Лимфата е телесна течност кај човекот и вишите ‘рбетници која настанува од крвта. Нејзината улога е транспорт на поголемиот процент од липидите назад во циркулаторниот систем и срцето, како и улога во имунитетот. Таа се состои од лимфна плазма (всушност крвна плазма) и интерстициска течност.

Лимфа
Дијаграм на кој е прикажано создавањето на лимфата од ткивната течност
Податоци
Назнаки
Латинскиlympha
TAA12.0.00.043
FMAFMA:9671

Кога крвната плазма излегува од капиларите за да изврши размена на материи со клетките, околу 90% од неа по пат на осмоза се враќа назад, додека 10% преминуваат во лимфотокот, заедно со липидите. Притоа, крвната плазма се меша со интерстициската течност и се добива лимфата. Во лимфата се среќаваат и леукоцити.

Лимфата се формира од ткивната течност и циркулира низ посебен систем на садови наречени лимфни садови. Лимфниот систем започнува со лимфни капилари чии почеток е во ткивата. Тие формираат поголеми лимфни садови и на крај се влеваат во вените пред крвта да влезе во срцето.Лимфата е безбојна течност со сличен состав како крвната плазма во која има бели крвни клетки – леукоцити.Лимфата како и венската (редуцирана) крв има улога да ги пренесува непотребните штетни материи и јаглеродниот диоксид до органите за излачување и органите за дишење преку кои тие се исфрлаат надвор од организмот.