Птици

(Пренасочено од Птица)
Птици

Птици (науч. Aves) — двоножни топлокрвни животни чија главна карактериситка се пердуви на телото, предни екстремитети изменети во крила и шупливи коски. Тие претставуваат пердувести тероподни диносауруси и денес ги сочинуваат единствените живи диносауруси.

Птици
Период: доцна јура–денес
Претставници на 18 од речиси 30 реда на птици
Научна класификација [ у ]
Класа: Птици
Linnaeus, 1758[1]
Поткласи

и во текстот

Птиците се среќаваат во различни големини: од ситните колибри до огромните емуа и ноеви. Од таксономска гледна точка, постојат околу 8.800 до 10.200 видови на живи птици (како и околу 120 до 130 кои се веќе исчезнати) во светот, што ги прави најраспространетата класа на копнени ‘рбетници.

Птиците се хранат со нектар, растенија, семиња, инсекти, риби, или со други птици. Повеќето птици се активни во текот на денот. Некои птици, како бувот на пример, се активни во текот на ноќните (поточно самрачни) часови. Многу птици се селат на долги растојанија за да живеат во еднакви услови. Некои пак, го поминуваат скоро целиот свој живот до морето.

Карактеристични белези за птиците се коскен клун без заби, несењето и инкубацијата на цврсти, варовнички јајце-клетки, висок степен на метаболизам, и лесен, но цврст скелет. Повеќето птици летаат, иако некои од нив, како тркачките птици и неколку други видови кои живеат претежно на островите ја загубиле оваа способност. Во нелетачки птици спаѓаат и пингвините, ноевите, кивите и исчезнатите додоа. Нелетачките птици се изложени на опасност од истребување ако луѓето или некои други цицачи се населат во нивното живеалиште, односно биотоп. На пример, моата од Нов Зеланд е истребена како резултат на човековото влијание.

Птиците се меѓу најпроучуваните животински групи. Стотици академски журнали и илјадници научници се посветени на истражувањето на птиците, додека бројката на аматерските ентузијасти (птичари) се искачува и до милиони.

Морфологија и анатомија

уреди
 
Морфологија на малабарската калуѓерка (Vanellus malabaricus): 1 клун, 2 теме, 3 очен прстен, 4 око, 5 плашт, 6-11 пера на крилата, 12 долни скриени пера, 13 бедро, 14 писконожен зглоб, 15 ножје (tarsus), 16 прсти, 17 писка (tibia), 18 стомак, 19 бокови, 20 гради, 21 образ, 22 подбрадок, 23 очна лента.

Скелетно-мускулен систем

уреди

Предниот пар на екстремитети (крила) е наменет за летање; задниот е изменет на различни начини во зависност од птицата. Некои се приспособени за пливање, некои за трчање, а некои за активно движење по копното. Градната коска е огромна и поседува гребен за кој се прикачени мускулите за летање.

Дигестивен систем

уреди

Системот за варење кај птиците започнува со клун (уста без заби) и затоа ја голтаат храната, која потоа оди во грлото. Од грлото храната продолжува во хранопроводот, кој во средината има едно проширување наречено бапка, каде храната се собира и омекнува. Потоа храната се спушта во жлездестиот желудник, при што се натопува со сокови богати со ензими (ферменти). Вака натопената и омекната храна оди во мускулестиот желудник, каде се ситни со помош на неговите јаки мускули и каменчињата што птиците ги голтаат заедно со зрнестата храна. Желудникот однатре е обложен со рожна лушпа, која го заштитува од механички повреди при мелењето на храната. Вака омекнатата и иситнета храна преминува во цревото каде се доварува потпомогната од цревните сокови, соковите од панкреасот и жолчниот сок од црниот дроб. Сварените органски материи се впиваат низ цревниот ѕид, а несварените се исфрлаат преку аналниот отвор. Задниот дел на цревото е проширен и е наречен клоака.

Циркулаторен систем

уреди

Птиците имаат четирикоморно срце кое целосно ја одделува оксидираната од редуцираната крв. Птиците се топлокрвни; како и цицачите, тие се способни да одржуваат постојана внатрешна температура од 40°С. Плаценталните цицачи одржуваат температура од 37°С, додека кај повеќето торбари таа изнесува 35°С.

