Паоло Роналд Монтеро Иглесијас (роден на 3 септември, 1971 година, во Монтевидео) — уругвајски фудбалски тренер, и поранешен играч од одбраната. Моментално го води Јувентус Некст Џен.

Паоло Монтеро
Лични податоци
Роден на 3 септември 1971(1971-09-03)(53 г.)
Роден во Монтевидео, Уругвај
Држава Уругвај Уругвај
Висина &100000000000001780000001,78 м
Играчки податоци
Позиција одбрана
Сегашен клуб Јувентус Јувентус Некст Џен (тренер)
Повлекување 17 мај 2007 (35 г.)
Младинска кариера
Пењарол Пењарол
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1990-1992 Пењарол Пењарол 34 (1)
1992-1996 Аталанта Аталанта 114 (4)
1996-2005 Јувентус Јувентус 186 (1)
2005-2006 Сан Лоренцо Сан Лоренцо 14 (1)
2006-2007 Пењарол Пењарол 46 (1)
Репрезентација
1991-2005 Уругвај Уругвај 61 (5)
Раководител на екипите
2014 Пењарол Пењарол (Млади)
2014 Пењарол Пењарол (Привремено)
2016 Бока Унидос Бока Унидос
2016 Колон Колон
2017 Росарио Сентрал Росарио Сентрал
2019-2020 Самбенедетесе Самбенедетесе
2021 Самбенедетесе Самбенедетесе
2021 Сан Лоренцо Сан Лоренцо
2022-2024 Јувентус Јувентус Примавера (У-19)
2024 Јувентус Јувентус (Привремено)
2024- Јувентус Јувентус Некст Џен
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Кариерата ја започнал во својата родна земја, дебитирајќи како професионален играч со Пењарол во почетокот на 1990-тите години, а потоа се преселил во Италија, каде го минал најголемиот дел од својата кариера играјќи за две екипи по кои и најмногу останал запаметен: прво со Аталанта и пред се со Јувентус. Со вториот од двата клуба, тој ги постигнал најголемите успеси во својата кариера освојувајќи голем број на трофеи, вклучувајќи четири италијански првенства, три суперкупа на земјата, еден Суперкуп на УЕФА и еден Интерконтинентален куп. Во дресот на Јувентус, тој поминал цели девет сезони (1996-2005), а покрај наброените успеси одиграл и три финалиња на Лигата на шампионите и сите три ги загубил.[1] Откако го напуштил клубот од Торино во 2005 година, тој се вратил во Јужна Америка, каде една сезона го носел дресот на аргентинската екипа Сан Лоренцо, а потоа се вратил во Пењарол, каде ја завршил кариерата во мај 2007 година.

За репрезентацијата на Уругвај одиграл 61 натпревар и постигнал 5 гола во периодот 1991-2005, а од 1997 година до неговото повлекување бил и капитен на истата. Во дресот со државниот грб, настапил на Светското првенство 2002 во Јапонија и Јужна Кореја, како и на Копа Америка 2004 во Перу.

По извесно време од завршувањето на играчката кариера, тој започнал да работи како тренер водејќи неколку екипи во Уругвај, Аргентина и Италија.

Биографија

уреди

Монтеро тргнал по стапките на неговиот татко: татко му Хулио Монтеро Кастиљо, бил и самиот фудбалер, исто така играјќи на позицијата дефанзивец и двапати бил светски клупски шампион.[1]

Неговиот син Алфонсо (роден 2007), исто така е фудбалер: играл во младинските сектори на Дефенсор Спортинг и Јувентус, и настапувал за младинските селекции на Уругвај.[2]

Технички карактеристики

уреди

„„Никогаш не сум направил лоши фаули, моите реакции се инстинктивни. На крајот на краиштата, јас сум латиноамериканец [...]. А за латиноамериканците и фудбалот е лукав“.”

