Пруски јазик — изумрен балтички јазик, некогаш зборуван од населението на Прусија, што подоцна станала Источна Прусија а денес е североисточна Полска и Калининградската Област во Русија. Јазикот се нарекувал “Prūsiskan” (пруски) или “Prūsiskai Bilā” (прускиот јазик). Неколку верзии на јазикот постојат во Полска и Литванија за кои се сметаат дека се дел од стариот пруски јазик.

Пруски јазик
Prūsiskai Bilā
Изговорпрусискај била
Застапен воПрусија
ПодрачјеЕвропа
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-1pg
ISO 639-2prg
ISO 639-3prg
{{{mapalt}}}

Такит во својата книга Germania, спомнува народ Æsti за кој се тврди дека всушност се старите Пруси. Тој ги опишува како дел од германските племиња, но со многу келтски одлики.

Стариот пруски јазик е сличен со другите исчезнати балтички јазици, со курскиот јазик и судовинскиот јазик. Исто така многу е сличен и со постоечките источнобалтички јазик, литвански јазик и латвиски јазик. Големи сличности има и со словенските јазици. Како пример на тоа за земја на пруски е zemē' а на словенските јазици скоро секаде е слично - земја или земля.

Примери од јазикот

уреди
Превод фраза
Пруски јазик Prūsiskan
Здраво Kaīls
Добро утро Kaīls Anksteīnai
Довидување Ērdiw
Благодарам Dīnka
Колку? Kelli?
Да
Не Ni
Каде е тоалетот? Kwēi ast Spektāstuba?
(Наздравица) Kaīls pas kaīls aīns per āntran
Дали зборувате англиски? Bilāi tū Ēngliskan?