Мускулите се органи што учествуваат во најразличните движења на телото. Го сочинуваат активниот дел од локомоторниот апарат. Човечкото тело е составено од 327 парни и 2 непарни мускули. Заедно со коските и зглобовите го сочинуваат системот за движење. Масата на мускулите изнесува 45-50 % од вкупната телесна маса.

Основни својства на мускулите

уреди

Основни својства на мускулите се:

  • Еластичност- При дејство на некоја сила, мускулот ја зголемува својата должина, а при нејзино престанување се враќа во правобитната положба.
  • Надразливост- Способноста на мускулот да реагира на дразби се вика надразливост.
  • Спроводливост- Способноста да пренесува импулси и се вика спроводливост.
  • Контракнилност- Надразнет мускул реагира со контракција(скусување, издолжување, пауза).

Моторна единица

уреди

Секој мускул е инервиран од централниот нервен систем, од мотоневрони кои излегуваат од предните рогови на рбетниот мозок. Мотоневронот се разгранува и на тој начин инервира голем број на мускулни влакна. Спојот на мускул и мотоневронот од кој е инервиран се нарекува моторна единица.

Мускулни клеки и ткива

уреди

Постојат три видови на мускулни ткива изградени од мускулни клетки: напречно-пругасто, мазно и срцево

Напречно-пругастo

уреди

Должината на напречно-пругастите клетки варира од неколку милиметри до 30cm, а пречникот 10-500 микрони. Имаат повеќе јадра распоредени ексцентрично по периферијата на клетката. Се прикрепени за коските и се издолжени, цилидрични, со тапи завршетоци. Имаат голема брзина на контракција и работат по наша волја.

Мазнo

уреди

Ги формираат ѕидовите на внатрешните органи: желудник, црева и др. Се издолжени, вретеновидни, со заострени завршетоци.

 
Видови на мускулни ткива

Имаат бавна брзина на контракција, и работат без наша волја.

Срцевo

уреди

Ги формираат ѕидовите на срцевите празнини.Се издолжени, цилиндрчни, и градат мрежа(синцициум). Имаат средна брзина на контракција и работат без наша волја. По својата градба се слични со напречно пругастите, а по функцијата со мазните мускулни клетки.

Градба на мускул

уреди

Мускулите како органи се составени од две ткива: напречно-пругасто мускулно и мазно. Секоја мускулна клетка е обвиткана со сврзно ткиво наречено ендомизиум. Повеќе мускулни клетки образуваат мускулно снопче. Секое мускулно снопче е обвиткано со сврзно тхх дел (лат. venter). На краевите мускулот преминува во жилест дел, тетива (лат. tendo). Секоја тетива поминува во оформен мускулен дел, глава (лат. caput).

Градба на напречно-пругаста клетка

уреди

Поделба

уреди

Мускулите можат да се делат според формата, бројот на главите и местото во телото.

Поделба според формата

уреди

Мускулите се поделени на: долги, куси и плочести.

  • Долгите се наоѓаат на екстремитетите.
  • Кусите можат да бидат овални (лат. m.orbicularis) и кружни (лат m.sphincter). Ги има на отворите на телото.
  • Плочестите ги градат ѕидовите на стомакот и градите.

Поделба според бројот на главите

уреди

Според бројот на главите се делат на:

  • двоглави (m.biceps);
  • триглави (m.triceps);
  • четириглави (m.quadriceps).

Поделба според местото на местото во телото

уреди

Се делат на:

Мускулот како мотив во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Мускул во пластика“ (англиски: Muscle in Plastic) - песна на британската рок-група Баухаус од 1981 година.[1]
  • „Мускул“ (германски: Muskel) — песна на германското електронско дуо ДАФ од 1981 година.[2]

Наводи

уреди