Морски нуркачи
Морски нуркачи Период: ?Доцен еоцен - денес (види текст) | |
---|---|
Тихоокеански морски нуркач (Gavia pacifica) е сестрински вид на црногрлен нуркач (G. arctica) | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Поткласа: | Нови птици |
Инфракласа: | Нововилични |
Ред: | Нуркачи Wetmore & Miller, 1926 |
Семејство: | Нуркачовидни Coues, 1903 |
Род: | Морски нуркачи Forster, 1788 |
Синоними | |
На ниво на ред: На ниво на фамилија: На ниво на род: |
Морските нуркачи се група на водни птици кои го образуваат Gaviiformes. Се среќаваат во Северна Америка и северна Евроазија (Европа, Азија) и веројатно Африка. Сите современи видови на морски нуркачи се дел од родот Gavia, фамилијата Gaviidae и овој ред.
Изглед
уредиМорските нуркачи се големи птици, пливачи и нуркачи, долги од 53 до 91 cm и со распон на крилата меѓу 106 и 152 cm. Тежината се движи од 1 па до 6,4 кг, зависно од видот. Тоа значи дека овие големи видови се значително потешки од гуските (Anserinae). Овие птици се разликуваат од нуркачите (Podicipedidae) пред сè по целосните пливачки кожички кои ги поврзуваат трите нанапред свртени прсти (анизодактилија), како и многу добро видливата, иако кратка, опашка.
Пердувите кај повеќето видови во време кога носат „свадбено руво“ од горната страна се обоени црнобело, како шаховски полиња, додека од долната страна на телото се бели. Кај сите видови главата и вратот се со живи бои. Овие воочливи, раскошно обоени пердуви зиме се заменуваат со невоочливи бои. Тие се густи и добро изолираат од ладот на арктичките и субарктичките води кои се нивно природно живеалиште. Многу време посветуваат во нега на пердувите, бидејќи само чисти, добро негувани пердуви овозможуваат и добра заштита.
Мажјаците се нешто покрупни од женките, но друг, видлив полов диморфизам не постои. Младите морски нуркачи имаат во текот на целата година едноставно обоени пердуви (како и возрасните зиме). Дури кога имаат околу три години, пердувите ја добиваат типичната боја на возрасните во време на парењето и гнездењето.
Сите видови поседуваат силен зашилен клун и мали исто така зашилени крила. Тие се многу добри летачи, но бидејќи нозете им се сместени зад средината на телото, тие многу тешко и неспретно се движат.
Поврзано
уреди- Нуркачи — неповрзан ред на птици со сличен начин на исхрана