Варијција на пердуви

Пердуви се облик на кожни израстоци кои се развиени кај птиците и специфични само кај птиците. Пердувите се производ рожнатог слоја коже, слично како љушпи кај рептилите, на кои морофолошки најмногу наликуваат. Составени се од кератин, истоиот протеин кој ги прави косата и ноктите кај луѓето или рогови кај другите животни. Пердувите се сметаат како најсложени покривни делови кај 'рбетниците[1][2] и претставуваат вистински пример за коплексна еволутивна творба.[3] Тоа е една од карактеристиките по кои се разликуваат птиците од другите живи групи на животини.[4]

Иако пердувите покриваат поголем дел од телото на птицата, тие настануваат само на одредени, добро дефинирани, делови на кожата. Пердувите помагаат при летање, топлотна изолација и хидроизолација на телото. Покрај тоа, обоеноста на пердувите потпомага за комуникација и заштита на птицата.

ГрадбаУреди

Секое перо се состои од основна гранка со која се поврзуваат илјада мали гранчиња кои се меѓеусебно поврзани така да прават мазна површина на пердувите. Мазната површина на пердувите на птиците му овозможува лесно да се движат низ воздух во лето. Типичен пердув на птица ги има следниве морфолошки делови: основните пердуви составуваат мустаќи, кои се на горниот дел на целоста и се викаат струк , на краевите на долниот дел составуваат шуплива цевка. На страната на мустаќите се наоѓа знаменце , поделено на внатрешен и надворешен дел. Составена е од бројни серии 1 ред , кои се меѓусебно поврзани со полупречникот на вториот ред, меѓусебно поврзани со куки. Широкото знаме на перјата прави површина погодна за летање која штити од губење на топлината на телото.

УпотребаУреди

Пердувите може да се користитат за полнење на перници, прекривачи, вреќи за спиење и сл. Исто така пердувите се користат за украсување,на пример делови од облеката, стрели, а во некои култури (американски староседелци) пердувите се користеле и за религиозни цели. Некогаш пердувите се користеле и за пишување (перо за пишување). Големите пердуви можат да се користат во лето како средство за ладење (лепеза).

НаводиУреди

  1. Prum, Richard O. & AH Brush (2002). "The evolutionary origin and diversification of feathers" (PDF). The Quarterly Review of Biology. 77 (3): 261–295. doi:10.1086/341993. PMID 12365352. Посетено на 7. 7. 2010. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. Prum, R.O. & Brush, A.H (1. 3. 2003). "Which Came First, the Feather or the Bird?" (PDF). Scientific American. 288 (3): 84–93. doi:10.1038/scientificamerican0303-84. PMID 12616863. Посетено на 7. 7. 2010. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  3. Prum, Richard O. (1999). "Development and Evolutionary Origin of Feathers" (PDF). Journal of Experimental Zoology (Molecular and Developmental Evolution). 285 (4): 291–306. doi:10.1002/(SICI)1097-010X(19991215)285:4<291::AID-JEZ1>3.0.CO;2-9. PMID 10578107. Архивирано од изворникот (PDF) на 09. 04. 2011. Посетено на 7. 7. 2010. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  4. Li, Quanguo (9. 3. 2012), "Reconstruction of Microraptor and the Evolution of Iridescent Plumage", Science, 335: 1215–1219, Bibcode:2012Sci...335.1215L, doi:10.1126/science.1213780, PMID 22403389 Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врскиУреди