Пандемија на КОВИД-19 во Италија
Пандемијата на КОВИД-19 во Италија — вирусна пандемија, која била прогласена на 30 јануари 2020, кога двајца кинески туристи во Рим биле позитивно тестирани на вирусот SARS-CoV-2.[1] Појавувањето на инфекцијата COVID-19 последователно била откриена кај 16 потврдени случаи во Ломбардија на 21 февруари,[2] за веќе следниот ден да се зголеми на 60[3] со појава на првите смртни случаи во текот на истите денови.
Пандемија на КОВИД-19 во Италија | |
---|---|
Легенда | 18 март 2020 Од 1 до 9 случаи Од 10 до 99 Од 100 до 499 Од 500 до 999 Од 1000 до 9999 Повеќе од 10 000 |
Патологија | COVID-19 |
Потекло | НР Кина |
Прв случај | Кодоњо |
Опфатени земји | Италија |
Период | 31 јануари 2020 - во тек |
Статистички податоци | |
Број на излекувани | 211.885 |
Број на мртви | 35.587 |
Мреж. место | Институционална веб-страница |
До 17 март 2020 година, потврдени биле 31 506 позитивни случаи на коронавирус, вклучувајќи 2 941 излекувани лица и 2 503 починати лица, а вкупно биле извршени 148 657 тестирања за присуство на вирусот.[4] Со тоа Италија станала втора земја по број на заразени во светот по Кина, и прва по бројот на смртни случаи.[4]
На крајот на февруари, откриено е дека Италија е потешко погодена од која било друга земја во Европа од пандемија на COVID-19.[5] Италија исто така била прва од само две држави во Европа што ги прекинала сите директни летови кон и од Кина, третирајќи ја пандемијата со една од најдрастичните мерки во ЕУ.
Меѓу првите мерки за третирање на инфекцијата било воведувањето на карантин во 11 општини во Северна Италија (во Ломбардија и Венето). Советот на министри со декрет од 23 февруари 2020 година вовел забрана за пристап и вонредна состојба во општините каде имало појава на пандемија и суспендирање на демонстрации и настани; последователно донесени се четири извршни акти: од 25 февруари 2020 година, од 1 март 2020 година, од 4 март 2020 година и од 8 март 2020 година.[6]
Дневен извештај на заразени од COVID-19 во Италија
уредиШирење на пандемијата во Италија
уредиПрвите потврдени случаи
уредиКон крајот на јануари 2020 година, по настаните со пандемијата во Кина, во Италија биле воведени напредни скрининг мерки на аеродромите Леонардо да Винчи-Фјумичино и Милано Малпенза, вклучувајќи топлински мерења и активно присуство на медицински персонал.[8] На 31 јануари, првите два случаи биле потврдени во Рим, двајца кинески туристи на возраст од 66 и 67 години кои слетале во Италија на 23 јануари на Аеродромот Милано Малпенза, а главниот град го посетиле со туристички автобус. Туристите позитивно биле тестирани на вирусот SARS-CoV-2 и биле хоспитализирани на Националниот институт за заразни болести Лаѕаро Спаланцани.[9] Италијанската влада веднаш ги прекинала сите летови до и од Кина и прогласила вонредна состојба. Премиерот Џузепе Конте рекол дека Италија е првата земја на ЕУ што ја преземала оваа мерка на претпазливост.[10]
На 2 февруари, нешто помалку од 48 часа по хоспитализацијата на двајцата кинески туристи во Институтот Лаѕаро Спаланцани во Рим, вирусолозите успеале да ја изолираат геномската секвенца на вирусот.[11]
На 3 февруари, 56 италијански државјани кои престојувале во Вухан биле вратени од Кина со специјалниот лет на италијанските воздухопловни сили, а потоа се преселиле во карантин во воениот град Чекињола.[12] На 6 февруари, еден од вратените италијанци бил потврден како заразен, и прогласен за излечен на 22 февруари.[13][14]
Појава и ширење во Ломбардија
уредиНа 21 февруари биле потврдени шеснаесет други случаи (четиринаесет во Ломбардија, два во Венето). На еден 38-годишен Италијанец од Кодоњо, во провинцијата Лоди, во Ломбардија, му биле откриени проблеми со дишењето. Пациентот, неговата бремена сопруга и еден пријател биле позитивни на тестирањето. Уште три случаи биле потврдени истиот ден откако пациентите пријавиле симптоми на пневмонија.[15] По овие случаи, извршени биле обемни проверки и контроли врз сите луѓе кои веројатно биле во контакт со или во близина на заразените субјекти.[16]
На 22 февруари, во Ломбардија починал втор пациент заразен со коронавирус.[17] Вклучувајќи ги двете жртви, бројот на случаи во Италија се искачил на 79.[3][18] Од 76-те неодамна откриени случаи, 54 биле пронајдени во Ломбардија, вклучувајќи и еден пациент од болницата Сан Рафаеле во Милано,[19] 8 пациенти во Поликлиниката Сан Матео во Павија,[20] 17 во Венето, 2 во Емилија-Ромања, 2 во Лацио и 1 во Пиемонт.[19]
