Мишел Павловски е македонски театролог, книжевен критичар, научен истражувач и универзитетски професор.

Мишел Павловски
Занимањепрофесор, театролог, книжевен критичар
НационалностМакедонец
Државјанствомакедонско
ОбразованиеРуска академија за театарски уметности (ГИТИС); Интердисциплинарни студии по новинарство - УКИМ
ПредметСовремена македонска книжевност
Книжевно движењемакедонска книжевност, театрологија, книжевна теорија
мрежно место
https://mpavlovski.com/mk/

Биографија

уреди

Мишел Павловски е редовен професор по културолошки студии на Институтот за македонска литература при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Неговото поле на истражување вклучува културолошки студии, студии за медиумите и студии за театарот. Кораководител на проектот „Македонска книжевна енциклопедија (автори и дела). Бил раководител и главен истражувач на проектот „Македонската литературна дата база“. Главен и одговорен уредник на меѓународното научно списание „Спектар“ (2010-2012). Еден од основачите и член на Редакцијата на меѓународното научно списание „Култура/Culture“. Работел како новинар и објавил околу 200 прилози од потесната специјалност во периодиката и дневниот печат.

Како член на Друштвото на писателите на Македонија бил член на претседателството на ДПМ и негов секретар за внатрешни активности. Членства во научни и други професионални асоцијации; IBS – International Brecht Society; STR – The Society for Theater Research и др.

Награди

уреди

Мишел Павловски е добитник на наградите:

„Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за книгата „Македонија: вчера и денес“ (заедно со Јован Павловски, 1997);

„Гоце Делчев“ колективната награда за наука за проектот „Театарот на македонска почва“ (2003)[1].

Дела

уреди

• Од првична идеја до држава (заедно со Јован Павловски, 1993);

• Македонија: вчера и денес (заедно со Јован Павловски, 1996);

 

• Чиста игра – биомеханиката во режисерскиот систем на В. Е. Мејерхољд (1998);

• Театарот на македонска почва (соавтор) (2003);

• Театарот и митот – митопоетските елементи во современата македонска драматургија (2004);

• Тесписовите светови (2014)

Наводи

уреди