Мочен меур

Ова е објавената верзија, проверена на 5 јуни 2023. Има 2 промени во исчекување на проверка.

Мочен меур, бабуле[1][2] или бешика[3][4] — краен резервоар за мочта со зафатнина од 400 до 600 мл. Во ѕидот на мочниот меур има повеќе слоеви. Еден од нив е слојот со слузница (мукозна мембрана), потоа слојот со крвни садови, сличен како тој во желудникот, препокриен со бразди или риги што се гледаат кога органот е празен. Под слузницата има слој на сврзливо ткиво. Потоа следуваат три слоја мазно мускулно ткиво кое може многу да се растегнува. На крајот има една нецелосна обвивка на перитонеумот што го обвива само горниот дел на мочниот меур. Кога мочниот меур е празен, мускулниот ѕид почнува да се собира и станува дебел и добива облик на внатрешен орган кој е многу цврст и без празен простор. Како што се полни мочниот меур, така мускулниот ѕид се растегнува и меурот станува голем орган со должина понекогаш и до 12,5cm па и повеќе.[5]

Внатрешноста на мочниот меур


Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди