Лидија или сè што знам за жените

„Лидија или сè што знам за жените“ — поетски роман на македонскиот писател Тихомир Јанчовски, издаден во 2018 година во сопствено издание.

„Лидија или сè што знам за жените“
АвторТихомир Јанчовски
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрпоетски роман
Издавачавторот
Издадена
2018
Медиумпечатено издание
Страници123
ISBN978-608-66211-1-7

Содржина

уреди

Поетскиот роман „Лидија или сè што знам за жените“ од Тихомир Јанчовски во издание на авторот е поетски роман напишан во еден здив, или како што кажува авторот за пет дена. „Лидија или сè што знам за жените“ е прво прозно дело на овој автор во жанрот поетски роман и претставува една луцидна и автобиографска приказна за „Поетот, музата, неговите приказни и нејзиното читање“. .[1] „Лидија, или сè што знам за жените“ од Тихомир Јанчовски е погледот на светот на поетот, авторот. Не оптоварувајќи се дали ќе се допадне не читателот, на спонтан начин, успева да напише дело кое се чита во еден здив. Мислата на авторот тече како вода, а стилот е толку едноставен, што читателот се чувствува како да разговара со авторот. Овој роман се застапени современи, секојдневни и универзални теми. Претставува роман за убавото. За убавината на животот. Јанчовски, дури и кога пишува за тешки и мрачни теми, тоа го прави на едноставен, природен, благ начин. Така, тој ја опишува сончевата Битола која живее вистински. Широк Сокак е секако тука она збиралиште каде врие од луѓе кои го сакаат животот. Обичните луѓе се носителите на дејството, но исто толку убава е и осаменоста; „тагата е пожелна исто колку радоста, а обичната жена станува муза. Животот како да е овде и сега, едноставен и полн со смисла- пишува за овој роман Лидија Митоска-Ѓорѓиевска“ [2]

Наводи

уреди
  1. Тихомир Јанчовски, Лидија или сè што знам за жените, сопствено издание, 2018 стр.5
  2. https://lektira.mk/kritika/za-romanot-lidija-ili-se-sto-znam-za-zenite/