На 23 февруари, една 68-годишна жена која боледувала од карцином починала во Крема, станувајќи третата италијанска жртва на вирусот. Бројот на случаи во Италија се искачил на 152, вклучително и четиринаесет пациенти кои биле лекувани во Поликлиниката Сан Матео во Павија.[21][22]
На 24 февруари починал еден 84-годишен маж од Бергамо, 88-годишен маж од Казеле Ланди и двајца мажи од Кастиљионе д’Ада - соодветно на возраст од 80 и 62 години; сите имале и други болести од минатото.[23][24][25]
На 25 февруари, бројот на случаи во Емилија-Ромања се искачил на 23, распространети меѓу градовите Пјаченца, Парма и Модена, како резултат на луѓе вратени од епидемијата во Ломбардија.[26][27]
Нова појава поврзана со Ломбардија била регистрирана во Јужна Италија, во Палермо, каде бил хоспитализиран 60-годишен турист од Бергамо,[28][29] кој бил позитивно тестиран и примен во болницата Червело.[30][31] Еден 49-годишен маж, кој претходно бил во посета на Кодоњо, бил тестиран позитивно во Пеша, Тоскана.[32]
Последователно, Лигурија потврдила дека 72-годишна туристка од Кастиљионе д’Ада се покажала како позитивна во Аласио додека била во хотел. Жената била префрлена и третирана во болница во Џенова.[33] Подоцна истиот ден, бил потврден и втор случај во Лигурија, 54-годишен маж кој го посетил Кодењо за работа бил тестиран позитивно во Специја.[34][35]
На 26 февруари во Емилија-Ромања починал 69-годишен маж од Лоди со хронични медицински состојби.[36]
Други случаи со шест малолетни лица се идентификувани во Ломбардија. Едно 4 годишно девојче од Кастиљионе д’Ада било примено во Поликлиниката Сан Матео во Павија, а петнаесетгодишно лице било примено во болницата Серијате во Бергамо. Две 10-годишни деца од Кремона и Лоди биле оценети како позитивни и отпуштени. Седумнаесетгодишник од Валтелина, кој присуствувал на училиште во Кодоњо, и негов пријател од училиштето од Сондрио, исто така, биле позитивни.[36][37][38]
Во Апулија потврдиле дека 33-годишен маж од Таранто, кој се вратил од Кодоњо на 23 јануари, бил тестиран позитивно и бил хоспитализиран во болницата „Сан Џузепе Москати“.[39]
Советник на гувернерот на Ломбардија, Атилио Фонтана, бил тестиран позитивно на SARS-CoV-2. Иако Фонтана бил негативен, тој одлучил да премине во превентивна изолација.[40]
Во Кампанија биле потврдени два нови случаи на COVID-19. 24-годишна жена од Казерта, која претходно го посетила Милано, била тестирала позитивно, како и 25-годишна украинка од Кремона, која претходно била во посета на Ломбардија. Двете биле пренесени во болницата Доменико Котуњо во Неапол, каде биле подложени на изолација.[41]
На 27 февруари, во Абруцо потврдиле дека 50-годишен маж од Бријанца, во Ломбардија, се тестирал позитивно и бил хоспитализиран во единицата за интензивна нега на болницата „Џузепе Манзини“ во Терамо. Тој и неговото семејство престојувале во нивниот дом.[34][42]
На 1 март е потврден случај на зараза во областа Фоџа, во врска со 74-годишник од подрачјето на избувнување на Ломбардија, и 29-годишен војник, во повлекување во Бари, со симптоми на грип, последователно, потврдено со брис и сместен во изолација во градската болница.
Заклучно со 27 февруари, во Ломбардија имало 403 потврдени случаи и 37 излечени.[34][43]
Заклучно со 4 март, потврдените случаи во Италија се искачиле на 3.089, смртните случаи на 107, а закрепнатите пациенти на 276. Пандемијата продолжува да расте и владата зборува за создавање нова црвена зона во провинцијата Бергамо со оглед на големиот број на зарази во оваа област.[44]
Појава и ширење во Венето
уредиНа 21 февруари, две лица биле позитивно тестирани на инфекции со COVID-19 во Венето. Следниот ден, еден од нив, 78-годишен маж починал во болницата Скиавонија во Падова, станувајќи прва жртва на вирусот во Италија. Мажот живеел во општината Во, која последователно била ставена во карантин.[45]
На 23 февруари, во Венето се пријавени вкупно 25 инфекции, што се зголемило на 32 на 24 февруари.[46]
На 25 февруари, една 76-годишна жена со постојани медицински проблеми починала во Тревизо.[47]
На 26 февруари, 8-годишно девојче од Кодевиго било тестирано позитивно.[37][38][48]
Од 27 февруари, во Венето имало 111 потврдени случаи, со 42 случаи во општината Во, вклучувајќи ги и двата смртни случаи.[34][49]
На 28 февруари, претседателот на регионот Венето, Лука Заја, објавил дека по првите два случаи им наредил на сите жители на Во да бидат тестирани. Од 6.800 брисеви, само 1,7% биле потврдени како позитивни. Оваа епидемиолошка студија била користена на Универзитетот во Падова за проучување на пандемијата.[50]
Заклучно со 28 февруари, во Венето имало 151 потврдени случаи, со 70 случаи во општината Во, вклучувајќи ги и двата смртни случаи.
