Славица Гаџова Свидерска

Славица Гаџова Свидерска родена во 1984 во Битола — македонски поет, преведувач, есеист, теоретичар на книжевноста, доктор на филолошки науки.

Славица Гаџова Свидерска
Занимањепоет, преведувач, есеист, книжевен теоретичар
Државјанствомакедонско
ОбразованиеФилолошкиот факултет „Блаже Конеки“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Биографија

уреди

Славица Гаџова Свидерска живее и работи во Битола. Докторирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конеки“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Се занимава со проучување на односите меѓу книжевноста, дискурсите на моќта и политичкото насилство.

Нејзината поезија е преведувана на англиски, кинески, бугарски, српски, хрватски, босански, чешки, словачки, турски и албански јазик.

Член е на Друштвото на писатели на Македонија, главен уредник на издавачката куќа „Восток“.

Дела

уреди
  • „Бесконечност“ (2001);
  • „Писма“(2012);
  • „Политики на љубовта“ (2015);
  • „Тела“(2016).

Авторка е и на научните монографии:

  • „Книжевноста и дискурсите на моќта“ (2013);
  • „Книжевноста и политичкото насилство“ (2018); како и книжевно-филозофските есеи „За смислата и за апсурдот“ (2017)[1].

Награди

уреди

Наводи

уреди
  1. http://vostok.mk/2017/08/15/-2/[мртва врска]
  2. „Наградата „Антево перо" за 2022 за стихозбирката „Куќа" од Јулијана Младеновска Тешија“. А1. 26.09.2022. Посетено на 5 јануари 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. „Награда „Лирата на Орфеј" за поетесата Славица Гаџова Свидерска на поетскиот фестивал во Пловдив“. ММС. 16.05.2019. Архивирано од изворникот на 2023-01-26. Посетено на 26 јануари 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)