Пристаниште
Пристаниште е објект за прием на бродови и пренос на бродски товар и патници. Пристаништата вообичаено се сместени на работ на морето, океанот, река или езеро. Пристаништата често имаат опрема за манипулирање со товарот како нпр. специјални кранови и виљушкари кои се користат за товарење и растоварање на бродовите. Честопати фабрики за конзервирање на храна (морска, или друга) се наоѓаат во близина на пристаништата. Во пристаништата кајшто пристануваат големи бродови постојат посебно обучени пилоти и бродови-влекачи (реморкери) кои помагаат бродот безбедно да влезе во пристаништето и да застане до својот док. Пристаништата што прифаќаат меѓународен сообраќај имаат и царински служби.[1]
Пристаништето како тема во уметноста и во популарната култура
уредиПристаништето се јавува како тема во уметноста и во популарната култура, како:
- „Пристаниште“ — песна во проза на францускиот поет Шарл Бодлер.[2]
- „Тарасконското пристаниште“ — роман на францускиот писател Алфонс Доде од 1890 година.[3]
- „Пристаниште“ (руски: Порт) — песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1912 година.[4]
- „Во пристаништето“ — песна на германскиот поет Хајнрих Хајне.[5]
- „Последно пристаниште“ (англиски: Last Harbor) — песна на американската рок-група American Music Club од 1988 година.[6]
- „Пристаниште“ — песна на српската рок-група Дисциплина кичме од 1985 година.[7]
Наводи
уреди- ↑ Hafen Hamburg Marketing e.V.
- ↑ Charles Baudelaire, Spleen Pariza. Zgreb: Mladost, 1952, стр. 125-126.
- ↑ Ivan Dimić, „Alfons Dode - prodavac sreće“, во: Alfons Dode, Tartaren Taraskonac. Beograd: Rad, 1963, стр. 100-101.
- ↑ Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 11.
- ↑ Hajnrih Hajne, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 86-87.
- ↑ Discogs, American Music Club – California (пристапено на 20.4.2021)
- ↑ Kičme!* – Ja Imam Šarene Oči (пристапено на 10.9.2022)