Респираторен систем

уреди

Респирацијата е ефикасна бидејќи лобуларните бели дробови се поврзани со воздушни торби. Тие се полнат со воздух за време на вдишувањето. Потоа воздухот се ослободува од воздушните торби кога птицата издишува - ова значи дека птицата добива кислород за време на вдишувањето и издишувањето. Друга придобивка од воздушните торби е дека шупливите коски полни со воздух го олеснуваат телото и го потпомагаат летањето.

Екскреторен систем

уреди

Птиците, како и некои други животни, екскретираат мочна киселина. Влекачите и птиците ја елиминираат мочната киселина со нивниот фецес. Белиот материјал кој се гледа во птичјите екскременти е мочната киселина. Таа не е многу токсична и не е многу растворлива во вода. Затоа, екскрецијата на метаболити во форма на мочна киселина заштедува вода, бидејќи може да се произведе во концентрирана форма поради својата мала токсичност. Како резултат на тоа што мочната киселина е релативно нерастворлива и нетоксична, таа може да се акумулира во јајцата без притоа да ги оштети ембрионите. За синтезата на мочната киселина е потребно повеќе енергија отколку за синтеза на уреа. Не постои мочен меур кај птиците.

Имунолошки систем

уреди

Овој систем кај птиците најчесто се состои од лимфни садови и лимфоидно ткиво. Првични имунолошки ткива се тимусот сместен во вратниот регион долж југуларната вена, како и Фабрициусната торба сместена до клоаката. Вторични лимфатични органи и ткива се слезената, коскената срцевина, муралните лимфни јазолчиња и јазли. Постои и лимфен систем од садови и капилари кои ја пренесуваат лимфата низ телото на птицата и се поврзани со крвоносниот систем. Постојат три главни типови на имун одговор кај птиците; специфичен, кој се состои од хуморални и клеточно-посредувани одговори и неспецифичен. За хуморалните и клеточно-посредувани одговори потребен е процесуиран антиген за да се стимулира одговорот, кој се состои од создавање на специфично антитело за секој одделен антиген. Неспецифичниот имунитет одговара на сите антигени. В лимфоцитите (кои се произведуваат во Фабрициусната торба) се поврзани со хуморалниот одговор, додека Т лимфоцитите (кои се создаваат во тимусот) се поврзани со клеточно-посредуваниот одговор. Макрофагите, хетерофилите и тромбоцитите се основните клетки кои се вклучени во неспецифичниот имун одговор.

Нервен систем и сетила

уреди

Птиците поседуваат добро развиен черепен мозок, но неговиот зголемен дел изгледа дека е областа одговорна за инстинктивното поведение. Според ова, птиците имаат точно одредени начини на преселба и гнездење.

Кожа

уреди

Кожата на птиците е тенка, нежна и сува. Од кожните жлезди се развиле само лојните жлезди познати како тртна жлезда, која се наоѓа во основата на опашката.Таа лачи масни материи за подмачкување на перјето. Кожата на птиците е покриена со перја - рожни творби кои се различнипо боја, форма и големина. Нивната улога е заштитна, ја одржуваат постојаната топлина на телото. Нозете на птиците се покриени со рожни лушпи. Прстите завршуваат со нокти или канџи. Устата им е преобразена во клун исто така од рожна материја.

Систематика

уреди

Птиците образуваат класа чиешто научно име е Aves. Првичните видови на класата Aves веројатно живееле во периодот Јура.

Според најновиот консензус, класата птици и нејзината сестринска група, редот Кокодили (Crocodilia), заедно формираат група со неименувано и сѐ уште непознато ниво - архосаури (Archosauria).

Сите денешни постоечки птици се дел од поткласата Neornithes. Една од можните систематизации на класата Aves е онаа на Џејмс Клементс која е ревидирана од страна на Сибли-Монро. Во списокот на птици е дадена поподробна обработка на редовите на птици, вклучувајќи ги и фамилиите.

Поткласа Neornithes
Оваа поткласа се состои од два надреда -

Надред старовилични (Paleognathae):

Името на овој надред е изведено од paleognath, старогрчки збор за "стари вилици", што се однесува на палатната коска за која се смета дека е попримитивна и блиска до онаа на влекачите. Тука припаѓаат главно нелетачки птици. Paleognathae се состои од два реда кои се состојат од 49 постоечки видови.

