Обединето Кралство
Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска (англиски: United Kingdom of Great Britain and Northern Ireland) — островска држава во Северозападна Европа. Главен град е Лондон. Обединетото Кралство, составено од Велика Британија (Англија, Велс и Шкотска) и Северна Ирска, е уставна монархија чиј владетел е воедно владетел на државата и шеф на владата. Власта е поделена меѓу Парламентот кој ја има законодавната власт, Кабинетот на Министрите (составен од 20 министри и премиерот) кој ја има извршната власт и судското тело.
Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска United Kingdom of Great Britain and Northern Ireland (англиски)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Боже, чувај го Кралот[бл 1] |
||||||
Местоположбата на Велика Британија (темнозелено) на Европскиот континент (темносиво) — [Легенда] |
||||||
Главен град (и најголем) | Лондон 51°30′N 0°7′W / 51.500° СГШ; 0.117° ЗГД | |||||
Службен јазик | англиски (де факто)[бл 2] | |||||
Признаени регионални јазици | ирски, алстерски шкотски, шкотски гелски, шкотски, велшки, корнски[бл 3] | |||||
Народности (2024) | ||||||
Демоним | Британец | |||||
Уредување | унитарна парламентарна уставна монархија | |||||
• | Крал | Чарлс III | ||||
• | Премиер | Кир Стармер | ||||
Законодавство | Парламент | |||||
• | Горен дом | Дом на лордовите | ||||
• | Долен дом | Дом на општините | ||||
Основање | ||||||
• | Закони за обединување | 1535 и 1542 | ||||
• | Обединување на круните | 24 март 1603 | ||||
• | Закон за Унијата од 1707 | 1 мај 1707 | ||||
• | Закон за Унијата од 1800 | 1 јануари 1801 | ||||
• | Англо-ирски договор | 5 декември 1922 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 242,495 км2 (78ма) | ||||
• | Вода (%) | 1.5 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2024 г. | ▲ 68,434,017 (20та) | ||||
• | Попис 2022 | ▲ 66,940,559 | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2024 г. | |||||
• | Вкупен | ▲ $4.029 Трилиони (9та) | ||||
• | По жител | ▲ $58,880 (27ма) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2024 г. | |||||
• | Вкупно | ▲ $3.495 Трилиони (6та) | ||||
• | По жител | ▲ $51,075 (21ва) | ||||
Џиниев коеф. (2021) | 36.4[2] среден |
|||||
ИЧР (2024) | ▲ 0.943[3] многу висок |
|||||
Валута | Фунта стерлинг[бл 4] (GBP ) |
|||||
Часовен појас | GMT (UTC+0) | |||||
• | (ЛСВ) | BST (UTC+1) | ||||
Се вози на | лево[бл 5] | |||||
НДД | .uk[бл 6] | |||||
Повик. бр. | +44 |
Потекло на поимот
уредиИмето на Обединетото Кралство официјално е Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и самото име е описливо. Така тоа означува дека државата е составена од обединети кралства кои се наоѓаат на Велика Британија (види име на Велика Британија) и од Северна Ирска, која се наоѓа на островот Ирска. Претходни имиња на државата биле: Обединето Кралство на Велика Британија, Обединето Кралство на Велика Британија и Ирска. Во македонскиот, често целосното име се крати со Велика Британија (и со тоа се прави мешање на поимите меѓу оваа држава и островите Велика Британија) или со Обединетото Кралство.
Историја
уредиОбединетото Кралство на Велика Британија е формирано на 1 мај 1707 година, како резултат на политичкиот сојуз на Кралството Англија (во кое е вклучен Велс) и Кралството Шкотска. Договорот за обединување е склучен со Акт за Обединување втемелен една година пред неговото потпишување, а потоа ратификуван од парламентите на Шкотска и Англија[4].
На 18 септември 2014 година, во Шкотска бил одржан референдум за независност на Шкотска, на кој се одлучувало дали Шкотска треба да стане независна држава и со тоа да излезе од Обединетото Кралство. Сепак, реферндумот не успеал, бидејќи со тесно мнозинство, повеќето од гласачите гласале против отцепувањето на Шкотска од Обединетото Кралство.
