Никола Д. Сарајлија – Македонски
Никола Д. Сарајлија – Македонски (Николчо Сарајлиев) е роден 25 јули 1958 година во Струмица, е поет и драмски автор и новинар.
Биографија
уредиОсновно училиште и Гимназија завршил во родниот град. Дипломирал Југословенска книжевност со македонски јазик на Филолошкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје. Работел како новинар и уредник во издавачка дејност. Живее и работи како драматург во НУЦК Антон Панов во Струмица.
Како ученик бил претседател на Литературната дружина и на КУД Сандански во Струмичката гимназија. Како студент бил претседател на Книжевниот клуб Мугри при Филолошкиот факултет и на Литературниот клуб Корени во Струмица, па претседател на ОК на Книжевна младина на Македонија во Струмица.
Потоа бил секретар на Општинската конференција на ССММ – Струмица, делегат во Републичката конференција на ССММ и делегат во Собранието на Општина Струмица. Бил командант на Младинска работна бригада, претседател на Еколошкото друштво Озон – Струмица, резервен офицер и овластен судски преведувач.
Во студентски денови соработувал во Студентски збор и Наш свет. Бил вработен во Центарот за радио и НИД како новинар-уредник во Радио Струмица и уредник на Струмички весник. Основач и главен и одговорен уредник на Струмица денес, Култум, Зенит, Комуналец и уредник на издавачката дејност во ДИУТ Макселин.
Учество на меѓународни поетски манифестации: Млада Струга, 1976; Гарави сокак, Инѓија, Србија, 2004 и 2005; Илинден, Скопје, 2008; Хаику средби Ренé Матоушек, Обровац, Хрватска, 2009.
Меѓународно претставување: Промоција на Промени и спомени, Сандански, Бугарија, 1993; Поетски портрет во Мелник и Петрич, Бугарија, 2017 и 2019.
Повеќекратно член на жири-комисии: Меѓународен фестивал Мелнички вечери на поезијата; Меѓународен фестивал на афоризам и карикатура Струмица.
Преведуван на бугарски, српски, хрватски, полски и италијански.
Застапен во поетски избори, панорами и антологии. Весници и списанија: Млад борец; Студентски збор; Мравка, македонско хаику списание, 10, 2008; Тренд: Сè е хаику, 3–4, 2009, Скопје; Бранувања, 12, 2015, Струга; Życie Grójca, ROK IX, 1 (89), 27 јануари 2017, Грóјец; Зенит, 1, 2018, Струмица; Современост, 3, 2019, Скопје.
Зборници и антологии: Алманах, Гимназија „Јане Сандански“, 1974, 1975, 1976 и 1977; Кад пјесмом планем пробајмо среќу, Познановец, 1981; Под своето небо, роднокрајна антологија, 1990; Мозаик на љубовта, УСО „Јане Сандански“, 1994; Гарави сокак, Инѓија: Книжевен клуб „Мирослав Мика Антиќ“, 2004 и 2005; Македонија, хаику, Скопје: Александар&Александар, 2008; Хаику зборник, 2. Хаику средби Ренé Матоушек, Обровац, 2009; Rondini e Haiku migrano a Capoliveri, светска антологија, Рим: Pagine, 2014 и 2015; Метрички карван, Гевгелија: Библиотека „Гоце Делчев“, 2015; Ѕвезден тласок, Скопје: Мирче Нешовски низ ѕвезденото небо, 2017; Поетски поздрав на Четрсе, Штип: Литературен клуб „Искра“, 2017, 2018 и 2019; Зборник савремене поезије, Белград: Креативна радионица „Балкан“, 2018; Распнат човек, антологија на современа македонска хаику поезија, Скопје: Македонија презент, Селект 3, 2020; Encyclopedia of poets and writers from around the world, Liric Graph, 2021.
Автор на неколку книжевни рецензии и научни трудови.
Дела
уредиАвтор на пет книги и две пиеси. Промени и спомени и Скала од вода преведени на бугарски во книгата Стълба от вода, заедно со неговата трета хаику објава Меѓи на сонот застапени се во електронската библиотека на Проектот Растко Македонија.
Промени и спомени е вклучена во електронското издание 15 роднокрајци и спаѓа меѓу првите македонски објави во духот на хаику, додека Продавач на илузии е една од ретките македонски збирки хаибуни. Симфонија од бои е насловот на неговата петта книга.
Автор на детските едукативни интерактивни театарски претстави:
Дружината на Лајко Сезнајко, праизведба на 2 мај 2018
Зелено ќоше, праизведба на 17 октомври 2020.
електронски објави:
– Промени и спомени. Скопје: НИП Магазин 21, 1992. [1] – Скала од вода. Скопје: ИД Макавеј, 2007. [2] – Меѓи на сонот. Скопје: КИ Феникс, 2009. [3] – Стълба от вода. Скопје: Макавеј, Софија: Мултипринт, 2008. [4] – Продавач на илузии. Скопје: КИ Феникс, 2014. – Симфонија од бои. Струмица: НУЦК Антон Панов, 2019.
Награди
уредиОпштински: Награда за патронатот на Гимназијата Јане Сандански; Награда за Денот на заштитниците на Струмица, 2001 и 2002.
Републички: Караманови средби, Радовиш, 1975; Мајски поетски средби, Кочани, 1976; Награда од весникот Трудбеник; награди за поезија, хаику и кратка проза Охридијада, 2018; Награда за севкупно творештво и Гран при за поезија Охридски бисер на поезијата, 2019.
Сојузни: Фестивал на југословенска поезија на младите, Врбас, Србија, 1977; Средба на млади поети и рецитатори, Познановец, Хрватска, 1981.
Меѓународни: Награда за хаику Мелнички вечери на поезијата, 2015; Награда Книжевни бранови, Струшки книжевни средби, 2016; Награда Ars poetica, Фестивал на чајот и читањето, Скопје, 2019; Награда за хаику Поетска гала, Штип, 2020; Златна плакета Светска поетска асоцијација, 2021.
Учество на меѓународни поетски манифестации: Млада Струга, 1976; Гарави сокак, Инѓија, Србија, 2004 и 2005; Илинден, Скопје, 2008; Хаику средби Ренé Матоушек, Обровац, Хрватска, 2009.
Добитник на општински, републички, сојузни и меѓународни награди за поезија. Општински: Награда за патронатот на Гимназијата Јане Сандански; Награда за Денот на заштитниците на Струмица, 2001 и 2002.
Републички: Караманови средби, Радовиш, 1975; Мајски поетски средби, Кочани, 1976; Награда од весникот Трудбеник; награди за поезија, хаику и кратка проза Охридијада, 2018; Награда за севкупно творештво и Гран при за поезија Охридски бисер на поезијата, 2019.
Сојузни: Фестивал на југословенска поезија на младите, Врбас, Србија, 1977; Средба на млади поети и рецитатори, Познановец, Хрватска, 1981.
Меѓународни: Награда за хаику Мелнички вечери на поезијата, 2015; Награда Книжевни бранови, Струшки книжевни средби, 2016; Награда Ars poetica, Фестивал на чајот и читањето, Скопје, 2019; Награда за хаику Поетска гала, Штип, 2020; Златна плакета Светска поетска асоцијација, 2021.