Надред нововилични (Neognathae):

Надредот Neognathae (нововилични) се состои од 27 реда кои имаат близу десет илјади видови. Тие се нашироко распространети. Неогнатите подлегле на адаптивно распространување со што дале извонредна разновидност од облици, функции и поведение кое го гледаме и денес.

Редовите кои го градат Neognathae се:

 

Птиците како тема во уметнота и популарната култура

уреди

Птиците се јавуваат како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.

Птиците како тема во книжевноста

уреди

Птиците како тема во поезијата

уреди
  • „Црно пиле црно просо зобно“ — македонска народна песна.[2]
  • „Птицо на смртта“ — песна на арапскиот поет Антара.[3]
  • „Децата и птиците“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[4]
  • „Ги чекам птиците“ — песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2015 година.[5]
  • „Песната на чучулигата“ — поетска збирка на Григор Витез.[6]
  • „Името на царевата птица“ — песна за деца на Григор Витез.[7]
  • „Кај што има сила — правдина нема“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[8]
  • „Птица“ — песна на југословенскиот поет Мак Диздар.[9]
  • „Не им верувам на птиците...“ — краток расказ (без наслов) на македонскиот писател Благоја Иванов.[10]
  • „Сината птица“ — песна на македонскиот поет Славко Јаневски.[11]
  • „Бели птици“ (англиски: The White Birds) — песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.[12]
  • „Галеб“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[13]
  • „Клукајдрвец“ — песна на Блаже Конески.[14]
  • „Сокол“ — песна на Блаже Конески.[15]
  • „Ластовици“ — песна на Блаже Конески.[16]
  • „Ластовици“ — песна на Блаже Конески од 1988 година.[17]
  • Птици над рудини“ — поетска збирка на македонскиот писател Васил Куноски од 1984 година.
  • „Чук-чук“ — песна на Васил Куноски.[18]
  • „Ластовиче долета“ — песна на Васил Куноски.[19]
  • „Дроздови“ — песна на рускиот писател Борис Пастернак.[20]
  • „Кос“ — песна на македонскиот писател Видое Подгорец.[21]
  • „Чучулига“ — песна на Видое Подгорец.[22]
  • „Адвокат“ — песна на Видое Подгорец.[23]
  • „Овие ангели, риби и птици“ — поетски циклус на рускиот поет Андреј Пољаков.[24]
  • „Птици, сенки“ — песна на полскиот поет Јулијан Пшибош.[25]
  • „Лошо дело“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[26]
  • „Есенски разговор“ — песна на Живко Ризовски од 1995 година.[27]
  • „Птицата, морето детето...“ — песна на Живко Ризовски од 1995 година.[28]
  • „Жална вест“ — песна на Живко Ризовски од 1995 година.[29]
  • „Молба“ — песна на македонскиот писател Бошко Смаќоски.[30]
  • „Една птица златара“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.[31]
  • „Кавгата на убавите птици“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.[32]
  • „Населбата на птиците“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.[33]
  • „Ждрал“ — песна на рускиот поет Велимир Хлебников.[34]
  • „Разговор со ќосот“ — песна на хрватскиот поет Добрица Цесариќ.[35]
  • „Враќањето на птиците селици“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[36]

