Економија на Обединетото Кралство

Економијата на Обединетото Кралство е една од најголемите во светот, изразено според големината на БДП.

Надворешнотрговска размена

уреди

Во 2014 година, вкупниот извоз на стоки и услуги на Обединетото Кралство изнесувал 515 милијарди фунти. Притоа, 44% од извозот бил наменет за Европската Унија, 21% одел во Северна и Јужна Америка, учеството на Азија во извозот на Обединетото Кралство изнесувало 19%, а 16% од извозот бил насочен кон остатокот на светот. Од друга страна, вкупниот увоз на стоки и услуги на Обединетото Кралство во 2014 година достигнал 550 милијарди фунти, а во структурата на увозот најголемо учество имале: Европската Унија (53%), Азија (20%), Јужна и Северна Америка (13%), додека 15% од вкупниот увоз доаѓал од остатокот на светот.[1]

Финансиски сектор

уреди

Пазар на капитал

уреди

Лондонската берза (London Stock Exchange) е една од најстарите во светот, формирана во 1571 година. Во февруари 1986 година, странските финансиски фирми добиле право да бидат членки на Лондонската берза. Сепак, најголемиот бран на дерегулација на берзата се случил на 27 октомври 1986 година, кога Лондонската берза ги укинала фиксните брокерски провизии, а била укината и поделбата на примањето на налозите за тргување и создавањето на пазарот (market-making).[2] Во 2019 година, пазарната капитализација на фирмите кои котираат на берзата надминала 5 трилиони долари. На берзата котираат 2 600 компании од 60 различни земји. На берзата постои примарен пазар и секундарниот пазар кој се дели на главен секундарен пазар и алтернативен инвестициски пазар.

Наводи

уреди
  1. Зоран Јовановски, „Обединетото Кралство и ЕУ, кому чиј пазар повеќе му треба?“, Економија и бизнис, година 18, број 217/218, јули/август 2016, стр. 7.
  2. Cheol S. Eun and Bruce G. Resnick, International Financial Management. Boston etc.: Irwin/McGraw-Hill, 1998, стр. 10.