— Паоло Монтеро, 2000[3]

Елегантен дефанзивец, техички надарен, вешт со топката и смирен дури и кога е под притисок,[4] способен да диригира со задната линија на својот тим со карактер и луцидност.[5] Најчесто во кариерата играл како стопер[6] или либеро,[4][7] но по потреба, тој, исто така, знаел да ја покрива - иако многу неволно, дури и расправајќи се со своите тренери околу тоа - улогата на лев бек.[1]

Како играч со решителен карактер, тој воопшто не се штедел ниту себеси ниту противниците, влегувајќи цврсто во дуелите дури често и ги пречекорувал правилата:[8][9] во контекст на сето ова, за време на неговата кариера во Серија А тој добил 16 црвени картони,[10] бројка што го прави апсолутен рекордер во оваа статистичка категорија.[11]

Клупска кариера

уреди

Пењарол и Аталанта

уреди

Роден во Монтевидео, во фудбалско семејство, како дете, Паоло се трудел да има добри оценки на училиште, во спротивно татко му немало да му дозволи да посетува фудбалска пракса.[12] Кариерата ја започнал во Пењарол во 1990 година, под водството на Сесар Луис Меноти, кој веднаш го споредил младиот дефанзивец со тогаш познатиот Даниел Пасарела. Во клубот од Монтевидео останал до 1992 година, забележувајќи 34 настапи и еден гол, пред да се пресели во Европа каде направил трансфер во италијанската Аталанта.[1]

По пристигањето во Бергамо, тој го направил своето деби во Серија А на 6 септември во успехот на домашен терен со 2-1 против Парма, и одиграл позитивна прва сезона во која се јавува меѓу протагонистите во тимот предводен од Марчело Липи, кој го завршил првенството на високото седмо место во поредокот;[1] Во својата втора сезона, тој одиграл 30 натпревари, но не можел да го спречи испаѓањето на клубот во Серија Б; сепак, тој останал во Бергамо и покрај испаѓањето, и навистина станал „столб на одбраната“ на Аталанта,[1] која моментално, после само една сезона, се вратила во Серија А. Од клубот си заминал во 1996 година, по четиригодишен престој во кој забележал 128 натпревари и 4 гола.

Јувентус

уреди

Во летото 1996 година, тој се преселил во италијанскиот гигант и актуелен европски шампион после освојувањето на Лигата на шампионите, Јувентус, на барање на неговиот некогашен тренер Липи кој во меѓувреме седнал на клупата на бјанконерите;[1] интересно е дека, првично, дефанзивецот изгледал предодреден да се приклучи на Интер, но желбата на самиот Монтеро да соработува одново со тренерот Липи довела преговорите со нераѕурите да бидат прекинати, како би можел уругваецот да се упати кон Торино.[13] Своето деби за Јувентус го имал на 28 август 1996, во победата со 2-0 над Фиделис Андрија во Купот на Италија.

Тој бил незаменлив камен-темелник на одбраната на Јувентус, на кој му останал верен до 2005 година, формирајќи цврсто партнерство во срцето на задната линија на бјанконерите со Чиро Ферара, и најчесто добивајќи ја низ годините битката за место во почетниот состав со внатрешната конкуренција претставена од Марк Јулијано и Игор Тудор.[1] За време на деветгодишниот престој во Пиемонт тој освоил бројни трофеи, вклучувајќи еден Интерконтинентален куп (1996), еден Суперкуп на УЕФА (1996), три Суперкупа на Италија (1997, 2002 и 2003) и четири италијански првенства (1996-1997, 1997-1998, 2001-2002 и 2002-2003), покрај кои и она во 2004-2005, кое последователно на клубот му било одземено.

Во црно-белиот дрес, повеќе од каде било на друго место, Монтеро освен што изградил репутација на бескомпромисен и груб дефанзивец, вистинска ноќна мора за противничките напаѓачи, тој понекогаш знаел да користи и насилни методи; така на пример, по крајот на натпреварот Виченца-Јувентус (2-1) на 13 октомври 1996 година, за време на расправија помеѓу неговиот соиграч Анџело Ди Ливио и официјалниот фотограф на Виченца, тој го удрил вториот; последователно, тој јавно изјавил дека не се кае за гестот со зборовите - „Видов соиграч во тешкотии и интервенирав: ми се чинеше нормално да го направам тоа“ –,[14] додека фотографот го пријавил играчот и повел граѓанска тужба.[15] На 9 март 2000 година, за време на реваншот од осминафиналето на Купот на УЕФА помеѓу Селта Виго и Јувентус (4-0), Монтеро со лакт го удрил по лицето противничкиот играч Валериј Карпин:[16] откако добил црвен картон, тој го напуштил теренот грубо исмевајќи ја галицијската публика.[3] На 3 декември 2000 година, за време на „дербито“ Интер-Јувентус (2-2) тој го удрил Лујџи Ди Бјаџо во лицето: преку примената на телевизиски докази, гестот му донел суспензија од три натпревари.[17]

Афирмирајќи се како еден од најдобрите дефанзивци во историјата на клубот,[6] дресот на Јувентус го соблекол по 9 сезони, во кој забележал 277 настапи и вкупно 6 голови, вклучувајќи 186 натпревари и 1 гол (на 29 ноември 2003 година, во поразот со 1-3 во Дербито на Италија[18]) во Серија А.