Табели за разместеност на потврдени случаи во Италија, Сан Марино и Ватикан
уредиРегион | Потврдени случаи |
Починати | Излекувани | Извршени тестови |
---|---|---|---|---|
Ломбардија | 19.844 | 2.168 | 3.778 | 52.244 |
Емилија-Ромања | 5.214 | 531 | 177 | 18.344 |
Венето | 3.484 | 115 | 200 | 44.658 |
Пиемонт | 2.932 | 175 | 3 | 8.853 |
Марке | 1.737 | 115 | 0 | 4.512 |
Тоскана | 1.482 | 38 | 22 | 8.873 |
Лигурија | 1.059 | 91 | 85 | 3.348 |
Трентино-Алто Адиџе | 959 | 26 | 21 | 5.771 |
Лацио | 823 | 38 | 44 | 11.145 |
Кампанија | 652 | 17 | 30 | 3.544 |
Фриули-Венеција-Џулија | 599 | 36 | 41 | 4.052 |
Апулија | 478 | 25 | 4 | 4.046 |
Абруцо | 385 | 11 | 8 | 2.409 |
Сицилија | 340 | 4 | 15 | 3.961 |
Умбрија | 334 | 2 | 4 | 1.954 |
Аостинска Долина | 215 | 6 | 0 | 608 |
Сардинија | 206 | 2 | 0 | 1.334 |
Калабрија | 169 | 3 | 2 | 2.342 |
Молизе | 46 | 2 | 6 | 426 |
Базиликата | 37 | 0 | 0 | 353 |
Италија | 41.035 | 3.405 | 4.440 | 182.777 |
Сан Марино | 183 | 14 | 4 | 139[51] |
Ватикан | 1 | 0 | 0 | - |
Последно ажурирање Италија: во 18:00 на 19 март 2020.[52][53][54] Последно ажурирање Сан Марино: 19 март 2020.[55] Последно ажурирање Ватикан: 6 март 2020. |
Заразени случаи во светот со потекло од Италија
уредиБројни случаи на COVID-19 се појавиле низ целиот свет и се чини дека се резултат на инфекции поврзани со појавата во Северна Италија. Заклучно со 26 февруари 16 земји потврдиле случаи кои потекнуваат од Италија.
Алжир
уредиНа 25 февруари, Алжир го потврдил првиот случај заразен со COVID-19, италијанец од Бертонико, во Ломбардија, кој пристигнал во земјата на 17 февруари, бил тестиран позитивно за SARS-CoV-2.[37][56][57]
Австрија
уредиНа 25 февруари, Австрија ги потврдила првите два случаи на COVID-19, 24-годишен маж и 24-годишна жена од Ломбардија, кои го посетиле својот роден град Бергамо. Тие биле тестирани позитивно на SARS-CoV-2 и биле хоспитализирани во Инсбрук, во Тирол.[58][59][60][61]
На 27 февруари и двете деца на италијанската двојка биле тестирани позитивно и биле лекувани во болницата Кајзер-Франц-Јозеф.[62]
Бразил
уредиНа 25 февруари, Бразил го потврдил првиот случај на COVID-19, 61-годишен маж од Саун Пауло, кој престојувал во Ломбардија помеѓу 9 и 21 февруари, бил тестиран позитивно на SARS-CoV-2. Имал благи симптоми и бил ставен во домашен карантин.[63]
Велика Британија
уредиНа 27 февруари, Велика Британија потврдила дека пациент кој го посетил Милано бил тестиран позитивно на SARS-CoV-2. Тој бил примен во Ројал Фри болницата во Лондон.[64]
Во Северна Ирска исто така објавиле дека првиот случај заразен со COVID-19 е лице кое патувало од Северна Италија преку Даблин и било ставено во карантин дома.[65]
Германија
уредиНа 25 февруари, Германија потврдила дека 25-годишен маж од Гепинген во Баден-Виртемберг, кој неодамна се вратил од Милано, бил позитивно на тестот за SARS-CoV-2 и бил лекуван на клиниката Ајхерхт.[66][67]
На 26 февруари 24-годишната свршеница на момчето од Гепинген и неговиот 60-годишен татко, кој работи како главен лекар во универзитетската болница во Тибинген, биле тестирани позитивно и биле хоспитализирани во истата болница каде работел таткото во Тибинген.[68][69] Еден 32-годишен маж од Ротвеил, Баден-Виртемберг, кој го посетил Кодоњо со своето семејство на 23 февруари, исто бил тестиран позитивно и бил хоспитализиран во изолација.[70]
Грција
уредиНа 26 февруари, во Грција бил потврден првиот случај на заразен со COVID-19, 38-годишна жена од Солун, која неодамна била во посета на Северна Италија, била тестирана позитивно на SARS-CoV-2 и била примена во Универзитетска болница АХЕПА.[71][72][73] На 27 февруари, 9-годишното момче на 38-годишната пациентка од Солун исто така било тестирано позитивно и било хоспитализирано во истата болница каде што се лекувала мајката.[74]
Една жена која патувала за Италија, исто така се тестирала позитивно и била хоспитализирана во Атина.[75][76][77]
Израел
уредиНа 27 февруари Израел потврдил дека маж кој се вратил од Италија на 23 февруари бил позитивен и бил примен во Медицинскиот центар Шеба во Рамат Ган.[78][79][80]
Данска
уредиНа 27 февруари Данска го потврдила првиот случај во земјата на заразен со COVID-19, маж кој се вратил дома од зимување во Валтелина, Сондрио, бил позитивно тестиран на SARS-CoV-2 во Zealand University Hospital во Роскилде и бил ставен во домашен карантин.[81][82]
Ерменија
уредиНа 11 март Ерменија потврдила 3 нови случаи на COVID-19 и тоа лица кои пристигнале од Италија, од кои двајца биле ерменски државјани и еден бил италијански државјанин кој работи во Ерменија.[83] Нов случај бил пријавен на 15 март кај ерменски државјанин кој неодамна се вратил од Италија.[84]
Македонија
уредиНа 26 февруари, Македонија го потврдила првиот случај на заразен со COVID-19, жена чиј тест на SARS-CoV-2 на Клиниката за заразни болести во Скопје. Таа била Италија речиси еден месец и веќе две недели била болна. По враќањето во Македонија, веднаш отишла на клиниката.[85][86]