Птиците како тема во прозата

уреди

Птиците како мотив во музиката

уреди
  • Ластовица — македонска музичка група.
  • Структурни птици (хрватски: Strukturne ptice) — хрватска рок-група од 1980-тите.[66]
  • „Биљбило пее по росата“ — македонска народна песна.[67]
  • „Кога летаат фазаните“ (хрватски: Kad fazani lete) — песна од истоимениот музички албум на хрватската група Азра (Azra) од 1983 година.[68][69]
  • „Одлични птици“ (англиски: Excellent Birds) — песна на американската музичарка Лори Андерсон (Laurie Anderson) од 1984 година.[70]
  • „Пилето“ — песна на македонската група Баклава од 2008 година.[71]
  • „И твојата птица може да запее“ (англиски: And your bird can sing) - песна на англиската рок-група Битлси (The Beatles) од 1966 година.[72]
  • „Кос“ (англиски: Blackbird) — песна на Битлси од 1968 година.[73]
  • „Дождовни птици“ (англиски: Rainbirds) — песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1983 година.[74]
  • „Сина птица“ (англиски: Bluebird') — песна на американската рок-група Бафало Спрингфилд (Buffalo Springfield) од 1967 година.[75]
  • „Пластична птица“ (англиски: Plastic Bird) — песна на американската рок-група Galaxy 500 од 1989 година.[76]
  • „Добра летачка птица“ (англиски: A Good Flying Bird) — песна на американската рок-група Guided By Voices од 1995 година.[77]
  • „Американски дроздови“ (англиски: Mockingbirds) — песна на американската рок-група Grant Lee Buffalo од 1994 година.[78]
  • „Златни птички“ (англиски: Golden Birdies) — песна на американскиот рок-музичар Captain Beefheart од 1972 година.[79]
  • „Птици“ (англиски: Birds) — песна на канадскиот рок-музичар Нил Јанг (Neil Young) од 1970 година.[80]
  • „Три пиленца“ (англиски: Three Little Birds) — песна на јамајската реге-група Bob Marley & The Wailers од 1974 година.[81]
  • „Слатка птица“ (англиски: Sweet Bird) — песна на канадската поп-музичарка Џони Мичел (Joni Mitchell) од 1975 година.[82]
  • „Забрането за птици“ (англиски: No Birds) — песна на британската рок-група ПИЛ (Public Image Ltd.) од 1979 година.[83]
  • „Барам птица“ (англиски: Looking for Bird) — песна на австралиската поп-рок група Mental As Anything од 1981 година.[84]
  • „Ова е сликата (Одлични птици)“ (англиски: This Is The Picture (Excellent Birds)) — песна на британскиот пејач Питер Гебриел (Peter Gabriel) од 1986 година.[85]
  • „Измачена стара птица“ (англиски: Battered Old Bird) — песна на британскиот рок-музичар Елвис Костело (Elvis Costello) од 1986 година.[86]
  • „Крал на птиците“ (англиски: King of Birds) песна на американската рок-група Р.Е.М. (R.E.M.) од 1987 година.[87]
  • „Како птица на мојата дланка“ (српски: Kao ptica na mom dlanu) — песна на српската и југословенска група Пилоти.[88]
  • „Птица во дланката“ (англиски: A bird in the hand) — песна на американскиот рапер Ајс Кјуб (Ice Cube) од 1991 година.[89]
  • „Девојка-птица“ (англиски: Bird girl/Bird gerhl) — песна на музилката група Ентони енд д Џонсонс (Anthony and the Johnsons) од 2005 година.[90]
  • „Сега сум птица“ (англиски: I am a bird now) — музички албум на Ентони енд д Џонсонс од 2005 година.
  • „Канаринка“ (англиски: Canary) песна на американската рок-музичарка Лиз Фер (Liz Phair) од 1993 година.[91]
  • „Утринска птица“ (англиски: Morning Bird) — песна и албум на британската пејачка Шаде (Sade) од 2010 година.[92]