Сан Лоренцо

уреди

После Јувентус, каде го поминал најуспешниот период од својата кариера, Монтеро се вратил во Јужна Америка потшишувајќи договор со аргентинскиот клуб Сан Лоренцо. Сепак, неговото време поминато во овој клуб било многу кратко. Откако пропуштил многу натпревари поради постојани повреди, тој конечно го напуштил клубот по само 14 настапи и еден постигнат гол против Расинг Клуб. Во 2006 година, Монтеро добил неколку интересни понуди од клубови од Европа како Олимпијакос и од неодамна промовираниот член на Серија А, Катанија, но сепак, се одлучил за враќање во клубот од детството каде што ја започнал својата кариера, Пењарол.

Враќање во Пењарол

уреди

Монтеро се вратил во Пењарол за сезоната 2006-2007 сезона, минувајќи ја таму својата последна сезона во кариерата пред официјално да го најави неговото пензионирање. Тој постигнал еден гол во 26 натпревари за време на неговата последна сезона како професионален фудбалер. Своето повлекување од фудбалот го објавил на 17 мај 2007 година, после натпреварот на Пењарол против Данубио.

Репрезентативна кариера

уреди

Дебитирал за уругвајската репрезентација на 5 мај 1991 година, во пријателски натпревар против САД загубен со 1-0.[19] Во следните години, за својата земја настапил на Купот на конфедерации 1997, Светското првенство 2002[19] и на Копа Америка 2004; на последното натпреварување, тој постигнал и гол во воведниот натпревар против Мексико, кој завршил нерешено 2-2.[20]

Монтеро бил капитен на неговата земја во нивниот обид да се квалификуваат за Светското првенство 2006 во интерконтиненталниот плејоф двомеч против Австралија, во кој уругвајците биле поразени на пенали и неуспеале да се квалификуваат како што тоа го направиле на Светското првенство 2002, односно четири години пред тоа. За жал за Монтеро, тој со куцање се упатил надвор од теренот со повреда на тетивата со која се здобил во текот на вториот натпревар во Сиднеј, и не бил во можност да изведува удар од белата точка во пенал-серијата. По поразот, Монтеро веднаш го објавил своето повлекување од националниот дрес, велејќи: "штета оваа група на играчи заслужува да биде на Светското првенство."[21]