На 6 март биле потврдени уште два случаи: брачен пар од Баланци, Центар Жупа, кои биле жители на Бреша, Италија, и се претпоставува дека се вратиле во земјата заради страв од вирусот.[87]
Норвешка
уредиНа 27 февруари Норвешка потврдила дека две лица кои се покажале позитивни биле поврзани со појавата во Италија. И двајцата биле ставени во карантин дома во Осло.[88]
Романија
уредиНа 26 февруари, Романија потврдила дека првиот случај заразен со COVID-19, е 71-годишен маж италијанец од Католика, Италија. Италијанецот го посетил семејството на неговата сопруга и имал неколку деловни состаноци во Романија од 18 до 22 февруари. Тој бил примен во Националниот институт за заразни болести, на проф. Д-р Матеи Балш во Букурешт.[89]
Финска
уредиНа 26 февруари, Финска потврдила дека една финкиња, која патувала во Милано и се вратила во Финска, на 22 февруари се тестирала позитивно за SARS-CoV-2 во централната болница на Универзитет во Хелсинки.[90]
Франција
уредиНа 25 февруари, Франција потврдила дека 64-годишен маж од Балме де Сијенжи, се вратил од патувањето во Ломбардија на 15 февруари позитивен на SARS-CoV-2 бил лекуван во болницата Анеси-Женевоа, во Епањи-Мец-Теси.[91][92][93] Неговата сопруга исто така се тестирала позитивно и била хоспитализирана во истата болница каде била на лекување.[94][95]
На 26 февруари, еден 36-годишен маж кој имал повеќе патувања во Ломбардија се тестирал позитивно и бил лекуван во Нувел Хупитал Сивил во Стразбур.[96][97][98]
На 12 март претседателот Емануел Макрон, откако изјавил дека станува збор за „најсериозната здравствена состојба во последните 100 години во Франција“[99] го најавил затворањето на сите училишта и универзитети од понеделник 16 март, исто така, им порачал на лицата над 70 години да останат дома, но го потврдил непреченото водење на општинските избори на 15 и 22 март.
Хрватска
уредиНа 25 февруари, Хрватска го потврдила првиот случај на COVID-19; 26-годишен маж, кој претходно бил во Милано помеѓу 19 и 21 февруари, бил позитивен на тестирањето за SARS-CoV-2 и бил хоспитализиран во универзитетската болница за заразни болести, д-р Фран Михалјевиќ во Загреб.[100][101]
Само еден ден подоцна, на 26 февруари, неговиот брат близнак исто така бил тестиран позитивно и исто така бил хоспитализиран во универзитетската болница за заразни болести д-р Фран Михалјевиќ. Еден Хрват, кој работел во Парма во Италија, исто така бил тестиран позитивно и бил хоспитализиран во Риека.[101]
Швајцарија
уредиНа 25 февруари, Швајцарија го потврдила првиот случај на COVID-19, 70-годишен маж во италофонскиот Кантон Тичино, кој претходно го посетил Милано.[102]
На 27 февруари 28-годишен ИТ работник од Женева, кој неодамна се вратил од Милано, се тестирал позитивно и бил примен во универзитетската болница во Женева.[103][104]
Шведска
уредиНа 26 февруари, Шведска потврдила дека 30-годишен маж, кој претходно ја посетил Северна Италија, се разболел три дена по неговото враќање во Шведска. Тој позитивно се тестирал на SARS-COV-2 и бил примен во болницата Салгренска во Гетеборг.[105][106]
На 27 февруари, тројца 30-годишни пациенти биле потврдени на SARS-CoV-2 во округот Вестра Јеталанд. Двајца од нив биле во контакт со 30-годишниот пациент од Гетеборг, додека последниот претходно ја посетил Италија.[107]
Шпанија
уредиНа 24 февруари 2020 година, 69-годишен лекар од Ломбардија, кој бил на годишен одмор во Тенерифе од 17 февруари, се тестирал позитивно на SARS-CoV-2 на Универзитската болница Нуестра Сењора де Календарија во Шпанија. Потоа 25-годишен маж, кој се вратил од одмор во Италија, исто така бил позитивен во Астурија, Шпанија.[108][109][110][111]
На 25 февруари, сопругата на докторот од Ломбардија, која со него била на годишен одмор во Тенерифе, исто така била тестирана позитивно и била хоспитализирана во истата болница, каде што се лекувал нејзиниот сопруг.[112] Истиот ден 36-годишна италијанка која била во посета на Бергамо и Милано од 12 до 22 февруари исто така се покажала позитивна во Барселона.[91][109][113] Потоа и маж од Вилјареал, кој неодамна отпатувал за Милано, бил тестиран позитивно и бил примен во Универзитетската болница Де Ла Плана.[114] 24-годишен маж од Мадрид, кој неодамна се вратил од Северна Италија, бил уште еден случај кој се тестирал позитивно и бил хоспитализиран во болницата Карлос III.[115][116]
На 26 февруари, двајцата италијански туристи, кои биле на годишен одмор, заедно со лекарот од Ломбардија и неговата сопруга, исто така се покажале позитивни. Двојката била пренесена во Универзитската болница Нуестра Сењора де Календарија и била ставена во карантин.[117] Бројот на заразени во земјата продолжил кога 22-годишник од Барселона, кој отпатувал во Милано помеѓу 22 и 25 февруари, бил тестиран позитивно и бил примен во болницата Клиник.[118][119] Една жена од Ла Гомера, која патувала до Италија од 4 до 8 февруари, била тестирана позитивно и била хоспитализирана во Општата болница во Ла Гомера во Тенерифе.[120]
Наводи
уреди- ↑ Chiara Severgnini (31 јануари 2020). „Coronavirus: Primi due casi in Italia“. Corriere della Sera. Архивирано од изворникот на 24 февруари 2020. Посетено на 31 јануари 2020.