Птиците како тема во филмот

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Brands, Sheila (14 август 2008). „Systema Naturae 2000 / Classification, Class Aves“. Project: The Taxonomicon. Посетено на 11 јуни 2012.
  2. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 81.
  3. Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 14.
  4. Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 8.
  5. Ана Бунтеска, Стави лајк на сопствениот живот. Скопје: Матица Македонска, 2015, стр. 154-155.
  6. „Хронологија“ во: Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 160.
  7. Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 50-53.
  8. Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 13-15.
  9. Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 58.
  10. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 42.
  11. Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 43-44.
  12. Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 62.
  13. Блаже Конески, 'Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 19.
  14. Блаже Конески, Црн овен. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 37.
  15. Блаже Конески, Црн овен. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 38.
  16. Блаже Конески, 'Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 40.
  17. Блаже Конески, Црква. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 50.
  18. Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 83.
  19. Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 84.
  20. Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 239-240.
  21. Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 51.
  22. Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 59.
  23. Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 70.
  24. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 258.
  25. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 94.
  26. Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 19.
  27. Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 26.
  28. Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 36.
  29. Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 44.
  30. Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 20.
  31. Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 28.
  32. Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000, стр. 27.
  33. Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000, стр. 44.
  34. Велимир Хлебњиков, Краљ времена Велимир I. Просвета: Београд, 1964, стр. 168-175.
  35. Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 33.
  36. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 118.
  37. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 168-170.
  38. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 301-303.
  39. Мађарске бајке. Београд: Народња књига, 1974, стр. 89-91.
  40. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 16.
  41. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 34.
  42. Драган Мишкоски, „Разговор за делото „Игра на прозорецот“ од Генади Болиновски“, во: Генади Болиновски, Игра на прозорец, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1990, стр. 79.
  43. Генади Болиновски, Игра на прозорец, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1990, стр. 63-76.
  44. Дозгулпмус, Тритонус, Темплум, Скопје, 2008.
  45. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 74.
  46. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 122.
  47. Неџати Зекирија, Орхан. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 40.
  48. Неџати Зекирија, Орхан. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 64-65.
  49. Неџати Зекирија, Орхан. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 81-82.
  50. Farid al-Din, The Conference of the Birds. Penguin Classics, 1984.
  51. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 113.
  52. Italo Kalvino, Kosmikomike: stare i nove. Beograd: Paidea, 2008, стр. 203-212.
  53. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 172.
  54. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 9.
  55. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 147-158.
  56. Летаат приказни. Скопје: Темплум, 2019, стр. 26-27.
  57. Роберт Алаѓозовски, „Последниот писателски бард“, Економија и бизнис, година 16, број 182, август 2013, стр. 86-87.
  58. Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 13.
  59. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 305-309.
  60. Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 21-23.
  61. 61,0 61,1 Жанета Станоевска, Луѓе, птици и сеништа: Збирка раскази, Темплум, Скопје, 2011.
  62. Клеопатра - балет на Василиј Медведев (Русија) - светска премиера. Скопје: Македонска опера и балет, 2016, стр. 22.
  63. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 17.
  64. Карел Чапек, Раскази од другиот џеб, Темплум, Скопје, 2012.
  65. Bruno Šulc, Cimetaste prodavnice. Beograd: Paidea, 2015, стр. 21-25.
  66. Strukturne Ptice (пристапено на 8.7.2023)
  67. Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 117.
  68. Amazon.co.uk, AZRA - Kad fazani lete, Album 1983 (CD) (пристапено на 12.1.2017)
  69. Discogs, Azra (3) ‎– Kad Fazani Lete (пристапено на 18.12.2021)
  70. YouTube, Laurie Anderson - Excellent Birds (посетена на 27.11.2019)
  71. Baklava, Kalemar, SJF Records 124, 2008.
  72. YouTube, and your bird can sing (beatles) (пристапено на 4.2.2017)
  73. DISCOGS, The Beatles ‎– The Beatles (пристапено на 27.6.2019)
  74. DISCOGS, Tom Waits ‎– Swordfishtrombones (пристапено на 25 септември 2021)
  75. DISCOGS, Buffalo Springfield ‎– Buffalo Springfield Again (пристапено на 21.12.2018)
  76. Discogs, Galaxie 500 ‎– On Fire (пристапено на 8.11.2022)
  77. Discogs, Guided By Voices – Alien Lanes (пристапено на 20.3.2023)
  78. AllMusic, Mighty Joe Moon (пристапено на 11.11.2022)[мртва врска]
  79. Captain Beefheart - Golden Birdies - YouTube (пристапено на 3.3.2016)
  80. Neil Young – After The Gold Rush (пристапено на 25.11.2023)
  81. Bob Marley & The Wailers – Exodus (пристапено на 9.4.2023)
  82. Joni Mitchell – The Hissing Of Summer Lawns (пристапено на 26.4.2023)
  83. YouTube, Public Image Ltd. – Metal Box (FULL ALBUM | HQ SOUND) (пристапено на 29.5.2017)
  84. YouTube, Mental As Anything - Looking for Bird (пристапено на 6.7.2017)
  85. YouTube, Peter Gabriel - This Is The Picture (Excellent Birds) (пристапено на 19.5.2017)
  86. DISCOGS, Elvis Costello And The Attractions* ‎– Blood & Chocolate (пристапено на 19.3.2018)
  87. DISCOGS, R.E.M. ‎– Document (пристапено на 22.8.2019)
  88. YouTube, Piloti - Kao ptica na mom dlanu (lyrics) (пристапено на 27.12.2016)
  89. YouTube, Ice Cube - Death Certificate (1991) (FULL ALBUM) (пристапено на 9.3.2017)
  90. YouTube, Antony & The Johnsons - Bird Girl / Bird Gerhl (пристапено на 22.12.2016)
  91. Discogs, Liz Phair ‎– Exile In Guyville (пристапено на 30.9.2019)
  92. YouTube, Sade - Morning Bird (music video) (пристапено на 19.1.2017)