Свански јазик
Свански јазик (ლუშნუ ნინ, лушну нин; грузиски: სვანური ენა, сванури ена) — јужнокавкаски јазик кој се зборува во областа Сванетија во северозападна Грузија. Овој јазик сочинува една гранка од јужнокавкаските јазици, додека другата гранка ја сочинуваат картозанските јазици. За сванскиот јазик се верува дека прв се одделил од пракартвелскиот јазик во 2 милениум п.н.е.
Свански јазик | |
---|---|
ლუშნუ ნინ Lušnu nin | |
Изговор | luʃnu nin |
Застапен во | Грузија |
Говорници | помалку од 30.000[1]; 15.000 [2] |
Јазично семејство | јужнокавкаски
|
Писмо | ретко (скоро никогаш) не е пишан, а ако е, тогаш се користи грузиска азбука |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | sva |
Особености
уреди- Сличности со останатите јужнокавкаски јазици
Како и останатите јужнокавкаски јазици, така и сванскиот јазик има голем број согласки во својот фонолошки систем. Исто така, јазикот мора да има согласност меѓу подметот и предметот. Глаголите во сванскиот јазик имаат аспект, евидентност и намера.
- Засебни одлики
Во сванскиот јазик опстојува безвучниот воздушен меконепчан плозивен глас /qʰ/, но и гласовите /w/ и /j/. Исто така, јазикот има поголем број самогласки одошто грузискиот, а додека горнобалскиот дијалект има вкупно 18 самогласки, различни по должина, и воедно тоа е говор со најмногу самогласки во Кавказот. За разлика од останатите јужнокавкаски јазици, граматиката не е сосема правилна во сванскиот јазик и има значителни разлики во инфлекцијата на глаголите.
Распространетост
уредиСванскиот јазик е мајчин јазик на околу 30.000 Сванци кои живеат во планините на Сванетија во Грузија. Покрај нив, има мала сванска заедница која живее во Абхазија, каде се проценува дека има околу 2.500 жители.[1]
Сванскиот јазик се користи низ домовите и за општа комуникација на Сванците. Овој јазик нема пишана стандардизација и нема службен стгатус. Голем дел од Сванците зборуваат и грузиски јазик, службениот јазик на државата и го користат истиот како писмен јазик и јазик за трговија. Поради барањето подобра економска стабилност, овој јазик е во опаѓање, но исто така врз тоа влијае и фактот што овој јазик не се користи во образованието. Сванскиот јазик се смета за загрозен јазик и е помалку застапен кај помладото население.
Дијалекти
уредиСванскиот јазик е составен од следните дијалекти:
- Горнобалски дијалект - овој дијалект го зборуваат околу 15.000 жители,
- Долнобалски дијалект - овој дијалект го зборуваат околу 12.000 жители,
- Лашк дијалект,
- Лентечки дијалект.
Наводи
уредиКористена литература
уреди- Kevin Tuite, Svan. Université de Montréal. ISBN 3-89586-154-5.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Страница за свански јазик на руски.
- Сванскиот јазик на страницата на Етнолог
- Сванскиот јазик на TITUS[мртва врска]
- ECLING - свански јазик
- Сванетија, свански јазик, свански песни Архивирано на 11 март 2007 г.
- Свански јазик и азбука на Omniglot