- ↑ Elisa Anzolin e Angelo Amante (21 февруари 2020). „L'epidemia di coronavirus cresce nel nord Italia, 16 casi segnalati in un giorno“ (англиски). Reuters. Архивирано од изворникот на 21 февруари 2020. Посетено на 21 февруари 2020.
- ↑ 3,0 3,1 Simona Ravizza (22 февруари 2020). „Coronavirus: primi casi a Milano. Cosa sappiamo dei nuovi contagi in Lombardia, Veneto e Piemonte“. Corriere della Sera. Архивирано од изворникот на 22 февруари 2020. Посетено на 22 февруари 2020.
- ↑ 4,0 4,1 Johns Hopkins CSSE. „Coronavirus COVID-19 Global Cases“ (англиски). Посетено на 25 февруари 2020.
- ↑ Silvia Sciorilli (25 февруари 2020). „La politica diventa virale mentre l'Italia lotta con lo scoppio epidemico“. POLITICO. Посетено на 26 февруари 2020. Укажано повеќе од еден
|surname=
и|author=
(help) - ↑ Covid-19 - Situazione in Italia
- ↑ Министерство за здравство на Италија. „Covid-19: i casi in Italia alle ore 18 del 15 marzo“. Посетено на 15 март 2020.
- ↑ „Task-force Ministero della Salute: "Rafforzato il personale medico e i controlli a Fiumicino e Malpensa"“. Ministero della Salute. 26 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 24 февруари 2020. Посетено на 26 јануари 2020.
- ↑ „Coronavirus: Primi due casi in Italia“. Corriere della sera. 31 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-02-24. Посетено на 31 јануари 2020.
- ↑ „L'Italia sospende tutti i voli cinesi, come confermato dai casi di coronavirus a Roma“. THELOCAL. 31 јануари 2020. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ „Isolata la sequenza del coronavirus nei laboratori dello Spallanzani, soddisfazione del ministro Speranza“. Ministero della Salute. 2 февруари 2019. Архивирано од изворникот на 3 февруари 2020. Посетено на 24 февруари 2020.
- ↑ „Rimpatriati con volo militare 56 cittadini italiani provenienti da Wuhan“. Ministero della Salute. 3 февруари 2020. Архивирано од изворникот 2020-02-24. Посетено на 24 февруари 2020.
- ↑ Jessie Yeung (6 февруари 2020). „February 6 coronavirus news“. CNN (англиски). Архивирано од изворникот на 24 февруари 2020. Посетено на 24 февруари 2020.
- ↑ Angela Gennaro (22 февруари 2020). „Coronavirus, bollettino dello Spallanzani: guarito il ricercatore italiano, verrà dimesso oggi. Niccolò «sta benissimo»“. Open. Архивирано од изворникот на 24 февруари 2020. Посетено на 23 февруари 2020.
- ↑ Alessandra Corica–Oriana Liso–Mauro Rancati (21 февруари 2020). „Coronavirus, primi tre contagi in Italia: 38enne, sua moglie e un amico in terapia intensiva. La donna insegna in un liceo“. La Repubblica. Архивирано од изворникот 2020-02-24. Посетено на 21 февруари 2020.
- ↑ „Coronavirus, diretta: morto uomo di 78 anni a Padova, è la prima vittima italiana“. Il Messaggero. 22 февруари 2020. Архивирано од изворникот 2020-02-24. Посетено на 22 февруари 2020.
- ↑ „Coronavirus, morta una donna in Lombardia: seconda vittima italiana“. TGcom24. 22 февруари 2020. Архивирано од изворникот 2020-02-23. Посетено на 22 февруари 2020.
- ↑ Alberto Custodero (22 февруари 2020). „Coronavirus, in Veneto la prima vittima, Adriano Trevisan, 78 anni. Venti contagiati in Italia. Conte: «Nuove misure»“. La Repubblica. Архивирано од изворникот 2020-02-24. Посетено на 24 февруари 2020.
- ↑ 19,0 19,1 Simona Ravizza (22 февруари 2020). „Coronavirus: primi casi a Milano. Cosa sappiamo dei nuovi contagi in Lombardia, Veneto e Piemonte“. Corriere della Sera. Архивирано од изворникот на 2020-02-22. Посетено на 23 февруари 2020.
- ↑ „Coronavirus, a Pavia 8 pazienti ricoverati al San Matteo: anche una coppia di medici“. Il Messaggero. 22 февруари 2020. Архивирано од изворникот 2020-02-24. Посетено на 23 февруари 2020.
- ↑ „Coronavirus, terza vittima in Italia: è una donna ricoverata a Crema. 152 casi positivi“. La Repubblica. 23 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 23 февруари 2020. Посетено на 23 февруари 2020.
- ↑ „Coronavirus, i contagiati in Lombardia salgono a 14. La Regione vieta attività di aggregazione in dieci Comuni del Lodigiano“. la Provincia Pavese. 24 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 24 февруари 2020. Посетено на 24 февруари 2020.
- ↑ „Coronavirus, quarto morto in Italia“. Adnkronos. 24 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 24 февруари 2020. Посетено на 24 февруари 2020.
- ↑ „Coronavirus, quinta vittima in Italia, il quarto in Lombardia“. ANSA. 22 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 24 февруари 2020. Посетено на 24 февруари 2020.
- ↑ „Sette i morti infetti da coronavirus. La Borsa sprofonda“. AGI. 24 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 24 февруари 2020. Посетено на 24 февруари 2020.