Географија
уредиВелика Британија лежи помеѓу Ирска и континентална Европа. Велика Британија е остров што лежи на растојание од северозападниот брег на Европа, чинејќи го главниот дел од територијата на Обединетото Кралство (United Kingdom). Трите земји што го покриваат островот се Англија, Шкотска и Велс. Покрај нив во рамките на кралството се наоѓа уште и Северна Ирска. Островот Велика Британија е најголемиот од британските острови. Друг голем остров во архипелагот е Ирска. Велика Британија е најголемиот остров во Европа и осмиот најголем остров во светот. Тој е исто така трет најнаселен остров во светот по Јава и Хоншу. Главен град е Лондон. Тој е културен, политички и административен центар. Други поголеми градови се Ливерпул, Манчестер, Бирмингем, Лидс, Бристол, Единбург, Глазгов, Кардиф и други. Велика Британија е остров кој се наоѓа на северозападниот дел на Европа, помеѓу северниот дел на Атлантски Океан и Северно Море. Северозападно од Франција. Се состои од четири земји - Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска. Таа зазема голем дел од британските острови. Северна Ирска не лежи на островот Велика Британија туку на островот Република Ирска. Англија, Шкотска и Велс формираат повеќе од два главни острови. Оркниските и Шетландските Острови лежат северно од Шкотска, a Хебридите западно. Островот Енглези е северозападно од Велс. Велика Британија се протега во должина од околу десет степени латитуда според нејзината подолга, север-југ оска. Географски островот е обележан со ниски земјишта на исток и југ, додека пак ридовите и планините доминираат во западните и северните региони. Пред крајот на последнота ледена доба, Велика Британија била полуостров на Европа; нивоата на морињата кои се издигнувале како резултат на топењето на ледниците по ледената доба го предизвикале формирањето на Англискиот Канал, водена површина која сега го дели островот од европското копно. Релјефот во Шкотска и Велс е претежно планински, а во Англија - низински. Сите планини во Велика Британија се стари грамадни планини. Најпознати се: Камбриските планини кои се наоѓаат на полуостровот Велс, и Пенинските Планини во средишниот дел на Англија. Други познати планини се: Каледонските, Чивиотските и Грампијанските Планини. Највисокиот врв во Велика Британија е Бен Невис (1343m). Најголеми низини во Велика Британија се Шкотската и Лондонската низина. На Велика Британија и припаѓаат околу 5000 острови. Островот Велика Британија порано бил поврзан со Европа, но со текот на времето тој се одделил од неа.
Клима
уредиКлимата на Велика Британија е поумерена отколку таа во другите региони на северната полутопка на истата латитуда, поради западните ветрови и топлите води на Голфската струја кои поминуват покрај британските острови и делумно влијаат на климата. Ладна, но не студена температура, облаци почести отколку сонце и големо количество на дожд се начинот на живот на островот. Таа има атлантска клима. Зимите се магливи, а летата се свежи и врнежливи. Западните ветрови од океаните носат големи количества влага. Затоа, дождовите се редовни и чести во текот на годината. Северна Ирска има приморска клима, Англија има умерена клима – благи зими и ладни лета. Во Шкотска според ладната клима, југозападните ветрови кои настануваат при делување на голфската струја, ја прават климата потопла отколку што треба да биде. Климата во Велс е под влиjание на планините и на блиското море, затоа зимите се благи, а летата свежи. Регионите со високи планини имаат ладни зими со многу снег. Најмалку врнежи на островот има во Cевероиcточна Англија.
Најпознати реки во Велика Британија се Темза, Клајд, Гамбер и Цеверн. За време на прилив нивото на реките се издига. Пример со реката Темза. За време на приливот Лондон е пристаништен град.
Освен копнената граница со Република Ирска, Велика Британија е опкружена со вода. Јужно од Англија измеѓу Велика Британија и Франција се наоѓа Англискиот канал или Ламанш под кој се наоѓа тунел кој ги спојува Велика Британија и Франција. На исток е Северно Море, западно од Велс се наоѓа Ирско Море, додека Шкотска и северозападната област на Северна Ирска излегуваат на Атлантски Океан.
Вкупната површина на Велика Британија изнесува околу 244,820 km2 , должината на брегот изнесува 8,257км, а копнената граница 360 км. Велика Британија има околу 125км надморска височина.
Население
уредиРелигија
уредиНаселението во Велика Британија изнесува околу 60 милиони жители. Населението го сочинуваат Англичани, Велшани, Шкотланѓани и Ирци. Густината на населението во Велика Британија изнесува околу 249,8 жители на км2. Главен град на Велика Британија и на Англија е Лондон. Тој е културен, политички центар. Други поглеми градови се Ливерпул, Манчестер, Лидс и други.
