Петко Дабески — (15 октомври 1939 во Волковија, Тетовско) — македонски поет.[1]

Животопис

уреди

По образование е дипломиран електроинжинер. Дипломирал на Белградскиот Универзитет во 1963, и околу три декади работи на тоа поле. Објавува од млади години – уште од 1955 година.

Библиографија

уреди

Дабески е автор на дваесетина поетски збирки, една книга со поетски огледи и две антологии. Поважни негови дела се:[2] [3]

  • Трет потег (Современост, 1982),
  • Слободен удар (Студентски збор, 1983),
  • Четврта координата (Македонска книга, 1987), (награда „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата)
  • Параболи (Култура, 1989),
  • Невестински ковчег (Наша книга, 1991),
  • Надвор од опитот (Култура, 1996),
  • Нешта над зборовите (Мисла, 1997),
  • Чувари на Калето (Феникс, 1998),
  • Не е се хаику (Студентски збор, 1999),
  • Покривка на зборовите (Македонска книга, 1999),
  • Наивности (2001)
  • Равенки на стварноста (2011).

Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[4]

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 421. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
  2. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 64.
  3. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 356.
  4. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 73-76.