Григор Витез
Григор Витез (лат.: Grigor Vitez) (Косовац, 15 февруари 1911 - Загреб, 23 ноември 1966) — српски писател, поет и преведувач.
Григор Витез | ||
Роден | 15 февруари 1911 Косовац, Австроунгарија | |
---|---|---|
Починал | 23 ноември 1966 Загреб, СФРЈ | (возр. 55)

Животопис уреди
Витез е роден во селото Косовац, во околината на Окучани. По професија бил учител. Учествувал во Народноослободителната војна на страната на партизаните.[1] Во чест на неговото творештво, денес, во неколку градови во Хрватска има детски градинки и основни училишта кои го носат неговото име.
Творештво уреди
Позначајни дела на Витез се: Сказна за глинената птица, Сто волци, Фатете го крадецот, Кога дрвјата би оделе, Каде што растат приказните (1965), Сон на борецот в зори, Песни, Вооружени рози итн.[1][2][3]
Изданија на македoнски:
- Песна на чучулигата. Препев: Ацо Шопов. Скопје: Култура, 1959. 51 стр.
Наводи уреди
- ↑ 1,0 1,1 Елица и Атанас Николовски, "Разговор за делото Сказна за глинената птица од Григор Витез", во: Григор Витез, Сказна за глинената птица. Скопје: Мисла/Детска радост/Култура/Наша книга/Македонска книга, 1978, стр. 47-48.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-01-12. Посетено на 2013-04-01.
- ↑ http://www.mvinfo.hr/najnovije-vijesti.php?ppar=5109