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Уругвај
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
5-5-1991 Денвер САД   1 – 0   Уругвај Пријателска -   79'
7-5-1991 Лос Анџелес Мексико   0 – 2   Уругвај Пријателска -
14-5-1991 Сан Хосе Костарика   0 – 1   Уругвај Пријателска -   68'
30-5-1991 Сантјаго Чиле   2 – 1   Уругвај Пријателска -   46'
13-10-1993 Карлсруе Германија   5 – 0   Уругвај Пријателска -
18-1-1995 Ла Коруња Шпанија   2 – 2   Уругвај Пријателска -
29-3-1995 Лондон Англија   0 – 0   Уругвај Пријателска -  
31-3-1995 Белград СР Југославија   1 – 0   Уругвај Пријателска -
11-10-1995 Салвадор Бразил   2 – 0   Уругвај Пријателска -   46'
24-4-1996 Каракас Венецуела   0 – 2   Уругвај Квал. за СП 1998 -   18'
2-6-1996 Монтевидео Уругвај   0 – 2   Парагвај Квал. за СП 1998 -   28'
8-10-1996 Монтевидео Уругвај   1 – 0   Боливија Квал. за СП 1998 -
12-11-1996 Сантјаго Чиле   1 – 0   Уругвај Квал. за СП 1998 -
15-12-1996 Монтевидео Уругвај   2 – 0   Перу Квал. за СП 1998 1   34'
12-1-1997 Монтевидео Уругвај   0 – 0   Аргентина Квал. за СП 1998 -
12-2-1997 Кито Еквадор   4 – 0   Уругвај Квал. за СП 1998 -
2-4-1997 Монтевидео Уругвај   3 – 1   Венецуела Квал. за СП 1998 1   0'
8-6-1997 Монтевидео Уругвај   1 – 1   Колумбија Квал. за СП 1998 -
20-8-1997 Монтевидео Уругвај   1 – 0   Чиле Квал. за СП 1998 -   78'
12-10-1997 Буенос Аирес Аргентина   0 – 0   Уругвај Квал. за СП 1998 -
13-12-1997 Ријад Обединети Арапски Емирати   0 – 2   Уругвај Куп на конф. 1997 - Групна фаза -  
15-12-1997 Ријад Чешка   1 – 2   Уругвај Куп на конф. 1997 - Групна фаза -     22'
19-12-1997 Ријад Австралија   1 – 0 зг   Уругвај Куп на конф. 1997 - Полуфинале -  
21-12-1997 Ријад Чешка   1 – 0   Уругвај Куп на конф. 1997 - за 3. место -  
24-5-1998 Сантјаго Чиле   2 – 2   Уругвај Пријателска -  
18-8-1999 Монтевидео Уругвај   5 – 4   Костарика Пријателска -  
8-9-1999 Монтевидео Уругвај   2 – 0   Венецуела Пријателска -  
12-10-1999 Монтевидео Уругвај   0 – 0   Еквадор Пријателска -  
17-11-1999 Малдонадо Уругвај   0 – 1   Парагвај Пријателска -  
17-2-2000 Малдонадо Уругвај   2 – 0   Унгарија Пријателска -  
29-3-2000 Монтевидео Уругвај   1 – 0   Боливија Квал. за СП 2002 -  
3-6-2000 Монтевидео Уругвај   2 – 1   Чиле Квал. за СП 2002 1  
28-6-2000 Рио де Жанеиро Бразил   1 – 1   Уругвај Квал. за СП 2002 -     76'
18-7-2000 Монтевидео Уругвај   3 – 1   Венецуела Квал. за СП 2002 -     83'
25-7-2000 Монтевидео Уругвај   0 – 0   Перу Квал. за СП 2002 -  
28-2-2001 Копер Словенија   0 – 2   Уругвај Пријателска -  
28-3-2001 Монтевидео Уругвај   0 – 1   Парагвај Квал. за СП 2002 -     69'
1-7-2001 Монтевидео Уругвај   1 – 0   Бразил Квал. за СП 2002 -     8'
14-8-2001 Маракаибо Венецуела   2 – 0   Уругвај Квал. за СП 2002 -     6'
7-10-2001 Монтевидео Уругвај   1 – 1   Колумбија Квал. за СП 2002 -  
7-11-2001 Кито Еквадор   1 – 1   Уругвај Квал. за СП 2002 -     79'
14-11-2001 Монтевидео Уругвај   1 – 1   Аргентина Квал. за СП 2002 -  
20-11-2001 Мелбурн Австралија   1 – 0   Уругвај Квал. за СП 2002 -  
25-11-2001 Монтевидео Уругвај   3 – 0   Австралија Квал. за СП 2002 -  
16-5-2002 Шенјанг Кина   0 – 2   Уругвај Пријателска -     67'
1-6-2002 Улсан Уругвај   1 – 2   Данска СП 2002 - Групна фаза -  
6-6-2002 Бусан Франција   0 – 0   Уругвај СП 2002 - Групна фаза -  
11-6-2002 Сувон Сенегал   3 – 3   Уругвај СП 2002 - Групна фаза -     82'
7-7-2004 Чиклајо Мексико   2 – 2   Уругвај Копа Америка 2004 - Групна фаза 1  
10-7-2004 Чиклајо Уругвај   2 – 1   Еквадор Копа Америка 2004 - Групна фаза -     6'   59'
18-7-2004 Такна Парагвај   1 – 3   Уругвај Копа Америка 2004 - Четвртфинале -  
21-7-2004 Лима Бразил   1 – 1 прод.
(5 – 3 пен.)
  Уругвај Копа Америка 2004 - Полуфинале -  
5-9-2004 Монтевидео Уругвај   1 – 0   Еквадор Квал. за СП 2006 -  
17-11-2004 Монтевидео Уругвај   1 – 0   Парагвај Квал. за СП 2006 1     34'
26-3-2005 Сантјаго Чиле   1 – 1   Уругвај Квал. за СП 2006 -  
30-3-2005 Монтевидео Уругвај   1 – 1   Бразил Квал. за СП 2006 -  
4-6-2005 Маракаибо Венецуела   1 – 1   Уругвај Квал. за СП 2006 -    
4-9-2005 Монтевидео Уругвај   3 – 2   Колумбија Квал. за СП 2006 -  
12-10-2005 Монтевидео Уругвај   1 – 0   Аргентина Квал. за СП 2006 -    
12-11-2005 Монтевидео Уругвај   1 – 0   Австралија Квал. за СП 2006 -  
16-11-2005 Сиднеј Австралија   1 – 0 прод.
(4 – 2 пен.)
  Уругвај Квал. за СП 2006 -     81'
Вкупно Настапи 61 Голови 5

