Историја на Обединетото Кралство

Историјата на Обединетото Кралство ги опфаќа четрите историографски области Англија, Велс, Шкотска и Северна Ирска. Во 15 век, Велика Британија била една од најголемите сили во тогашниот свет. За време на Големите географски откритија, Велика Британија станала една од најразвиените земји преку своите колонии во новите земји. Буржуаската револуција ја претворила во првата капиталистичка и индустријална држава во светот, станувајќи најмоќна сила во светот и покрај големината на Франција, Германија, Португалија, Шпанија и Холандија. По 1066 година, на тероторијата на Велика Британија не се водела ниту една битка.

Дел од темата Обединето Кралство

Историја на
ОбединетотоКралство

Античка историја

Рана историја
Римски период
Англосаксонски период
Англонормандски период
Династија Плантагенет
Династија Ланкастер

Среден век

Династија Јорк
Династија Тјудор
Династија Стјуард
Англиска република
Протекторат
Реставрација
Славната револуција
Кралство Велика Британија
Викторијанска ера

Модерна историја

Прва светска војна
Втората светска војна
Обединетото кралство

Портал:Обединето кралство

Почеток

уреди

Обединетото кралство е држава која се состои од Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска. Претходно, во нејзиниот состав бил вклучен и Исланд. Обединетото кралство било создадено со Законот од 1801 година, соединувајќи ги кралствата на Ирска и Велика Британија. Во почетокот, основата на кралството била Англија, кое со текот на времето ги вклучила кнежевството Велс, кралството Шкотска и кралството Ирска. Во 1922 година година, Слободната ирска држава го напуштила сојузот на Обединетото Кралство и од 1927 година до ден-денес, официјлното име на државата е Обединето кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Бритаска империја

уреди

Британската Империја била најраспространетото царство во историјата на светот. Настанала во 16 век и траела сѐ до втората половина на XX век. Во 1921 година, помеѓу 470 и 570 милиони луѓе живееле во царството, односно една четвртина од тогашното население во светот.

Обединување со Велс

уреди

Велс во текот на средниот век скоро никогаш не бил обединен. Голем дел од својата историја бил под власта на различни кнежевства. Кога норманите навлегле на островот, тие завладеале и со Велс. Во 1282 година, Англија успеала да завладее со Велс кога на власт дошол кралот Едвард I. По ова, неговиот син, Едвард II на 7 февруари 1301 година станал велски принц. До ден денеска оваа традиција сè уште е задржана. Од 1536 година, административното и политичкото обединување на Англија и Велс било завршено.

Државата има и два периоди на републиканско управување во 17 век: 1649-1653 и 1659-1660 година. Во 1707 година Англија и Шкотска се соединиле во кралство Велика Британија. Во периодот помеѓу двете светски војни, силата на Велика Британија ослабала. Национализмот станал многу посилен во некои делови од имеријата, посебно во Египет и Индија.