Жанета Станоевска
Жанета Станоевска (1955, Прилеп) — македонска писателка и преведувачка.
Животопис
уредиЖанета Станоевска е родена во 1955 година, во Прилеп, но во 1960 година се преселила во Скопје. Тука ги завршила основното и средното училиште, а во 1977 година дипломирала на Филозофскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на Катедрата за англиски јазик и литература. Од 1978 до 1996 година работела во Македонската радио-телевизија, во Редакцијата за обработка на туѓа програма, како преведувач на детски, документарни и играни филмови. Во 1996 година се вработила во Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, во како советник и преведувач во Одделението за меѓународни работи.
Творештво
уредиВо 1986 година, Станоевска станала член на Друштвото на литературните преведувачи на Република Македонија, со преводот на збирката раскази од Оскар Вајлд “Среќниот принц и други раскази”. Со своите куси раскази, во 2008 година Станоевска освоила една прва и две втори награди на конкурсот “Електролит” на издавачката куќа “Темплум”. Во 2011 година ја објавила збирката куси раскази со наслов “Луѓе, птици и сеништа: Збирка раскази”, во издание на “Темплум”.[1]
Наводи
уреди- ↑ Жанета Станоевска, Луѓе, птици и сеништа: Збирка раскази, Темплум, Скопје, 2011.