Александар Колобнев
Александар Василевич Колобнев (руски: Александр Васильевич Колобнев[2]; р. 4 мај 1981 во Викса, Руска СФСР) — руски професионален друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата Катјуша-Алпесин.[3] Колобнев бил член на екипата,[4] пред да биде привремено суспендиран откако се покажал позитивен на тест за допинг.[5] Тој бил прогласен за чист од наметнатиот допинг од Арбитражниот суд за спорт во февруари 2012,[6] и се вратил во Катјуша во март 2012.[3]
Колобнев во 2011 | ||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Александар Василевич Колобнев | |||||||||||||||||||||||
Роден | 4 мај 1981 Викса, Советски Сојуз | |||||||||||||||||||||||
Висина | 1,74 м | |||||||||||||||||||||||
Маса | 64 кг | |||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за класици[1] | |||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||
2002 2003–2004 2005–2006 2007–2009 2010–2011 2012–2015 | Аква е Сапони-Кантина Толо Домина Ваканце Рабобанк Тим ЦСЦ Катјуша Катјуша | |||||||||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||
Последна промена 24 јануари 2016 |
Кариера
уредиПрвата година како професионалец во 2002 ја поминал со Аква е Сапони-Кантина Толо. Во втората сезона потпишал со Домина Ваканце. Таму ја освоил својата прва победа на етапата 2 на Сетимана Сиклистика Копи-Бартали. Останал со Домина Ваканце до сезоната 2004 кога потпишал со UCI ProTeam екипата Рабобанк. Со Рабобанк успеал да ја освои првата етапа Вуелта а ла Комунидад Валенсијана во 2006. За сезоната 2007 се префрлил во Тим ЦСЦ, сега позната како Саксо Банк, освојувајќи ја третата етапа на Париз-Ница и втор на Светските друмски првенства UCI.
Колобнев завршил четврти на друмската трка на Олимписки игри 2008. Подоцна, второпласираниот и сребрен медалист Давиде Ребелин се покажал позитивен на допинг тестовите, предизвикувајќи МОК да му го одземен сребрениот медал. Со тоа UCI го сместил Колобнев на третото место во поредокот на трката, а бронзениот медал му бил доделен во јануари 2010.[7]
Тој живее во Денија, Шпанија со неговата жена Дарија и двајцата синови, Давид и Александер.
На Тур де Франс 2011 се покажал позитивен на диуретикот хидрохлортиазид, агент кој може да го сокрие присуството на дроги и лекови во организмот. Потоа бил повлечен од трката од неговата екипа,[8][9] и неговите резултати за таа етапа биле поништени.[10] И покрај тоа што и неговиот Б примерок исто така се покажал позитивен, тој добил казна само од руската велосипедска федерација.[11] Меѓутоа, оваа одлука подоцна била обжалена од UCI до CAS, каде бил прогласен за невин по сите обвиненија на 29 февруари 2012.[12] Колобнев му се приклучил на Катјуша во март 2012.[3]
Во 2012, Меѓународниот велосипедистички сојуз покренал истрага за Колобнев и казахстанскиот возач Александар Винокуров поради обвинувањата од швајцарскиот весник L’lllustre и италијанскиот весник Corriere della Sera. Го обвиниле Винокуров за склопен договор со Колобнев во 2010 со цел да му помогне на Винокуров да победи на Лиеж-Бастон-Лиеж. Биле обвинети дека размениле 150 илјади евра. Истрагата на UCI сè уште е во тек.[13]
Достигнувања
уреди- 2003
- 1. Етапа 2 Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
- 2. Џиро дел’Емилија
- 2004
- 1. Национално друмско првенство
- 1. Најдобар млад возач Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
- 10. Олимписка друмска трка
- 2005
- 7. Светски друмски првенства UCI
- 2006
- 1. Етапа 1 Вуелта а ла Комунидад Валенсијана
- 2007
- 1. Монте Паски Ероика
- 1. Етапа 3 Париз-Ница
- 1. Етапа 2 (ТТТ) Трка околу Германија
- 2. Светски друмски првенства UCI
- 2008
- 2. Класика де Сан Себастијан
- 3. Џиро дел’Емилија
- 3. Олимписка друмска трка
- 2009
- 2. Светски друмски првенства UCI
- 2. ГП Мигел Индураин
- 3. Џиро ди Ломбардија
- 3. Краен пласман Тур де Валони
- 4. Краен пласман Трка околу Ирска
- 6. Амстел Голд Рејс
- 9. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 2010
- 1. Национално друмско првенство
- 2. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 3. ГП Мигел Индураин
- 4. Џиро дел’Емилија
- 7. Светски друмски првенства UCI
- 2011
- 2. ГП Мигел Индураин
- 5. Амстел Голд Рејс
- 2012
- 3. Гран при Монтреал
- 4. Краен пласман Трка околу Полска
- 2013
- 3. Краен пласман Тур де Валони
- 1. Етапа 1
- 3. Тре Вали Варезине
- 7. Страде Бјанке
- 9. Копа Уго Агостони
- 2014
- 7. ГП Мигел Индураин
- 10. ГП Кантон Аргау
Распоред на резултатите на Гранд Тур
уредиГранд Тур | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | 21 | 71 | СО | — | — | — | — | — | — | — | — |
Тур | — | — | — | — | — | 65 | СО | — | — | — | — |
Вуелта | 54 | — | 51 | 40 | 31 | 29 | — | — | — | 40 | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ „Александар Колобнев“. Катјуша. Katusha Management SA. Архивирано од изворникот на 2013-06-27. Посетено на 23 август 2013.
- ↑ 1, 2 Архивирано на 31 октомври 2017 г.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Александар Колобнев ѝ се приклучува на екипата Катјуша“. Катјуша. Katusha Management SA. 28 март 2012. Архивирано од изворникот на 2012-03-26. Посетено на 28 март 2012.
- ↑ „Александар Колобнев потпишал за Тим Катјуша“. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 2012-09-11.
- ↑ „Тур де Франс - Прв возач паднал на тестот за допинг“. Eurosport. Yahoo!. Reuters. 11 јули 2011. Архивирано од изворникот на 2012-09-21. Посетено на 12 јули 2011.
- ↑ Најџел Вин. „Александар Колобнев исчистен од допинг од CAS“. Cycling Weekly.
- ↑ Колобнев сè уште чека за олимписката бронза
- ↑ „Press release: Adverse Analytical Finding for Kolobnev“. Union Cycliste Internationale. 11 јули 2011. Архивирано од изворникот на 2012-04-02. Посетено на 12 јули 2011.
- ↑ „Kolobnev Tour de France's first doping case“. Cycling News. Бат, Сомерсет, Велика Британија: Future Publishing Limited. 11 јули 2011. Архивирано од изворникот на 2011-07-14. Посетено на 12 јули 2011.
- ↑ „Sanctions, Period of Ineligibily, Disqualification“. UCI. Посетено на 11 јануари 2012.
- ↑ „Kolobnev Not With Katusha In 2012“. Cyclingnews.com. Посетено на 2011-12-20.
- ↑ Александар Колобнев избегна допинг забрана, но казнет со 1.040 фунти
- ↑ „Vinokourov summoned to UCI regarding his Liege-Bastogne-Liege victory“. Tengrinews.kz English. 6 ноември 2012. Посетено на 13 јануари 2013.
Надворешни врски
уреди„Александар Колобнев“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Александар Колобнев“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Александар Колобнев“. Cycling Quotient.
- Александар Колобнев на Trap-Friis.dk