Марк Јулијано (роден на 12 август 1973 година во Козенца) — поранешен италијански фудбалер кој играше како одбранбен играч, а најголемиот дел од својата кариера ја помина во италијанскиот гигант, Јувентус, во италијанската Серија А.

Марк Јулијано
Лични податоци
Роден на 12 август 1973(1973-08-12)(51 г.)
Роден во Козенца, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001910000001,91 м
Играчки податоци
Позиција централен одбранбен играч
Сегашен клуб Латина Латина (тренер)
Повлекување 18 март 2012 (како играч)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1990–1996 Салернитана Салернитана 83 (1)
1992-1993Болоња Болоња 24 (1)
1993–1994Монца Монца 16 (0)
1996-2004 Јувентус Јувентус 187 (7)
2005 Мајорка Мајорка 29 (4)
2006 Сампдорија Сампдорија 4 (0)
2006-2007 Месина Месина 21 (0)
2008 Равена Равена 10 (2)
Репрезентација
1998-2003 Италија Италија 19 (1)
Раководител на екипите
2012–2014 Павија Павија (Алиеви)
2014–2015 Латина Латина (Примавера)
2015– Латина Латина
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Клупска кариера

уреди

Јулијано ја започнал својата професионална кариера 1990 година во Салернитана и бил пратен на едногодишна позајмица во Болоња и Монца. Со враќањето во матичниот клуб, Јулијано станал стандарден играч. Како награда за неговите одлични игри во клубот, тој бил купен од страна на торинскиот гигант Јувентус.

Јулијано дебитирал за новиот клуб на 15 септември 1996 во натпревар од Серија А против Каљари кој Јуве го добил со резултат 2-1. Јулиано играл за клубот речиси една деценија, а за време на тој период Јувентус доминирал во Серија А и во Лигата на шампионите.

Во летото 2005 Јулијано како слободен играч прешол во редовите на Мајорка, но по само една сезона се вратил во Италија каде шест месеци настапувал за Сампдорија. По разочарувачката авантура во клубот од Џенова, Марк во летото 2006 потпишал за сицилијанската Месина со која за жал испаднал од Серија А. Пред да се повлече од професионалното играње фудбал, Јулиано настапувал уште за Равена.

Репрезентативна кариера

уреди

Јулијано дебитирал за Италија на 5 септември 1998 против Велс. Со националната селекција настапил на Евро 2000 на кое Аѕурите биле вицепрваци како и на Светското првенство 2002. Последниот натпревар во дресот на Италија го одиграл на 21 август 2002 во натпреварот против Словенија.

Титули

уреди

  Јувентус

уреди

Надворешни врски

уреди