Нуркачи

птици што нуркаат во слатка вода
Нуркачи
Големо штипче (Podiceps nigricollis nigricollis), вон сезона на парење
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Инфракласа: Нови птици
Ред: Нуркачовидни
Fürbringer, 1888
Семејство: Нуркачи
Bonaparte, 1831
Родови
Разновидност
1 семејство, 6 рода, 22 вида

Нуркачите (научPodicipediformes) се ред, широко распространети слатководни птици, од кои по некоја го посетува морето за време на преселбата во зима. Овој ред содржи само 1 фамилија, 6 рода, 22 вида.

Опис

уреди
 
Нурната птица

Нуркачите се мали до средно големи птици, имаат ципесто поврзани прсти и се одлични пливачи и нуркачи. Иако може да трчаат на кратко растојание, сепак се случува да паѓаат заради нозете кои им се сместени многу назад на телото.

Нуркачите имаат мали крила, но може да летаат, а само два вида од јужна Америка се сосема нелетачки.[1] Кога се во опасност, ним им е полесно да бегаат со нуркање отколку со летање. Големината на видовите се движи од 120 грама тешкиот и 23,5 cm долгиот Најмал нуркач, до Големиот нуркач кој е тежок 1700 грама и долг 71 cm.

Клуновите варираат од кратки дебели до долги и заострени, зависно од начинот на исхрана, што вклучува риби, инсекти и ракови. Стапалата им се редовно големи, со широки ресички на прстите и мала мрежичка (ципа) која ги поврзува предните три прста. И назад, на петата имаат мала ресичка. Неодамнешни експерименти покажаа дека овие ресички имаат функција како ножињата на пропелерите.[1] Интересно е што овој механизам независно еволуирал и кај изумрените Hesperornithiformes, кои се сосема неповрзани птици.

Нуркачите имаат необични перја. Тие се компактни и водоотпорни, а од долната страна пердувите се под прав агол со кожата, на почеток прави, па свиткани кај врвот. Притисокот на пердувите врз телото, им овозможува на нуркачите лесно да пловат и да нуркаат, односно да го регулираат потисокот. Често тие пловат ниско во водата, а над вода им се наоѓаат само вратот и главата. Вон сезона на парење, перјето на нуркачите е обично, со кафени и бели нијанси. Но, повеќето од нив имаат раскошни и препознатливи перја кога е сезона на парење, често им се појавуваат белези на главата и изведуваат впечатливи ритуали.[1] Младенчињата често имаат шари во вид на линии и ги задржуваат младешките перја до созревање. Кога се чистат, нуркачите јадат од своите пердуви и ги хранат младенчињата со нив. Функцијата на ова поведение не е сосема познато, но е поврзано со заштитата од паразити.[2] Нуркачите прават пловечки гнезда од растителни материјали скриени помеѓу трските, на површината на водата. Младенчињата се способни да пливаат веднаш по раѓањето.[1]

Таксономија

уреди

Нуркачите се радикално различна група птици од останатите во однос на нивната анатомија. Порано се верувало дека се поврзани со морските нуркачи (Gaviiformes) кои исто така имаат ципести нозе и се добри нуркачи, па затоа двете фамилии некогаш биле сместени во иста фамилија Colymbiformes. Но од 1930 година се одлучило тие да се одвојат во различни редови, бидејќи се пример за конвергетна еволуција, птици кои имаат сличен начин на живот, во различно време и различна животна средина.[3] Сега, нуркачите и морските нуркачи се сместени во посебни редови на: Podicipediformes и Gaviiformes. Во нуркачи спаѓаат следните родови и видови:

Еволуција

уреди
 
Многу молекуларни и морфолошки студии ја поддржуваат врската меѓу нуркачите и фламингото

Неодамнешните молекуларни студии ја сугерираат врската меѓу фламингото и нуркачите,[4][5][6] а морфолошките докази ја поткрепуваат веродостојноста на оваа врска. Тие имаат најмалку 11 заеднички морфолошки црти кои ги нема кај другите птици. Повеќето од овие одлики првично биле идентификувани кај фламингото, но не и кај нуркачите.[7] Фосилот на Палеолидисот може да се смета за еволутивна и еколошка врска меѓу фламингото и нуркачите.[8]

Фосили од нуркачи

уреди
 
Juncitarsus merkeli фосил

Фосилните остатоци од нуркачите се некомплетни. Нема транзициони форми меѓу вообичаено познатите птици и оние познати како фосилни форми на нуркачи, барем нема такви што со сигурност може таму да се сместат. Загадочната водна птица Juncitarsus, може да е блиску до заеднички предок на фламингото и нуркачите.

