Фризиски јазици
група германски јазици
Фризиските јазици се јазично семејство од групата на западногермански јазици. Овие јазици ги зборува фризиската етничка група која живее покрај Северното Море во Данска, Холандија и Германија. Вкупниот број на луѓе кои зборуваат фризиски јазици изнесува околу 500.000. Говорот на овие јазици бил најблизок со староанглискиот јазик.
Фризиски јазици | |
---|---|
Frysk / Fräisk / Frasch /Fresk / Freesk / Friisk | |
Застапен во | Холандија, Германија, Данска |
Јазично семејство | индоевропско
|
Писмо | фризиска азбука |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | – |
Во групата постојат три посебни наречја кои се заемно неразбирливи. Затоа тие не се сметаат за дијалекти, туку за варијанти или посебни јазици. Тие се:
- западнофризиски јазик
- затерландски фризиски јазик (источнофризиски)
- севернофризиски јазик
Сите тие водат потекло од старофризискиот, кој бил многу сличен на староанглискиот (англосаксонски) јазик.
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Фризиски јазични ресурси на Омниглот
- Tresoar
- „Истражување“. Фризиска академија. Архивирано од изворникот на 2009-02-05. Посетено на 2010-09-02.
Оваа статија поврзана со индоевропските јазици е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |