Тихомир Јанчовски

Тихомир Јанчовски е современ македонски поет, писател и преведувач.

Биографија и творештво

уреди

Јанчовски е роден во 1967 во Скопје. Дипломирал општа и компаративна книжевност на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, 1991 година. Специјализирал во Будимпешта, на катедрата за Средновековни студии на Централно Европскиот Универзитет. Се занимава со поезија, превод, медиевистика. Живеел на многу места во Македонија и светот: Скопје, Охрид, Брисел, Сежана, Постојна, Будимпешта, Лондон, Амстердам, Робово, Брајчино, Скијатос, Сараево. Работел многу професии, најмногу како професор по литература и светска историја. Досега објавил над триесет книги, главно поезија, преводи, романи и една книга историја. Има правено и претстави. Живее и работи во Скопје и на Скопска Црна Гора. Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија (Млад борец, Студентски збор, Proglas, Texas Poetry Review, Život, Journal, Blesok, Voix Mediteranee…) Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, грузиски, персиски и италијански јазик. Има направено превод на Руми „Два света“.[1]

Книжевно творештво

уреди

Досега ги има објавено следниве книги:

  • Обични зборови, Табернакул, 1999;
  • Два, Кинематика, 2002;
  • Последно време, Блесок, 2005;
  • Осама, Или-или, 2010;
  • О, ти, Темплум, 2011;
  • Староста може, а и не мора да се дочека, Матица, 2013;
  • Од збор до збор, (избор), Антолог, 2016;
  • Игла и конец, Матица, Скопје, 2016;
  • Godine, Buybook, Sarajevo, 2017;
  • The noise of Loneliness, Inner Child Press, New Jersey, 2018;
  • Влакно на јазикот, Матица македонска,2018;
  • Лидија или сѐ што знам за жените, во сопствено издание од 2018 е негов прв поетски роман.[2]
  • Како ми скроија капа, колумни, Матица, Скопје, 2018
  • Тихување, сопствено издание, 2019
  • Лидија, или сѐ што знам за жените (аудиокнига), 2019
  • Сѐ што знам за животот, роман-дневник, сопствено издание, Скопје, 2020
  • Последно време, Стрип Квадрат, Скопје, 2021
  • Несреден век, Стрип Квадрат, Скопје, 2021
  • Приказни за деца и животни, Сивејан, Скопје, 2022
  • Патина, роман-дневник, Стрип Квадрат, Скопје, 2022
  • Ден-година, сопствено издание, Скопје, 2023

Од 2013 до 2016 објавувал колумни во Утрински весник, во рубриката „Рурбано“. Има и издадено книга колумни „ Како ми скроија капа и други записи“ (декамври 2018). Од 2021 објавува колумни во месечникот „Економија и Бизнис“.

Останати дела од авторот:

  • Св. Пантелејмон, Нерези, историја, архитектура, живопис (мултимедијално ЦД, комплетно авторство Т.Ј) , Табернакул, Скопје, 2000
  • Пештерските цркви во Македонија (сценарио за док. филм) , Дигитпроп, Скопје, 2001
  • Монаштвото во Македонија, Сигмапрес, Скопје, 2010 (современа историја).
  • Ќелешот и змијата, адаптација за претстава, 2023

Преводи

уреди
  • Ава Антониј, Атанасиј од Александрија,Табернакул, Скопје, 1997
  • Историја на светот, Плантаџенет Сомерсет Фрај, Просветно дело, Скопје, 2001
  • За молитвата, извадоци од Добротољубието, Taбернакул, Скопје, 2004
  • Живи мошти, Иван С. Тургењев, Православен пат, Скопје, 2007
  • Нерези, Донка Б. Трајковска (на англиски), Сигмапрес, Скопје, 2006
  • Три најважни вистини за човекот, Иван Маринковиќ, Скопска Митрополија, 2008
  • Пиратологија, Даглас Хир, Табернакул, Скопје, 2008
  • Компаративен уставен инженеринг, Џовани Сартори, Табернакул, Скопје, 2009
  • Корупција и власт, Сузан Роуз Ејкерман, Центар за граѓански комуникации, Скопје 2012.
  • Господар на Скопје и други песни, Ахмед Буриќ, Готен, Скопје, 2015
  • Два света, Мевлана Џелалудин Руми, Матица, Скопје, 2018
  • Мајчин јазик и други песни, Ахмед Буриќ, Блесок, Скопје, 2018
  • Условна слобода, антологија на современата БХ поезија, Скопје, 2018
  • Записи за молитвата, Евагриј Понтиски, Метаноја, Скопје, 2018 [3]
  • Бескрајни можности, Мајк Дули, Матица, Скопје, 2020
  • Без граници, Џим Квик, Матица, Скопје, 2021
  • Крв и убавина, Сара Дунант, Матица, Скопје, 2021

Наводи

уреди
  1. Тихомир Јанчовски, Лидија или сè што знам за жените, 2018, Стр. 122
  2. Тихомир Јанчовски, Влакно на јазикот, 2018, Стр. 97
  3. https://lektira.mk/avtor/tihomir-jancovski/

Поврзано

уреди