Владимир Мартиновски
Владимир Мартиновски (Скопје, 1974) — македонски поет, есеист, прозаист, книжевен преведувач и антологичар.
Животопис
уредиВладимир Мартиновски е роден е во Скопје во 1974 година. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје, каде што и магистрирал во 2001 г. на тема „Интерференции меѓу македонската современа поезија и ликовните уметности“. Докторирал на Универзитетот Париз III – Sorbonne Nouvelle, на тема „Аспекти на екфразиската поезија: Ш. Бодлер, В.К. Вилијамс, С. Јаневски, В. Урошевиќ, Џ. Ешбери и И. Бонфоа“. Работи како редовен професор по предметите „Компаративни поетики“ на Катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.[1] Од септември 2023 година ја извршува функцијата декан на истиот факултет.
Тој е член е на Извршниот одбор на Меѓународната асоцијација за семиотика, на Меѓународната асоцијација за компаративна книжевност, бил член на извршниот комитет на Европската мрежа за компаратистички проучувања, на Управниот одбор на СВП, на Претседателството на ДПМ, бил Претседател на Друштвото за компаративна книжевност на Македонија, како и Потпретседател на Македонскиот ПЕН.
Неговата поезија е објавена на дваесетина јазици, а застапена е во голем број антологии и тематски избори.
Исто така, Мартиновски се занимава и со музика при што учествувал во музички проекти и изданија на: Оркестарот од изворни народни инструменти „Пеце Атанасовски“, „Калдрма“ и „Баклава“.
Библиографија
уреди- Поезија
- Морска месечина (Магор, 2003)
- Скриени песни (Магор, 2005)
- И вода и земја и оган и воздух (Магор, 2006)
- Квартети за читање, гледање, пеење и слушање (Кликер, 2010 - награда „Браќа Миладиновци“)
- Побрзај и почекај / Hurry un and Wait (Кликер, 2011) (на македонски и англиски јазик, препев на англиски: Калина Јанева)
- Пред и по танцот (Кликер, 2012)
- Вистинска вода (Кликер, 2014)
- Внатрешни планини (Кликер, 2016)
- Сонувани и будни песни / Dream and Awake Poems (Кликер, 2017) (на македонски и англиски јазик, препев на англиски: Милан Дамјаноски)
- 101 сонет од една чудна пролет (Кликер, 2020)
- Поезија за деца
- Дур дишам се надевам - и други песни за деца на работ на младоста (Dum spiro spero) / (Ars Lamina, 2019)
- Шах со Бах (Чудна шума, 2020)
- Хор во задниот двор (Чудна шума, 2021)
- Поетски избори
- Portrait of Poet with an Umbrella (на англиски и романски јазик, препев на англиски: Калина Јанева и Милан Дамјаноски, препев на романски: Јон М. Думитру). Букурешт: Orient-Occident, 2011
- Reverse Profile (на англиски: М. Дамјаноски и К. Јанева, германски: Б. Лангер, чешки: С. Рибарова, романски: Ј. Думутру, бугарски: Р. Кисјов и српски: Н. Вујадиновиќ). Струга: СВП, 2011
- Kvarteta (Z makedonštiny přeložila: Slavomira Ribarova). Brno: Větrné Mlýny, 2013
- La Vraie eau (traduit par Jeanne Angeloski). Lyon: Jacques André éditeur, 2016
- Turbulencije (препев на хрватски: Ивица Баковиќ, препев на англиски: Милан Дамјаноски). Zagreb: Goranovo proljeće - Versopolis, 2019
- Преображения (избрани стихотворения и хайбуни - подбрал и претворил от македонски Роман Кисьов). София: Издателство „Ерго”, 2020
- Унутрашње планине (са македонског превео Душко Новаковић). Краљево : Народна библиотека "Стефан Првовенчани", 2023
- Паркот те помни: 111 песни од една декада (2010-2020). Скопје: Бегемот, 2023
- Книжевно-теориски студии и есеистички книги
- Од слика до песна: интерференции меѓу македонската современа поезија и ликовните уметности - студија (Магор, 2003)
- Споредбени триптиси - студии и есеи (Магор, 2007)
- Слики за читање: аспекти на екфразиската поезија - студија (Магор, 2009)
- Les Musées Imaginaires - студија (L'Harmattan, 2009) (на француски јазик)
- Споредбени диптиси - студии и есеи (Магор, 2011)
- Зоон поетикон - аспекти на современата македонска поезија - студии и есеи (Кликер, 2013)
- Narro ergo sum / Раскажувам значи постојам - аспекти на книжевно-уметничкото раскажување (Антолог, 2015)
