Јазици во Европа

(Пренасочено од Европски јазици)

Повеќето од јазиците во Европа се од индоевропско потекло. Тие се поделени во голем број на подгрупи, вклучувајќи ги романската, германската, балтословенската, грчката и други. Уралските јазици исто така имаат присуство во Европа, вклучувајќи ги националните јазици унгарски, фински и естонски. Туркиската и Монголската група исто така имаат неколку европски членови, додека севернокавкаската и картвелската група се важни за југоисточните делови на географска Европа. Баскискиот јазик на западните Пиринеи е изолиран јазик неповрзан со никоја друга група, додека малтешкиот е единствениот семитски во Европа со национален јазичен статус.

Карта на јазици што се користат низ Европа
Карта на јазици што се користат низ Европа.
Азбуки кои се користат во Европа:
  Латиница и кирилица
  Грчка и латиница
Азбуки кои се користеле во Европа во 1900:
  Латиница: стара варијанта

Индоевропски јазици

уреди

Индоевропското јазично семејство потекнува од праиндоевропскиот јазик, кој се верува дека се говорел илјадници години претходно. Индоевропските јазици се говорени низ цела Европа, но делумно доминираат во Западна Европа.

Албански јазик

уреди

Албанскиот јазик има два главни дијалекта, гегски и тоскански. Јазикот нема свои сестрински јазици во рамките на индоевропските јазици и најмногу се зборува во Албанија, Косово и Македонија, и делови од Црна Гора, Србија, Турција, југоисточна Италија и Грција. Имигрантите го говорат и во други земји.

Ерменски јазик

уреди

Ерменски има два главни дијалекти, западноерменски и источноерменски. Зборуван е во Ерменија, каде има службен статус и во соседните Грузија, Иран и Азербејџан. Исто така, се зборува и во Турција од многу мало малцинство и од мали малцинства во други земји, каде членовите на широко распространетата ерменска дијаспора престојуваат.

Балтички јазици

уреди
 
Балтички јазици.

Балтичките јазици се зборувани во Литванија (литвански, самогитиски) и Летонија (летонски, латгалски). Самогитиски и латгалски обично се сметаат за дијалекти на литванскиот и летонскиот соодветно.

Курскиот јазик е скоро исчезнат: бил говорен околу Курскиот Залив, кој сега е поделен помеѓу Литванија и Калининградската Област. Постојат и неколку исчезнати балтички јазици, вклучувајќи ги прускиот и јатвиншкиот.

Келтски јазици

уреди

Келтските јазици се посебна група индовропски јазици кои ги опфаќаат британските јазици, односко велшки јазик, бретонски јазик и корнски јазик. Овие јазици се зборуваат во Велс, Бретања (Франција) и југозападна Англија.

Останатиот дел од келтските јазици се гојделските јазици кои ги опфаќаат ирскиот јазик, шкотскиот јазик и манскиот јазик. Овие јазици се зборуваат во Ирска, Шкотска и островот Ман.

Германски јазици

уреди
 
Западногермански јазици Северни германски јазици
  Источни скандинавски (дански, елфдалски, шведски)
  западни скандинавски (фарски, исландски, норвешки)

Германските јазици се доминантни јазици во северозападна Европа, односно регионот од Исланд до Шведска и од Ирска до Австрија. Денес, само две голми германски групи опстојуваат, односно живи се запандогерманските и северногерманските јазици. Источногерманските јазици денес се мртви јазици, само готскиот јазик денес може да се сретне само во пишана форма.

Западногермански јазици

уреди

Оваа група германски јазици се дели на три големи подгрупи: англофризиски јазици, германски јазик, долнофранконски јазици.

Англофризиски јазици
уреди

Англофризиските јазици се составени од две главни групи:

Германски јазик
уреди

Германскиот јазик се зборува во Германија, Австрија, делови од Швајцарија и Луксембург. Овој јазик е составен од повеќе големи дијалектни групи.

Северногермански јазици

уреди

Северногерманските јазици се зборуваат во Скандинавија и ги опфаќаат следните јазици: дански јазик (Данска), норвешки јазик (Норвешка), шведски јазик (Шведска), елфдалски јазик (Шведска), фарски јазик (Фарски Острови) и исландски јазик (Исланд).