Индустријата е многу развиена во Велика Британија. Таа е високоразвиена индустриска земја. Велика Британија увeзува нафта, жито и јужно овошје, а извeзува машини. Во Велика Британија се развиени сите индустриски гранки. Текстилната индустрија е најстара индустриска гранка во Велика Британија. Во неа се развиени хемиската, прехранбената и бродоградбената индустрија. Таа, исто така, е и високоразвиена земјоделска земја. Од житните култури најмногу се одгледува пченица, а од фуражните култури луцерка, граор и други.
Политички систем
уредиАдминистративна поделба
уредиСтопанство
уредиЕкономијата на Обединетото Кралство е составена од економиите на Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска. Според светскиот пазар, Велика Британија денес е шестата по големина економија во светот и трета по големина во Европа, зад Германија и Франција[5].
Индустриската револуција настана во Велика Британија, започнувајќи со производтво на тешка индустрија како бродоградба, копање на јаглен, производство на челик, и текстил. Империјата создала прекуокеански пазар каде ги пласирала британските производи, со тоа овозможувајќи и на Велика Британија да доминира во меѓународната трговија во 19 век[6].
Демографија
уредиНаселение
уредиВо последниот попис 2022 г. во Обединетото Кралство живеа 66,940,559 луѓе, до моментов се смета дека бројот на население е пораснат за уште околу 2 милиони. Најголемата концетрација на населението е во Англија, особено Лондон и Североисточна Англија, потоа следат Шкотска, Велс и најмалубројно е населениото во Северна Ирска 1,7 милиони жители. Најголема густина на населението е во Лондон, каде што живеат 4,700/km2 [2], соодветно Англија е најгусто населената од останатите три земји кои го сочинуваат Обединетото Кралство.
Култура
уредиКултурата на Обединетото Кралство е насликана преку четирите земји кои го обединуваат кралството во политичка унија. Секоја земја придонесува со сопствените традиција, обичаи и симболика. Благодарение на Британската Империја, британското влијание може да се набљудува во јазикот, културата и правниот систем на многу од нејзините поранешни колонии, како што се Канада, Австралија, Индија и САД.
Обединетото Кралство има светско влијание во развојот на кинематографија. Се тврди дека Ealing Studios се најстарите студиа во светот. И покрај историјата на важните и успешни проекции, индустријата се одликува со постојана дебата за својот идентитет и влијанијата на американското и европското кино. Особено помеѓу британското и американското кино често има длабока соработка како на пример, многу британски глумци играат во холивудските филмови.
Британска литература
уредиВелика Британија објавува 206.000 книги секоја година и со тоа претставува најголем издавач на книги во светот. Англискиот писател и поет Вилијам Шекспир се смета за најголемиот драматург на сите времиња. Меѓу најраните англиски писатели се Џефри Чосер (14 век), Томас Малори (15 век), Сер Томас Мор (16 век) и Џон Милтон (17 век). Самуел Ричардсон се смета за писателот кој го измислил современиот роман.
Дваесеттиот век раѓа писатели на научната фантастика Х. Џ. Велс, писател на класиците на детската литература Рудјард Киплинг, A.A. Милне, контроверзниот Д. Х. Лоренс, модернистката Вирџинија Вулф, сатиричниот Ивлин Во, популарниот романописец Греам Грин, криминалистичката романописецка Агата Кристи, и поетите Тед Хјуз и Џон Бетчемен.
Британската литература има и богат придонес од шкотските писатели Артур Конан Дојл, романтичните дела на Сер Волтер Скот, писателот на детска литература М. Бери и епските авантурни дела на Роберт Луис Стивенсон. А повеќе мрачни сцени може да се најде во приказните Ијан Ренкин и на психолошкиот хорор-комедија на Јан Бенкс. Шкотската престолнина, Единбург е првиот прогласен град на книжевноста на УНЕСКО.
Најстарата позната песна од областа сега позната како Шкотска, Y Gododdin, беше составена на кумбрик или старовелшки јазик на крајот од шестиот век каде е прв документ каде се спомнува Кралот Артур. Најголемиот велшки поет на сите времиња се смета дека е Дафуд ап Гвилим. Поради доминантниот велшки јазик во Велс, сè до крајот на XIX век, поголемиот дел од велшката литература е на велшки. Автори од други националности, особено од Ирска, или од Комонвелтот, живееле и твореле во Велика Британија. Такви познати автори се: Џонатан Свифт, Оскар Вајлд, Брам Стокер, Џорџ Бернард Шо, Џозеф Конрад, Т. С. Елиот и Езра Паунд.