Тренерска кариера

уреди

Штом ги закачил копачките на клин, Монтеро накратко работел како спортски агент во Уругвај,[22] а во ноември 2014 година бил повикан да го замени Хорхе Фосати, кој си поднел оставка по поразот од Насионал, на клупата на Пењарол.[23] Тој останал на позицијата до назначувањето на Пабло Бенгоечеа за тренер на 23 декември истата година.[24]

Во март 2016 година, тој бил назначен за тренер на Бока Унидос, клуб кој се натпреварувал во Примера Б Насионал, втората аргентинска лига. Во вториот дел од 2016 година, тој бил тренер на Колон, кој го напуштил на крајот на декември за да стане, на 3 јануари 2017 година, тренер на Росарио Сентрал на местото на Едуардо Кудет кој поднел оставка.[25]

На 27 септември 2018 година, тој добил УЕФА А лиценца во Коверчано, која му овозможува во Европа да ги тренира сите младински екипи како и првите тимови на екипите до Серија Ц и да биде помошник тренер во Серија Б и Серија А.[26]

На 6 јуни 2019 година, тој бил назначен за тренер на Самбенедетесе, во Серија Ц.[27] Во првенството, тој ги шредводел Рособлу до плејофот, каде што биле елиминирани во првото коло од Падова (0-0) само поради полошиот пласман постигнат во регуларниот дел од сезоната.[28] Во септември 2020 година, тој, се здобил со нова тренерска лиценца од прва категорија - УЕФА Про.[29]

Потврден на клупата на клубот од Марке и за следната сезона, по неконстантниот почеток на првенството, тој сепак бил ослободен од должностите на 27 октомври 2020 година;[30] сепак, не долго потоа, тој бил вратен на клупата на Самбенедетесе на 11 февруари 2021 година, преземајќи го клубот откако Мауро Зиронели си поднел оставка.[31] Тој уште еднаш успеал да ги одведе Рособлу, кои исто така биле погодени од сериозна корпоративна криза, до плејофот: сепак, патот таму им завршил веќе во првото коло по поразот со 3-1 на гости против Мателика.[32]

По завршувањето на искуството во Марке, на 17 јуни 2021 година, Монтеро се вратил во Аргентина за да седне на клупата на Сан Лоренцо.[33] На оваа функција бил до 21 октомври, кога по серијата разочарувачки резултати добил отказ.[34]

На 28 јуни 2022 година, поранешниот дефанзивец се вратил во Јувентус по седумнаесет години, повикан да биде тренер на Примавера тимот на Јувентус под 19 години.[35] Во сезоната 2022-2023, тие стигнале до завршната фаза на Кампионато Примавера 1, каде што младите бјанконери биле елиминирани во првото коло од Сасуоло, забележувајќи исто така, и најлош пласман во регуларниот дел од сезоната,[36] додека во Младинската лига на УЕФА ја минале групната фаза пред да бидат сопрени во плејоф рундата, регистрирајќи пораз од Генк по изведување пенали.[37] Следната година, со тимот кој се натпреварувал само во национални рамки, тие не успеале да стигнат до завршната фаза на Кампионато Примавера 1 постигнувајќи ја само минималната цел за обезбедување опстанок во лигата.[38]