Грчки јазик

уреди

Грчкиот јазик е дел од индоевропските јазици, но нема свои сестрински јазици. Тој сочинува посебна гранка во индоевропското јазично семејство, исто ако албанскиот и ерменскиот.

Индоирански јазици

уреди

Индоиранските јазици се делат на две групи, односно еднате е индоариски јазици каде се наоѓа ромскиот јазик и другата е ирански јазици каде се опфатени курдскиот и осетскиот јазик. Постојат и други јазици, но овие се зборувани во Европа.

Романски јазици

уреди
 
Романски јазици.

Романските јазици се сите наследници од стариот латински јазик кој се зборувал во Римското Царство. Меѓу најгомемите романски јазици се: шпански јазик, италијански јазик, португалски јазик, романски јазик француски јазик и каталонски јазик. За подетален преглед на сите романски јазици, видете ја статијата романски јазици.

Словенски јазици

уреди

Источнословенски јазици

уреди

Во оваа група јазици се опфатени следните: руски јазик (Русија), украински јазик (Украина), белоруски јазик (Белорусија), русински јазик (Украина) и панонскорусински јазик (Србија).

Запсднословенски јазици

уреди

Во оваа група јазици спаѓаат: чешки јазик (Чешка), словачки јазик (Словачка), кашупски јазик (Полска), шлески јазик (Полска), полски јазик (Полска), и лужичкосрпски јазик (Германија).

Јужнословенски јазици

уреди

Во оваа група спаѓаат: македонски јазик (Македонија), босански јазик (Босна и Херцеговина), бугарски јазик, хрватски јазик (Хрватска), црногорски јазик (Црна Гора), српски јазик (Србија) и словенечки јазик (Словенија).

Баскиски јазик

уреди

Баскискиот јазик е јазичен изолат кој се зборува во регионот Баскија во западните делови на Пиринеите односно северна Шпанија и јужна Франција. Баскискиот се поврзува со аквитанскиот јазик. Овој јазик најверојатно се зборувал и пред да дојдат индоевропските јазици на тлото на Европа.

Кавкаски јазици

уреди
 
Етно-лингвистичка карта на Кавкаскиот регион.

Јужни кавкаски јазици

уреди

Јужните кавкаски ги опфаќаат картвелските јазици, меѓу кои се грузиски јазик, свански јазик и лазки јазик.

Северни кавкаски јазици

уреди

Овие јазици не се во сродство со картвелските јазици и се зборуваат во Русија и северните делови на кавксакиот регион.

Угро-фински јазици

уреди

Во Европа следните јазици се застапени: естонски јазик, фински јазик и унгарски јазик.

Алтајски јазици

уреди

Најзастапен алтајски јазик на територијата на Европа е турскиот јазик. За подетален преглед на оваа група јазици водете алтајски јазици.

Семитски јазици

уреди

Кипарски маронитски арапски јазик

уреди

Маронитскиот арапски јазик е варијанта на арапскиот јазик кој се зборува од помала група на Маронити во Никозија, Република Кипар. Овој народ бил населен на островот пред 700 години и јазикот со кој се служат е под силно влијание на грчкиот јазик.

Хебрејски јазик

уреди

Хебрејскиот јазик е семитски јазик кој се зборува оригинално во Израел. Овој јазик бил доста застапен во Европа преку еврејските заедници во сите европски држави. Денес бројот на еврејските заедници во Европа е намален за разлика од минатото поради познатите историски околности.

Малтешки јазик

уреди

Малтешкиот јазик е семитски јазик со поглемо романско и германско влијание. Јазикот се зборува во Малта. Јазикот е заснован на сицилијански арапски јазик и е единствениот семитски јазик кој се пишува со латиница.

Наводи

уреди

Поврзано

уреди

Користена литература

уреди
  • Everson, Michael (2001). „The Alphabets of Europe“ (англиски). evertype.com. Посетено на 19 март 2010.
  • Reissmann, Stefan; Argador, Urion (2006). „Luingoi in Europa“ (есперанто, англиски, и германски). Reissmann & Argador. Архивирано од изворникот на 2009-06-22. Посетено на 2 ноември 2009.
  • Zikin, Mutur (2005–06). „Europako Mapa linguistikoa“ (баскиски). muturzikin.com. Посетено на 2 ноември 2009. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)