Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
4. Краен пласман Вуелта а Бургос
2011
1. Џиро ди Ломбардија
8. ГП Бруно Бегели
9. Тур д’Емилија
2012
8. Џиро ди Ломбардија
2014
7. Трка околу Австрија

Распоред на резултатите на големите тркиУреди

Голема трка 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
  Џиро 46 СО СО СО 56
  Тур
  Вуелта 15 11 70 50 WD 37 23

СО = се откажал; — = не учествувал

НаводиУреди

  1. "Оливер Цауг ја заработи својата прва голема победа во Џиро ди Ломбардија". Universal Sports. Associated Press. 15 октомври 2011. Посетено на 15 октомври 2011.
  2. Даниел Фрибе (15 октомври 2011). "Цауг сам до победа во Ломбардија". Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 17 август 2012.
  3. Даниел Бенсон (29 септември 2012). "Родригес победи на Џиро ди Ломбардија". Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 1 октомври 2012.
  4. "Победникот на Џиро ди Ломбардија 2011 во Саксо Банк-Тинкоф Банк". VeloNation. VeloNation LLC. 20 септември 2012. Посетено на 20 септември 2012.
  5. "Transfer news: Rowney signs for Orica-AIS". Сyclingnews.com. 6 октомври 2015. Посетено на 8 октомври 2015.

Надворешни врскиУреди