Во меѓувреме, на 19 мај 2024 година, тој бил назначен како привремен тренер да го води првиот тим на Јувентус, во последните две кола од првенството, заменувајќи го отпуштениот Масимилијано Алегри.[39] Дебитирал на клупата на првиот тим на Јувентус и во исто време во Серија А, веќе следниот ден, во ремито 3-3 на гостувањето кај Болоња.[40] Својата прва победа како тренер во Серија А, ја забележал во следниот натпревар, победата со 2-0 на домашен терен над Монца.[41]

Статистика на кариерата

уреди

Клупска статистика

уреди
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1992-1993   Аталанта А 27 2 КИ 2 0 - - - - - - 29 2
1993-1994 А 30 0 КИ 3 0 - - - - - - 33 0
1994-1995 Б 34 2 КИ 3 0 - - - - - - 37 2
1995-1996 А 23 0 КИ 6 0 - - - - - - 29 0
Вкупно Аталанта 114 4 14 0 - - - - 128 4
1996-1997   Јувентус А 26 0 КИ 3 1 ЛШ 11 1 СУ+ИнтК 1+1 0 42 2
1997-1998 А 26 0 КИ 5 0 ЛШ 7 0 СИ 1 0 39 0
1998-1999 А 22+1[42] 0 КИ 2 0 ЛШ 9 0 СИ 0 0 34 0
1999-2000 A 28 0 КИ 2 0 ИК+КУ 3+7 0 - - - 40 0
2000-2001 A 23 0 КИ 0 0 ЛШ 0 0 - - - 23 0
2001-2002 А 16 0 КИ 4 0 ЛШ 7 1 - - - 27 1
2002-2003 А 21 0 КИ 0 0 ЛШ 13 2 СИ 1 0 35 2
2003-2004 А 19 1 КИ 1 0 ЛШ 6 0 СИ 0 0 26 1
2004-2005 А 5 0 КИ 1 0 ЛШ 6[43] 0 - - - 12 0
Вкупно Јувентус 186+1 1 18 1 69 4 4 0 278 6
2005-2006   Сан Лоренцо ПД 14 1 - - - - - - - - - 14 1
2006-2007   Пењарол ПД 21+1[44] 1 - - - - - - - - - 22 1
Вкупно во кариерата 335+2 7 32 1 69 4 4 0 442 12

Репрезентативна кариера

уреди
Извор:[45]
Репрезентација Година Настапи Голови
  Уругвај 1991 4 0
1992 0 0
1993 1 0
1994 0 0
1995 4 0
1996 5 1
1997 10 1
1998 1 0
1999 4 0
2000 6 1
2001 9 0
2002 4 0
2003 0 0
2004 6 2
2005 7 0
Вкупно 61 5

Тренерска статистика

уреди

Клупски

Статистиката е ажурирана на 25 мај 2024.

Сезона Екипа Првенство Национален куп Континентални купови Останати купови Вкупно Победи % Пласман
Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И ОН П Н И %
ное.-дек. 2014   Пењарол ПД 3 2 0 1 - - - - - КС - - - - - - - - - &100000000000000030000003 &100000000000000020000002 &100000000000000000000000 &100000000000000010000001 &1000000000000666700000066,67 привремен
мар.-јун. 2016   Бока Унидос ПБ 12 9 1 2 - - - - - - - - - - - - - - - &1000000000000001200000012 &100000000000000090000009 &100000000000000010000001 &100000000000000020000002 &1000000000000750000000075,00 4. место
јул.-дек. 2016   Колон ПД 14 6 2 6 - - - - - - - - - - - - - - - &1000000000000001400000014 &100000000000000060000006 &100000000000000020000002 &100000000000000060000006 &1000000000000428600000042,86 оставка
јан.-јун. 2017   Росарио Сентрал ПД 16 8 5 3 КА 5 4 1 0 - - - - - - - - - - &1000000000000002100000021 &1000000000000001200000012 &100000000000000060000006 &100000000000000030000003 &1000000000000571400000057,14 наз., 12. место
јул.-ное. 2017 ПД 8 0 4 4 - - - - - - - - - - - - - - - &100000000000000080000008 &100000000000000000000000 &100000000000000040000004 &100000000000000040000004 &0&100000000000000000000000,00 отпуштен
Вкупно Росарио Сентрал 24 8 9 7 5 4 1 0 - - - - - - - - &1000000000000002900000029 &1000000000000001200000012 &1000000000000001000000010 &100000000000000070000007 &1000000000000413800000041,38
2019-2020   Самбенедетесе Ц 26+1[46] 9 6+1 11 КИ+КИ-Ц 1+1 0 0 1+1 - - - - - - - - - - &1000000000000002900000029 &100000000000000090000009 &100000000000000070000007 &1000000000000001300000013 &1000000000000310300000031,03 10. место
2020-2021 Ц 22+1[47] 7 7 8+1 КИ 1 0 0 1 - - - - - - - - - - &1000000000000002400000024 &100000000000000070000007 &100000000000000070000007 &1000000000000001000000010 &1000000000000291700000029,17 отказ., наз. 9. место
Вкупно Самбенедетесе 50 16 14 20 3 0 0 3 - - - - - - - - &1000000000000005300000053 &1000000000000001600000016 &1000000000000001400000014 &1000000000000002300000023 &1000000000000301900000030,19
јул.-окт. 2021   Сан Лоренцо ПД 17 4 5 8 КА[48] - - - - - - - - - ЛК - - - - &1000000000000001700000017 &100000000000000040000004 &100000000000000050000005 &100000000000000080000008 &1000000000000235300000023,53 отказ
мај. 2024   Јувентус А 2 1 1 0 КИ - - - - - - - - - - - - - - &100000000000000020000002 &100000000000000010000001 &100000000000000010000001 &100000000000000000000000 &1000000000000500000000050,00 привремен
Вкупно во карерата 122 46 32 44 8 4 1 3 - - - - - - - - &10000000000000130000000130 &1000000000000005000000050 &1000000000000003300000033 &1000000000000004700000047 &1000000000000384600000038,46