Фосилот од Романија, од рана креда, пред околу 143 милиони години, Eurolimnornis првично се веруваше дека е нуркач. Ако тој навистина е поврзан со оваа линија, тогаш мора да е базална форма, и речиси сигурно е форма пред поделба на нуркачи и фламинго. Од друга страна, еден фрагмент од коска додаден на овој таксон не е многу дијагностичен, па дури може воопшто да не е од птица.[9] Вистинските нуркачи се појавуваат во фосилните остатоци од доцниот олигоцен или раниот миоцен, пред околу 23 до 25 милиони години. Нуркачите се едни од најстарите редови птици.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Fjeldså, John (1991). Forshaw, Joseph (уред.). Encyclopaedia of Animals: Birds. London: Merehurst Press. стр. 59–60. ISBN 1-85391-186-0.
  2. Simmons (1956). „Feather-eating and Pellet-formation in the Great Crested Grebe“. Brit. Birds. 49: 432–435.
  3. Stolpe, M. (1935). „Colymbus, Hesperornis, Podiceps:, ein Vergleich ihrer hinteren Extremität“. J. Ornithol. (германски). 80 (1): 161–247. doi:10.1007/BF01908745.
  4. Chubb, A. L. (2004). „New nuclear evidence for the oldest divergence among neognath birds: the phylogenetic utility of ZENK (i)“. Molecular Phylogenetics and Evolution. 30 (1): 140–151. doi:10.1016/S1055-7903(03)00159-3. PMID 15022765.
  5. Ericson, Per G. P.; Anderson, C. L.; Britton, T.; Elzanowski, A.; Johansson, U. S.; Källersjö, M.; Ohlson, J. I.; Parsons, T. J.; Zuccon, D. (2006). „Diversification of Neoaves: Integration of molecular sequence data and fossils“ (PDF). Biology Letters. 2 (4): 543–547. doi:10.1098/rsbl.2006.0523. PMC 1834003. PMID 17148284. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-03-25. Посетено на 2013-04-07.
  6. Hackett, Shannon J.; Kimball, Rebecca T.; Reddy, Sushma; Bowie, Rauri C. K.; Braun, Edward L.; Braun, Michael J.; Chojnowski, Jena L.; Cox, W. Andrew; Kin-Lan Han, John (27 June 2008). „A Phylogenomic Study of Birds Reveals Their Evolutionary History“. Science. 320 (5884): 1763–1768. doi:10.1126/science.1157704. PMID 18583609.
  7. Mayr, Gerald (2004). „Morphological evidence for sister group relationship between flamingos (Aves: Phoenicopteridae) and grebes (Podicipedidae)“ (PDF). Zoological Journal of the Linnean Society. 140 (2): 157–169. doi:10.1111/j.1096-3642.2003.00094.x. Посетено на November 3, 2009.
  8. Mayr, Gerald (2006). „The contribution of fossils to the reconstruction of the higher-level phylogeny of birds“ (PDF). Species, Phylogeny and Evolution. 1: 59–64. ISSN 1098-660X. Посетено на 12 August 2009.
  9. Benton, M. J.; Cook, E.; Grigorescu, D.; Popa, E.; & Tallódi, E. (1997). „Dinosaurs and other tetrapods in an Early Cretaceous bauxite-filled fissure, northwestern Romania“ (PDF). Palaeogeography, Palaeoclimatology, Palaeoecology. 130: 275–292. doi:10.1016/S0031-0182(96)00151-4. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-04-11. Посетено на 2013-04-07.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Надворешни врски

уреди