Музика
уредиВо Велика Британија популарните музички стилови се доста различни; од локалната народна музика на Англија, Северна Ирска, Шкотска и Велс, па сè до хеви металот.
Велика Британија е позната по светски познатите симфониски оркестри и хорови, како што се Би Би Си Симфонискиот оркестар и Лондонскиот Симфониски Хор.
Истакнати британски поп изведувачи кои имаат влијание врз популарната светска музика во изминативе 50 години се Битлси,Уан Дирекшн, Квиин, Клиф Ричард, Елтон Џон, Лед Цепелин, Пинк Флојд и Ролинг Стоунс и секој од нив има продажбата од 200 милиони албуми.
Обединетото Кралство како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Обединето Кралство“ (англиски: United Kingdom) — песна од истоимениот музички албум на американската рок-група American Music Club од 1989 година.[7]
- „Обединетото Кралство '82“ (англиски: UK 82) — песна на британската панк-група Експлоитед од 1982 година.[8]
- „Анархија во Обединетото Кралство“ (англиски: Anarchy In The UK) — песна на британската панк-рок група Секс пистолс (Sex Pistols) од 1977 година.[9]
- „Британскиот народ во жешко време“ (англиски: British People in Hot Weather) — песна на британската рок-група Фол (The Fall) од 1990 година.[10]
Белешки
уреди- ↑ Оваа химна не е озаконета како официјална, но според британската традиција таквите закони не се неопходни. Со јавен проглас и нејзина употреба, таа станува официјална државна химна. Ова е и кралска химна на неколку други земји.
- ↑ Англискиот е де факто официјален заради неговата најширока употреба. Во Велс, Шкотска и Ирска, локалните јазици имаат поедеднаков статус.
- ↑ Согласно Европската повелба за регионалните или малцински јазици, велшкиот, гелскиот (Шкотска), корнскиот, ирскиот, алстеррскиот шкотски и шкотскиот јазик се официјално признаени како регионални или малцински јазици од британската влада („Европска повелба за регионалните или малцински јазици“. Извршна власт на Шкотска. Архивирано од изворникот на 2008-10-12. Посетено на 23 август 2007.) (англиски)
- ↑ Еврото може да се користи во телефонски говорници и некои поголеми продавници.
- ↑ Сите британски зависни територии возат на лево, со исклучок на Британската Индоокеанска Територија и Гибралтар.
- ↑ Стандардот ISO 3166-1 alpha-2 според кој кратенката треба да гласи GB и .gb во прво време бил во владина употреба, но сега регистрирањето на овој домен е прекинато, и заменето само со доменот .uk. Доменот .eu е заеднички со другите земји-членки на Европската Унија.
Наводи
уреди- ↑ „CIA The World Factbook: People and Society – El Salavador“. Архивирано од изворникот на 2024-12-27. Посетено на 2024-11-25.
- ↑ „Gini coefficient of equivalised disposable income (source: SILC)“. Eurostat Data Explorer. Посетено на 13 август 2013.
- ↑ „2014 Human Development Report“ (PDF). 14 март 2013. стр. 22–25. Посетено на 27 јули 2014.
- ↑ [1]
- ↑ http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2009/02/weodata/weorept.aspx?sy=2006&ey=2009&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=112&s=NGDPD,NGDPDPC,PPPGDP,PPPPC,LP&grp=0&a=&pr.x=18&pr.y=10
- ↑ http://webarchive.nationalarchives.gov.uk/*/http://www.dti.gov.uk/ministers/speeches/hewitt150704b.html
- ↑ DISCOGS, American Music Club – United Kingdom (пристапено на 15.4.2021)
- ↑ Discogs, The Exploited – Troops Of Tomorrow (пристапено на 8.10.2020)
- ↑ Discogs, Sex Pistols – Anarchy In The UK (пристапено на 4.9.2019)
- ↑ YouTube, The Fall - Extricate (1990)(full album) (пристапено на 29.6.2017)
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Обединето Кралство: Служба за надворешни и комонвелтски работи (англиски)
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Обединетото Кралство“ (англиски)