Млади

Статистиката е ажурирана на 18 мај 2024.

Сезона Екипа Првенство Национален куп Континентални купови Останати купови Вкупно Победи % Пласман
Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И ОН П Н И %
2022-2023   Јувентус КП1 34+1[49] 16 8+1 10 КИ-П 1 0 1 0 УМЛ 7 3 3 1 - - - - - &1000000000000004300000043 &1000000000000001900000019 &1000000000000001300000013 &1000000000000001100000011 &1000000000000441900000044,19 5. место
2023-2024 КП1 34 11 8 15 КИ-П 1 0 0 1 - - - - - - - - - - &1000000000000003500000035 &1000000000000001100000011 &100000000000000080000008 &1000000000000001600000016 &1000000000000314300000031,43 12. место
Вкупно Јувентус 69 27 17 25 2 0 1 1 7 3 3 1 - - - - &1000000000000007800000078 &1000000000000003000000030 &1000000000000002100000021 &1000000000000002700000027 &1000000000000384600000038,46

Титули

уреди
Јувентус
1996-1997, 1997-1998, 2001-2002, 2002-2003
2004-2005
1997, 2002, 2003
1996
1996
1999

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Stefano Bedeschi (3 септември 2016). „Gli eroi in bianconero: Paolo MONTERO“.
  2. Lelio Donato. „Un altro Montero alla Juventus: ingaggiato Alfonso, figlio di Paolo“. Goal.com. Посетено на 2 февруари 2023. Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  3. 3,0 3,1 Stefano Agresti (16 март 2000). „Montero senza freni: «Pur di vincere sono disposto a rubare»“. Corriere della Sera. стр. 44. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  4. 4,0 4,1 Emanuele Gamba (27 ноември 1995). „Montero, stile con sostanza“. la Repubblica. стр. 40.
  5. Paolo Forcolin; Salvatore Lo Presti; Nicola Berardino (3 февруари 2002). „Con Montero la Juve è blindata“. La Gazzetta dello Sport.
  6. 6,0 6,1 „E il primo trionfo da orfani chiude un'epoca bianconera“. la Repubblica. 11 мај 2003. стр. 38. Занемарен непознатиот параметар |authore= (help)
  7. Emanuele Gamba (23 февруари 2002). „Montero e Davids restano fuori“. la Repubblica.
  8. Lodovico Maradei (9 febbraio 2004). „Totti notte magica. Difesa Juve in tilt“. La Gazzetta dello Sport. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  9. Roberto Beccantini (31 декември 2008). „Paolo Montero: "Capisco Gerrard, io mi picchiavo con i tifosi viola". Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  10. „Montero Iglesias Paolo“. Архивирано од изворникот на 2019-02-17. Посетено на 2024-05-26. Занемарен непознатиот параметар |urlarchivio= (се препорачува |archive-url=) (help); Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  11. „Record individuali assoluti“. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 2 септември 2017. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  12. „The Great Centre-Backs“. Goal.com. Посетено на 12 February 2007.
  13. Luigi Giusa (4 април 2020). „Montero, l'agente Pasqualin rivela: "Doveva firmare con l'Inter, poi chiamò Moggi e gli dissi di andare a Torino". Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)[мртва врска]
