Естонскиот јазик (Естонски: eesti keel) се говори од околу 1,1 милион луѓе, од кои најмногу живеат во североисточно Европската држава Естонија.
Естонски јазик
|
|
Писмо |
латиница
|
Пример |
Прв член од „Декларацијата за човекови права“
|
Текст |
Kõik inimesed sünnivad vabadena ja võrdsetena oma väärikuselt ja õigustelt. Neile on antud mõistus ja südametunnistus ja nende suhtumist üksteisesse peab kandma vendluse vaim.
|
Македонски |
Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.
|
Портал: Јазици
|
Естонскиот јазик припаѓа на финскиот огранок од Угро-Финските јазици. Тој не е поврзан со неговиот јужен соседен јазик латвијски јазик, кој е Балтички јазик сроден со литванскиот. Естонскиот е сроден со финскиот јазик и не толку со унгарскиот.
Една од одделните карактеристики на естонскиот е таа што тој го има она што традиционално се гледа како три степени на фонемска должина: кратка, долга и предолга. Практично, разликата меѓу долгата и предолгата фонемска должина е како акцентот на слогот (со висина на тонот), така и траењето. Долгите и предолгите самогласки не се разграничени во пишаниот естонски јазик, но согласките се јавуваат во пишувањето со три "степени": b,d,g; p,t,k и pp;tt;kk (сите незвучни согласки).