- ↑ il Resto del Carlino (1582534059705). „Coronavirus oggi Emilia Romagna: 18 contagiati, uno è a Modena. Numero verde 800033033“. Il Resto del Carlino. Посетено на 25 февруари 2020. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Coronavirus: 23 contagiati in Emilia Romagna. Accertamenti su un riminese tornato dall'estero“. La Repubblica. 25 февруари 2020. Посетено на 25 февруари 2020.
- ↑ Salvo Toscano (25 февруари 2020). „Coronavirus, turista bergamasca positiva a Palermo. Isolata la comitiva“. Corriere della Sera. Посетено на 25 февруари 2020.[мртва врска]
- ↑ „Il coronavirus arriva a Palermo: turista di Bergamo positiva ai primi test. Comitiva in quarantena in albergo“. La Repubblica. 25 февруари 2020. Посетено на 25 февруари 2020.
- ↑ Salvo Toscano (25 февруари 2020). „Coronavirus, turista bergamasca positiva a Palermo. Isolata la comitiva“. Corriere della Sera.[мртва врска]
- ↑ „Il coronavirus arriva a Palermo: turista di Bergamo positiva ai primi test“. la Repubblica. 25 февруари 2020. Посетено на 25 февруари 2020.
- ↑ „Coronavirus Toscana, niente panico: ecco cosa fare“. la Repubblica. 25 февруари 2020. Посетено на 25 февруари 2020.
- ↑ „Coronavirus: First case in Liguria - English“. ANSA (англиски). 25 февруари 2020. Посетено на 25 февруари 2020.
- ↑ 34,0 34,1 34,2 34,3 „Coronavirus in Italia: aggiornamento ora per ora“. la Repubblica. 22 февруари 2020. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ „Coronavirus, ad Alassio il primo caso in Liguria, interdetti due alberghi, il secondo caso a Spezia“. Repubblica.it. 25 февруари 2020. Посетено на 25 февруари 2020.
- ↑ 36,0 36,1 „Coronavirus, dodicesima vittima in Italia. Primi contagi tra minori, 6 in Lombardia. Guarita la prima ammalata“. la Repubblica. 26 февруари 2020. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ 37,0 37,1 37,2 „Coronavirus, diretta. Contagi a quota 424, primo caso in Puglia, 12 morti. Lombardia, Fontana è negativo, ma resta in isolamento per 14 giorni“. Il Messaggero. 26 февруари 2020.
- ↑ 38,0 38,1 „Coronavirus, 12 le vittime in Italia: in Lombardia contagiati anche sei minori - Guarita la cinese ricoverata allo Spallanzani“. Tgcom24. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ „Coronavirus, primo paziente positivo in Puglia. È un uomo di 43 anni di Taranto tornato da Codogno“. la Repubblica. 26 февруари 2020. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ „Coronavirus, positiva collaboratrice di Fontana: il governatore in auto-isolamento. Contagiati anche minori“. la Repubblica. 26 февруари 2020. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ „Coronavirus, dalla Campania due casi positivi: sono due donne giunte dal Nord“. la Repubblica. 26 февруари 2020. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ „Coronavirus: primo caso in Abruzzo, è un turista Brianza“. la Repubblica. 27 февруари 2020. Посетено на 27 февруари 2020.
- ↑ „Covid-19: i casi in Italia alle ore 18 del 27 февруари“. Ministero della Salute.
- ↑ „Zona rossa in Bergamasca, si attende il governo: direttrice del Papa Giovanni contagiata - Bergamo News“. BergamoNews. 4 март 2020. Посетено на 4 март 2020.
- ↑ Giuseppe Pietrobelli (22 февруари 2020). „Adriano Trevisan, 78 anni, di Vo' Euganeo: ecco chi è la prima vittima italiana del Coronavirus. La paura nel paese isolato“. Il Fatto Quotidiano. Архивирано од изворникот на 24 февруари 2020. Посетено на 24 февруари 2020.
- ↑ „Coronavirus, sette morti in Italia, 229 contagi“. La Repubblica. 24 февруари 2020. Посетено на 25 февруари 2020.
- ↑ „Primo caso di coronavirus a Treviso. Donna di 76 anni in rianimazione“. Tribuna di Treviso. 25 февруари 2020. Посетено на 25 февруари 2020.
- ↑ Coronavirus: i contagiati sono saliti a 87: nuovi pazienti a Limena, Treviso e Chioggia
- ↑ „Covid-19: i casi in Italia alle ore 18 del 27 февруари“. www.salute.gov.it. Посетено на 27 февруари 2020.
- ↑ „Zaia, da test Vo' studio epidemiologico - Cronaca“. ANSA. 28 февруари 2020. Посетено на 28 февруари 2020.
- ↑ Il dato sui tamponi effettuati a San Marino è aggiornato al 12 март 2020.
- ↑ Министерство за здравје на Италија. „Covid-19 - Situazione in Italia“. Посетено на 25 февруари 2020.
- ↑ „Emergenza Coronavirus: la risposta nazionale“. Архивирано од изворникот на 2020-02-29. Посетено на 2020-03-15.
- ↑ „Grafici Protezione Civile“. Посетено на 12 март 2020.
- ↑ „Comunicati stampa giornalieri della Segreteria di Stato per la Sanità e la Sicurezza sociale della Repubblica di San Marino“. sanita.sm. Посетено на 6 март 2020.
- ↑ Thomson Reuters. „Algeria confirms first case of coronavirus - state TV“. news.trust.org (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-04-07. Посетено на 25 февруари 2020.
- ↑ „Algerian health minister confirms first COVID-19 case“. africatimes.com (англиски). 25 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-03-17. Посетено на 25 февруари 2020.
