Отвори го главното мени

Луксембуршкиот јазик (Lëtzebuergesch; француски: Luxembourgeois, германски: Luxemburgisch, холандски: Luxemburgs, валонски: Lussimbordjwès) е горногермански јазик што се говори претежно во Луксембург, но и во други земји. Јазикот има вкупно 400.000 говорници.[1]

Луксембуршки
Lëtzebuergesch
Изговор[ˈlœt͡səbuɐ̯jəʃ]
Застапен воЛуксембург, Белгија, Франција, Германија
ПодрачјеСредна Европа
Говорници320.000  (1998)
Јазично семејство
Писмолуксембуршка азбука
Статус
Службен во Луксембург
Признаен како малцински воБелгија (признаен во (Француската заедница)
Регулативен органПостојан совет за луксембуршки јазик (CPLL)
Јазични кодови
ISO 639-1lb
ISO 639-2ltz
ISO 639-3ltz
{{{mapalt}}}
Говорното подрачје на луксембуршкиот (исенчено) и сродниот мозелфранконски јазик.
Државното гесло на Луксембург: Mir wölle bleiwe wat mir sin („Сакаме да останеме она што сме“)

УпотребаУреди

Како што гласи неговото име, луксембуршкиот е државен јазик на Луксембург и еден од трите службени јазици во земјата (заедно со францускиот и германскиот).[2]

Јазикот се говори и во областа Арелерланд во Белгија (дел од покраината Луксембург) и во мали делови од Лорена во Франција.

Во регионите Ајфел и Хунсрик во Германија и Лорена во Франција е застапено сличното мозелфранконското наречје на германскиот јазик.

НаречјаУреди

Постојат неколку наречја на луксембуршкиот јазик: арелски (од Арлон), ехтернашки (Ехтернах), клиерверски (Клерво), мизелски (Мозел), штатски (Луксембург), вајнски (Вијанден), минетски (Јужен Луксембург) и велчки (Вилц).

Со зголемената подвижност на населението и масовните медиуми, наречјата тежнеат кон претопување во еден стандарден јазик по пат на коинизација.

Околни јазициУреди

Не постои јасна граница помеѓу луксембуршкиот и сродните горногермански наречја во околината (како на пр. лоренофранконскиот) бидејќи сите тие образуваат дијалектен континуум и разликите се постепени. Меѓутоа, треба да се напомене дека јазикот е неразбирлив за говорниците на германскиот, францускиот и другите романски јазици. Иако има германска основа, луксембуршкиот во голема мера се разликува од самиот германски по големиот број на француски заемки.

АзбукаУреди

Луксембуршката азбука е има 26 обични латинични букви и уште три посебни: é, ä и ë. Во заемките од француски и горногермански се запазуваат матичните букви од тие јазици:

  • француски: Boîte, Enquête, Piqûre и тн.
  • германски: blöd, Bühn (но герм. Bühne), и тн.

Ајфелско правилоУреди

Како и многу други западногорногермански наречја, луксембуршкиот го изоставува завршното n и nn во извесни случаи. Ова важи како за говорот, така и во пишувањето. На пример:

  • wann ech ginn „кога ќе одам“, но wa mer ginn „кога ќе одиме“
  • fënnefandrësseg „триесет и пет“, но fënnefavéierzeg „четириесет и пет“.

ФонологијаУреди

СамогласкиУреди

Правопис МФА Пример
a ɑ Kapp
Kap
aa waarm
ä æ Käpp
e Decken
ə liesen
ë hëllefen
é e drécken
ee Been
i i Gitt
siwen
ii Kiischt
o ɔ Sonn
droleg
ɔː So
oo Sprooch
u u Hutt
Tut
uu Luucht

Правопис МФА Пример
ai ai Gebai
ei deier
éi ei Schnéi
au au Mauer
ɛːu Maul
äi ɛːi räich
oi ɔi Moien
ou ou Kou

Правопис МФА Пример
ae aːə Aen
ie iːə liesen
oe oːə Joer
ue uːə Buedem
äe ɛːə Päerd

ГраматикаУреди

Луксембуршкиот има три рода (машки, женски и среден) и три падежи (номинатив, акузатив и датив). Како и во германскиот, не постои разлика во родовите кога се во множина.

Постојат два вида на придавки: својствени (атрибутивни) и прирокови (предикативни). Вториот вид се јавува во глаголи како sinn („е“) и не добиваат наставка.

Збороредот е ист како во германскиот и холандскиот јазик второприрочен (V2), т.е. каде прирокот е втор во независна исказна реченица, веднаш по тематскот дел.

ЛексиконУреди

Луксембуршкиот има многу заемки од францускиот. Други зборови се разликуваат од горногерманските, но имаат свои пандани во дијалектите. Трети пак, се чисто луксембуршки зборови.

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „Le nombre de locuteurs du luxembourgeois revu à la hausse“ (PDF). конс. 8 ноември 2012. 
  2. Mémorial A no. 16 (27 февруари 1984), стр. 196–7: "Loi du 24 février 1984 sur le régime des langues".
  • Bruch, Robert. (1955) Précis de grammaire luxembourgeoise. Bulletin Linguistique et Ethnologique de l'Institut Grand-Ducal, Luxembourg, Linden. (2nd edition of 1968)
  • Schanen, François and Lulling, Jérôme. (2003) Introduction à l'orthographe luxembourgeoise. (text available in French and Luxembourgish)

Надворешни врскиУреди

Издание на Википедија — слободната енциклопедија на луксембуршки јазик