Благоја Ивановмакедонски раскажувач, романописец, есеист, критичар и драмски автор.[1]

Благоја Иванов
Роден/а4 февруари 1931
Македонија Скопје, Македонија
ЗанимањеПисател

Животопис

уреди

Благоја Иванов — роден во Скопје на 4 февруари 1931 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Бил соработник, уредник и главен уредник на Културниот сектор на Радио Скопје и директор на Телевизија Скопје и професор на Факултетот за драмски уметности. Бил уредник на списанието „Млада литература“ и главен и одговорен уредник на списанието „Разгледи“. Член на Македонскиот ПЕН центар. Бил претседател на Друштво на писателите на Македонија. Член на ДПМ од 1958 година. Добитник на наградите: „1 Мај“, на Недела на радио драмата на ЈРТ, „Рациново признание“, „Кочо Рацин“.[2]

Творештво

уреди
  • Седум умирања (проза, 1956)
  • Ноќ без починка (раскази, 1958)
  • Црвено рондо (раскази, 1964)
  • Патувања (лирски минијатури, 1967)
  • Ветрови (роман, 1969)
  • Соочувања (критики и есеи, 1971)
  • Три средби на разминување (радио и тв драми, 1973)
  • Од онаа страна на заборавот (раскази, 1975)
  • Една година и цел живот (роман, 1978)
  • Современа драма и театар во Македонија (зборник, 1983)
  • Бланка (проза, 1985)
  • Малата врата на надежта (раскази, 1985)
  • Маалски игри (роман за млади, 1989)
  • Чекање на зората (роман, 1998)
  • Сватови (раскази, 2000)
  • Сомнеж (роман, 2007)
  • Зборови од старо сеќавање (кратки раскази, 2008)
  • Раска в грло (раскази, 2011)
  • Кораби (раскази, 2014)
  • Актери автори (осврти)
  • Птиците од дворот (раскази, 2015)
  • Скопски дамари (антологија, раскази, 2020)

Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[3]

Иванов се бавел и со превод од француски јазик.[4]

Наводи

уреди
  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 95.
  2. Македонски ПЕН[мртва врска]
  3. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 41-44.
  4. „Белешки за автор(к)ите“, во: Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 355.