- ↑ ORF at/Agenturen (25 февруари 2020). „Coronavirus: Zwei Fälle in Tirol bestätigt“. news.ORF.at (германски). Посетено на 25 февруари 2020.
- ↑ Mattha Busby, Martin Belam and Sarah Marsh (25 февруари 2020). „Coronavirus news: Austria and Croatia report first cases as Tenerife quarantines hotel – live updates“ (англиски). The Guardian. ISSN 0261-3077. Посетено на 25 февруари 2020.
- ↑ Helen Regan (25 февруари 2020). „Austria's 2 coronavirus cases are Italian citizens“. CNN (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-03-14. Посетено на 25 февруари 2020.
- ↑ „Austria seals off Innsbruck hotel after reporting first two coronavirus cases“ (англиски). Reuters. 25 февруари 2020. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ „Dritter bestätigter Coronavirus-Fall in Wien - derStandard.at“. DER STANDARD (германски). Посетено на 27 февруари 2020.
- ↑ „Ministério da Saúde investiga possível paciente com coronavírus em SP; caso foi para contraprova“. G1 (португалски). Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ „Two more coronavirus cases confirmed in England“ (англиски). BBC News. 27 февруари 2020. Посетено на 27 февруари 2020.
- ↑ „First case of coronavirus diagnosed in NI“ (англиски). BBC News. 27 февруари 2020. Посетено на 27 февруари 2020.
- ↑ „Man infected with coronavirus in Germany after Italy trip -state ministry“. Reuters (англиски). 25 февруари 2020. Посетено на 25 февруари 2020.
- ↑ Stuttgarter Zeitung, Stuttgart. „Ausbreitung des Coronavirus: Zwei Coronavirusfälle in Tübingen“. stuttgarter-zeitung.de (германски). Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ Südwest Presse Online-Dienste (26 февруари 2020). „Coronavirus Tübingen: Zwei bestätigte Infektionen am Uniklinikum Tübingen“. swp.de (германски). Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ Stuttgarter Zeitung, Stuttgart. „Coronavirus in Tübingen: Ein Coronavirus-Patient ist Oberarzt am Klinikum“. stuttgarter-zeitung.de (германски). Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ „Neuer bestätigter Fall von Corona in Rottweil“. Baden-Württemberg.de (германски). Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ „Covid-19: Το πρώτο θετικό κρούσμα στην Ελλάδα- 38χρονη από τη Θεσσαλονίκη“. naftemporiki.gr (грчки). 26 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-02-26. Посетено на 2020-03-18.
- ↑ „Ο κοροναϊός έφτασε στην Ελλάδα: Πρώτο επιβεβαιωμένο κρούσμα στη Θεσσαλονίκη“. CNN.gr (грчки). 26 февруари 2020. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ „Greece confirms first coronavirus case“ (англиски). Reuters. 26 февруари 2020. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ NEWSROOM IEFIMERIDA.GR (27 февруари 2020). „Κορωνοϊός: Δεύτερο θετικό κρούσμα στην Ελλάδα -Το παιδί της 38χρονης | ΕΛΛΑΔΑ“. iefimerida.gr (грчки). Посетено на 27 февруари 2020.
- ↑ NEWSROOM IEFIMERIDA.GR (27 февруари 2020). „Κορωνοϊός: Στην Αθήνα το τρίτο κρούσμα -Ακυρώνονται όλα τα καρναβάλια στη χώρα | ΕΛΛΑΔΑ“. iefimerida.gr (грчки). Посетено на 27 февруари 2020.
- ↑ „Κορονοϊός: τρία κρούσματα στην Ελλάδα - Ακυρώνονται οι εκδηλώσεις για το Καρναβάλι σε όλη τη χώρα“. antenna.gr (грчки). Архивирано од изворникот на 2020-02-27. Посетено на 27 февруари 2020.
- ↑ „Greece reports two new coronavirus cases, cancels carnival“ (англиски). Reuters. 27 февруари 2020. Посетено на 27 февруари 2020.
- ↑ Haaretz (27 февруари 2020). „Israeli Who Visited Italy Tests Positive for Coronavirus“ (англиски). Haaretz. Посетено на 27 февруари 2020.
- ↑ „Israeli who returned from Italy diagnosed with coronavirus: ministry“. i24news (англиски). Посетено на 27 февруари 2020.
- ↑ „El Al suspends all flights to Italy and Thailand over coronavirus fears“. ynetnews (англиски). 27 февруари 2020. Посетено на 27 февруарри 2020. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Natali Braagaard (27 февруари 2020). TV2 News (уред.). „Dansker smittet med coronavirus“ (дански). Посетено на 27 февруари 2020.
- ↑ „Første dansker smittet med coronavirus: 'Vi er selvfølgelig dybt rystede'“. DR (дански). Посетено на 27 февруари 2020.
- ↑ „3 New Coronavirus Cases Confirmed in Armenia“. Asbarez.com (англиски). 11 март 2020. Посетено на 15 март 2020.
- ↑ „MINISTRY OF HEALTH“. www.moh.am. Посетено на 2020-03-15.
- ↑ „Потврден прв случај од коронавирус во Македонија“. 26 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-03-04. Посетено на 2020-03-17.
- ↑ „Прв случај на заболен од коронавирус во Македонија“. А1он. 26 февруари 2020. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ „Два нови случаи на коронавирус во Македонија“. Sitel. 2020-03-06. Посетено на 2020-03-06.
- ↑ „Tre nye personer har testet positivt på koronavirus“. Folkehelseinstituttet (норвешки). Архивирано од изворникот на 2020-02-27. Посетено на 27 февруари 2020.
