Сања Михајловиќ-Костадиновска
Сања Михајловиќ-Костадиновска (Скопје, 1982) — македонска универзитетска професорка и писателка.
Животопис
уредиСања Михајловиќ-Костадиновска е родена во 1982, во Скопје. Докторирала на Универзитетот „Комплутенсе“ во Мадрид. Работи како доцент по шпанска книжевност на Катедрата за романски јазици и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.[1] [2] [3]
Творештво
уредиМихајловиќ-Костадиновска автор на книгата за деца „Сонувалко“ (Бегемот, 2019), како и на двете збирки со кратки раскази: „(Бес)конечни модели на расказот“ (2018) и „Во кратки црти“ (2021), сите три објавени од издавачката куќа „Бегемот“. Таа е добитничка е на повеќе награди за кратки раскази, како и наградата за најдобар дебитантски прозен ракопис, „Новите“ за 2015 (за нејзината новела „517“), што ја доделува издавачката куќа „Темплум“. Исто така, активно се занимава и со превод.[4] [5] Три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[6]
Наводи
уреди- ↑ Сања Михајловиќ-Костадиновска, Во кратки црти. Скопје: Бегемот, 2021.
- ↑ Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модлеи на расказот. Скопје: Бегемот, 2018.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 365.
- ↑ Сања Михајловиќ-Костадиновска, Во кратки црти. Скопје: Бегемот, 2021.
- ↑ Живко Грозданоски, „Во кратки црти за „Во кратки црти“ од Сања Михајловиќ-Костадиновска“, во: Сања Михајловиќ-Костадиновска, Во кратки црти. Скопје: Бегемот, 2021, стр. 62.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 278-280.