Горногермански јазици
Горногермански јазици или горногермански наречја[1] (германски: hochdeutsche Mundarten) — група наречја на германскиот јазик кои се говорат јужно од Бенратската и Ирдингенската изоглоса во средна и јужна Германија, Австрија, Лихтенштајн, Швајцарија, Луксембург и источна Белгија, како и соседните делови од Франција (Елзас и северна Лотарингија), Италија (Јужен Тирол), Чешка (Бохемија) и Полска (Горна Шлеска). Застапени се и во дијаспората во Романија, Русија, САД, Бразил, Аргентина, Мексико, Чиле и Намибија.
Горногермански јазици | |
---|---|
Географска распространетост: | германојазична Европа
|
Класификација: | индоевропски
|
Гранки: |
Групата ја одликува горногерманското поместување на согласките, што ја дели од долногерманската (долносаксонска) и долнофранконската (вклучувајќи го холандскиот) во склоп на континенталниот западногермански дијалектен континуум.
Класификација
уредиКако стручен поим, „горно-“ потекнува од наречјата во попланинските делови на Германија, од кои произлегле литературниот (стандарден) германски, јидиш и луксембуршкиот. Се однесува на Германското Средногорје и алпските подрачја на средна и јужна Германија; тука влегуваат и Луксембург, Австрија, Лихтенштајн и најголемиот дел од Швајцарија. Наспроти ова имаме долногермански говори, кои се зборуваат во низинските краишта и долж рамните крајбрежја на Северногерманската Низина.
Горногерманските јазици во оваа поширока смисла можат да се поделат на горногермански дијалекти (Oberdeutsch, каде спаѓаат австриските и швајцарските дијалекти), средногерманските (каде влегува луксембуршкиот, кој самиот денес е литературен) и горнофранконскиот, кој е преоден.[2]
Се разликуваат од другите западногермански јазици по тоа што има го имаат претрпено горногерманското поместување на согласките oколу 500 г. Еве споредба:[3]
Македонски | Долнгоермански | Горногермански | Поместување |
---|---|---|---|
тава | Pann | Pfanne | од [p] во [p͡f] |
два | twee | zwei | од [t] во [t͡s] |
прави | maken | machen | од [k] во [x] |
Кај најјужните горноалемански дијалекти се случило уште поголемо поместување; Sack се изговара [z̥ak͡x] (од [k] во [k͡x]).
Историја
уредиСтарогорногерманскиот настанал околу 500 г. Околу 1200 г. швапските и источнофранконските дијалекти на средногорногерманскиот се наметнале како дворски и поетски јазици под власта на дијастијата Хоенштауфен.
Поимот „горногермански“ во средна и јужна Германија (Горна Саксонија, Франконија, Швабија, Баварија) и Австрија првпат е засведочен во XV век. Постепено истиснувајќи ги долногерманските наречја почнувајќи од раниот нов век, раноновогорногермански наречја, особено источносредногерманските на Лутеровата Библија ги удриле темелите за создавањето на литературниот германски.[4]
Семејство
уредиПоделбата на потсемејства и групи на германските говори не е јасно определена, бидејќи највеќето се прелеваат еден во друг, при што соседните се меѓусебно разбирливи, а одделените не се. Покрај ова, никогаш не постоел „прагорногермански јазик“. Од овие и други причини, замислата да се претстават западногерманските јазични облици во дрво е доста спорна меѓу јазичарите. Следнава класификација треба да ја има предвид таа поставеност на нештата.
- средногермански дијалекти
- источносредногермански, вкл. литературниот германски[5]
- тириншки
- горносаксонски, вкл. рудноплаински
- јужномарковски
- лужички
- шлески (денес застапен меѓу германското малцинство во Горна Шлеска, Полска)
- горнопруски (речиси изумрен)
- западносредногермански дијалекти
- среднофранконски
- рајнскофранконски
- фалечки, вкл. лотариншкофранконски (Франција)
- пенсилвански (во САД и КАнада)
- хесенски
- фалечки, вкл. лотариншкофранконски (Франција)
- источносредногермански, вкл. литературниот германски[5]
- горнофранконски, во преодното подрачје помеѓу средногерманскиот и горногерманскиот
- горногермански дијалекти (Oberdeutsch)
- алемански во поширока смисла или западногорногермански, вклучувајќи ги швајцарските дијалекти
- баварски or источногорногермански (Ostoberdeutsch), вкл. австриските дијалекти
- севернобаварски
- среднобаварски, вкл. виенски
- јужнобаварски, вкл. мокенски во Трентино, Италија
- цимбриски (речиси изумрен)
- хутерски (во Канада и САД)
- јидиш — се развил од средногорногерманскиот
- лангобардски — изумрен, спорна категоризација
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Ова не треба да се помеша со горногерманските дијалекти (Oberdeutsch), кои се подгрупа на овие наречја.
- ↑ Russ, Charles. The Dialects of Modern German: A Linguistic Survey. Routledge, 1989
- ↑ Robinson, Orrin. Old English and its Closest Relatives. Routledge, 1994.
- ↑ Russ, Charles. The German Language Today: A Linguistic Introduction. Routledge, 1994.
- ↑ „Ethnologue: East Middle German“. Посетено на 24 ноември 2010.