- ↑ „ULTIMA ORĂ LIVEVIDEOTEXT Primul caz de infecție cu coronavirus, confirmat oficial în România: Un bărbat din Gorj care a intrat în contact cu italianul care a vizitat recent țara noastră - Sanatate - HotNews.ro“. www.hotnews.ro (романски). 26 февруари 2020. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ „Woman in Helsinki tests positive for novel coronavirus“. Yle Uutiset (англиски). Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ 91,0 91,1 „Coronavirus, dall'Italia si spande in Europa. Conte: "Inaccettabili limitazioni agli italiani". Ma molti Paesi prendono misure“. la Repubblica. 25 февруари 2020. Посетено на 25 февруари 2020.
- ↑ „France reports two new coronavirus infections, one returning from Italy“ (англиски). Reuters. 25 февруари 2020. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ „DIRECT. Coronavirus : deux nouveaux cas identifiés en France“. ladepeche.fr (француски). Посетено на 27 февруари 2020.
- ↑ „Haute-Savoie. Coronavirus : l'épouse du patient hospitalisé à Annecy également infectée“. www.ledauphine.com (француски). Посетено на 27 февруари 2020.
- ↑ „DIRECT. Covid-19 : le service de réanimation de l'hôpital de Creil, où a été hospitalisé le patient décédé, ferme pendant 14 jours“. Franceinfo (француски). 26 февруари 2020. Посетено на 27 февруари 2020.
- ↑ „France reports second coronavirus death, Italian link in another case“ (англиски). Reuters. 26 февруари 2020. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ „France reports first citizen to die from coronavirus as three new cases confirmed“. France 24 (англиски). 26 февруари 2020. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ „Santé. Un premier cas de coronavirus confirmé en Alsace“. www.dna.fr (француски). Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ „Francia chiude le scuole e le università“. ANSA. Посетено на 12 март 2020.
- ↑ Sarah Newey and Jordan Kelly-Linden - Global Health Security Team (25 февруари 2020). „Coronavirus latest news: Britons returning from Italy told to self-isolate as Matt Hancock says he is 'worried'“ (англиски). The Telegraph. ISSN 0307-1235. Посетено на 25 февруари 2020.
- ↑ 101,0 101,1 „U Rijeci potvrđen treći slučaj koronavirusa u Hrvatskoj“. www.index.hr (хрватски). Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ „Swiss authorities confirm first case of coronavirus“ (англиски). Reuters. 25 февруари 2020. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ „New coronavirus Covid-19: three new confirmed cases in Switzerland“. www.bag.admin.ch. Посетено на 27 февруари 2020.
- ↑ „Switzerland confirms total of four coronavirus cases“. Swissinfo.ch (англиски). Посетено на 27 февруари 2020.
- ↑ Bolin, Mattias (26 февруари 2020). „Bekräftat coronafall i Göteborg – person vårdas på Sahlgrenska“ (шведски). SVT Nyheter. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ Ekström. „Bekräftat fall av Coronavirus i Göteborg – personen har varit i Italien“. www.expressen.se (шведски). Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ „Sweden confirms five new coronavirus cases, including first patient in Stockholm“. www.thelocal.se. Посетено на 27 февруари 2020.
- ↑ „Turista italiano positivo al test a Tenerife. Primo caso sospetto nelle Asturie: è un giovane di ritorno dall'Italia“. La Repubblica. 24 февруари 2020. Посетено на 24 февруари 2020.
- ↑ 109,0 109,1 „Coronavirus, positivi due italiani a Tenerife. Mille persone nell'hotel in quarantena“. La Repubblica. 25 февруари 2020. Посетено на 25 февруари 2020.
- ↑ „Un italiano da positivo por coronavirus en el sur de Tenerife“. RTVE.es (шпански). 24 февруари 2020. Посетено на 25 февруари 2020.
- ↑ „Tenerife coronavirus: 1,000 guests at hotel quarantined“. The Guardian (англиски). 25 февруари 2020. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ Gutiérrez, Juan Jesús (25 февруари 2020). „Un ciudadano italiano da positivo en el sur de Tenerife por coronavirus“. Diario de Avisos (шпански). Посетено на 27 февруари 2020.
- ↑ „Woman in Barcelona tests positive to coronavirus, the first confirmed case on mainland Spain“. www.thelocal.es. 25 февруари 2020. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ Levante-EMV. „Sanidad confirma el primer caso de coronavirus en la C. Valenciana“. www.levante-emv.com (шпански). Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ „Un caso de coronavirus en Madrid eleva a siete los infectados en España“. Levante-emv (шпански). Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ „Confirmado el primer caso de coronavirus en Madrid“ (шпански). www.telemadrid.es. 25 февруари 2020. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ EFE, RTVE es / (26 февруари 2020). „Dos nuevos positivos por coronavirus entre los italianos del hotel de Adeje de Canarias“. RTVE.es (шпански). Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ Bassas, Antoni (26 февруари 2020). „Un noi de 22 anys que havia viatjat a Milà és el segon cas de coronavirus a Catalunya“. Ara.cat (каталонски). Посетено на 27 февруари 2020.
- ↑ „Confirmat un segon cas de coronavirus a Catalunya“. VilaWeb (каталонски). Посетено на 27 февруари 2020.
- ↑ „Un nuevo positivo en La Gomera eleva a 11 el número de infectados por coronavirus en España“. 20minutos.es (шпански). 26 февруари 2020. Посетено на 27 февруари 2020.
Надворешни врски
уреди- „Nuovo Coronavirus: domande e risposte“. Министерство за здравство на Италија.
- „FAQ Coronavirus“. Министерство за здравство на Италија.