  14. Stefano Agresti (15 октомври 1996). „Montero non si pente, la Juve lo assolve“. Corriere della Sera. стр. 42. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  15. „In tribunale la grana biglietti. Montero denunciato a Vicenza“. Corriere della Sera. 15 јануари 1997. стр. 40. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  16. „Juventus, storica batosta a Vigo“. 10 март 2000. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)[мртва врска]
  17. „Montero, il pugno costa tre giornate“. La Gazzetta dello Sport. 5 декември 2000.
  18. Francesco Fontana (25 јануари 2015). „Juventus-Inter 1-3, 29/11/2003, - Verso il 2 febbraio... WM, prendi nota“.
  19. 19,0 19,1 „Uruguay's Montero retires“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2007-09-29. Посетено на 2024-05-29. Занемарен непознатиот параметар |urlarchivio= (се препорачува |archive-url=) (help)
  20. Benjamin Strack-Zimmermann. „Mexico vs. Uruguay (2:2)“ (англиски).
  21. Yahoo. „A sad farewell for Montero“. Посетено на 13 February 2007.
  22. https://web.archive.org/web/20150227190928/http://juve-sportnews.myblog.it/2010/09/21/paolo-montero/. Архивирано од изворникот на 27 февруари 2015. Посетено на 22 јуни 2014. Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help); Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  23. „Montero tecnico del Peñarol: «Ho imparato alla Juve»“. 11 ноември 2014. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  24. „Pablo Bengoechea es nuevo entrenador de Peñarol de Uruguay“ (шпански). 23 декември 2014.
  25. „Rosario Central, Montero è il nuovo allenatore“. 3 јануари 2017.
  26. „Nuovi allenatori abilitati: ci sono Pirlo, Gilardino e Batistuta“. 27 септември 2018.
  27. „Paolo Montero è il nuovo allenatore della Samb“. 6 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-19. Посетено на 2024-05-29.
  28. G. Marzetti (30 јуни 2020). „Post Padova-Samb: le parole di Montero e del presidente Serafino“.
  29. Stefano Vivaldi (16 септември 2020). „Juventus, Pirlo allenatore abilitato: superato l'esame per il patentino Uefa Pro“.
  30. „Comunicato ufficiale“. 27 октомври 2020. Архивирано од изворникот на 2021-10-18. Посетено на 2024-05-30.
  31. „Ritorno in rossoblù per Montero“. 11 февруари 2021. Архивирано од изворникот на 2022-05-19. Посетено на 2024-05-30.
  32. „Matelica-Samb 3-1. Grande cuore Samb che cede solo nel finale. Finisce l'avventura playoff“. 9 мај 2021.
  33. „¡Muchos éxitos, Paolo!“ (шпански). 17 јуни 2021.
  34. „Entrenamiento en Ciudad Deportiva“ (шпански). 21 октомври 2021.
  35. „Under 23 e Under 19: Brambilla e Montero sono i nuovi allenatori“. 2022-06-28.
  36. „Sassuolo-Juventus Primavera, la sintesi“. 2023-06-02.
  37. „Genk - Juventus Under 19 | La sintesi“. 8 февруари 2023.
  38. „Under 19 | Frosinone-Juventus, la cronaca“. 2024-05-18.
  39. „Paolo Montero guiderà la Prima Squadra Maschile fino a fine stagione“. 19 мај 2024.
  40. „Bologna - Juve | Il racconto della gara“. 2024-05-20.
  41. „Calcio: la Juventus chiude vincendo, battuto il Monza 2-0“. 25 мај 2024.
  42. Бараж двомеч за квалификација во Куп на УЕФА/Интертото куп.
  43. 2 настапи во третото квалификациско коло.
  44. Плејоф.
  45. „Paolo Montero - AUF“. Посетено на 26 November 2020.
  46. Плејоф.
  47. Плејоф.
  48. Не се одржал поради Пандемија на КОВИД-19 во Аргентина.
  49. Плејоф.

Надворешни врски

уреди