- Поетски (ре)визии - студии, огледи и осврти за поезијата (Магор, 2018)
- Далеку, а блиску - компаративни студии и есеи за македонско-јапонските книжевни врски (Три, 2020)
- Век со Конески, мигови со Блаже - компаративни читања на поезијата на Б. Конески (Бегемот, 2022)
- Песнапат - патувачки теми во поезијата (Бегемот, 2023)
- Градоначалникот на Хипнополис - дијалози за книжевните дела на Влада Урошевиќ - заедничка книга со Лидија Капушевска-Дракулевска (Бегемот, 2024)
- Проза
- Ехо од бранови - хаибуни (Или-или, 2009)
- Околу Европа (заедно со Петра Хулова, Зудабе Мохавез и Кристин Димитрова - на македонски, чешки, германски и бугарски јазик) (2012)
- Мачка во магла - хаибуни (Темплум, 2016)
- Небо без ѕвезди - хаибуни (Или-или, 2016)
- Зоостории - раскази и куси прози (Бегемот, 2019)
- Антологии
- UT pictura poesis - Поезијата во дијалог со ликовните уметности: тематски избор од македонската поезија - на македонски и англиски јазик (СВП, 2006)
- Кога пеперутката ќе стане песна (антологија на македонската современа поезија на фламански јазик) - заедно со Лидија Капушевска-Дракулевска (2010)
- Нов македонски хаику-бран - на македонски и англиски јазик (СВП, 2011)
- Лирски додекамерон - антологија на младата македонска поезија (СВП, 2012)
- Поезијата на стара Јапонија - антологија на јапонската поезија од архаичниот период до ерата Меиџи (Магор, 2014)
- Антологија на светската поезија, том II (од V до XV век) од Калидаса до Вијон (Арс Ламина, 2016)
- Летаат приказни - мала антологија на современата македонска микрофикција (Темплум, едиција „Друга приказна”, 2019)
- Џинџуџе во земјата на афионите - антологија на македонскиот краток расказ - заедно со Никола Гелевски (Темплум, 2022)
- Музика, секогаш и уште - поезијата во дијалог со музиката (СВП, 2022)
- Зборници научни трудови
- Метаморфози и метатекстови - заедно со Весна Томовска (ДККМ и Антика, 2008)
- Одисеи за Одисеја - заедно со Весна Томовска (ДККМ и Антика, 2010)
- Literary Dislocations / Déplacements littéraires / Книжевни дислокации (Зборник од 4. Конгрес на REELC / ENCLS) - заедно со Соња Стојменска-Елзесер (Институт за македонска книжевност, 2012)
- Сите лица на смешното од антиката до денес - заедно со Весна Томовска (ДККМ и Антика, 2013)
- Преводи
- Анри Мишо, Во земјата на магијата (Темплум, 2004)
- Максанс Фермин, Снег (Или-или, 2005)
- Зен приказни, (заедно со Владимир Јанковски) (Магор, 2013)
- Поезијата на стара Јапонија - антологија (Магор, 2014)
- Дејан Алексиќ, Мали огласи (Арс Ламина, 2017)
- Жорж Батај, Еротизам (Артконект, 2018)
- Иван Херцег, Ноќни луѓе (ПНВ публикации, 2021)
- Силвен Тесон, Богородична париска цркво, ој кралице на болката (Три, 2021)
Награди
уреди- Прва награда на Конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“ (2009), за расказот „Бубамара на зрно од калинка“.
- „Браќа Миладиновци“ на Струшките Вечери на Поезијата (2010), за стихозбирката „Квартети за читање, гледање, пеење и слушање“.
- „Димитар Митрев“ на Друштвото на писателите на Македонија, за најдобра книга критики (2013), за книгата „Зоон поетикон“.
- „Витез на македонскиот пишан збор“ (2014).
- „Антев златник” на меѓународната поетска манифестацијата „Анте Поповски” (2020), за поетскиот ракопис „Жив(отн)и песни”.
- „Лирата на Орфеј” на меѓународниот поетски фестивал „Орфеј - Пловдив” (2020), за најдобра песна „Обратен профил”.
Извори
уреди- https://flf.ukim.mk/vladimir-martinovski/
- Мираж Архивирано на 13 октомври 2007 г. - биографија и теоретски текстови
- http://www.versopolis.com/poet/40/vladimir-martinovski
- https://iwp.uiowa.edu/residency/participants
- https://www.poetshouse.org/uploads/supporting-files/programs-and-events/PH_Calendar_Fall2017_Final.pdf[мртва врска]
- https://www.youtube.com/watch?v=DgngFEbodig&t=220s
- https://www.youtube.com/watch?v=NdNPN55T_AQ
- https://www.youtube.com/watch?v=4lLkQi2OX1U
Наводи
уреди- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 362.