Грампијански Планини

Грампијански Планини или Грампијани (англ. Grampian Mountains или Grampians, гел. Am Monadh) — значаен планински венец што зазема голем дел од Горите во североисточна Шкотска.

Местоположба на Грампијанските Планини во Шкотска.

Географски особености

уреди

Грампијаните се протегаат на југозапад и североисток помеѓу Горскиот Граничен Расед и Големиот Глен, заземајќи речиси половина од површината на Шкотска. Тука спаѓаат ридските системи Кернгорми и Лохабер. Венецот ги опфаќа и планините Бен Невис (највисока во Британија со 1344 м) и Бен Макдуј (втора по височина со 1309 м).

Геолошки, планините се состојат од гранит, гнајс, мермер, шкрилци и кварцит. Други поважни венци во Шкотска се Северозападните Гори и Јужниот Ридски Крај.

Од Грампијаните извираат разни реки и потоци: Теј и Спеј, Кои Вотер, Берн оф Мухалс, Берн оф Фепи, Берн оф Елзик, Керни Берн, Дон, Ди и Еск.[1] Подрачјето е слабо населено.

Историја и име

уреди

Името „Грампијани“ (Grampians) прв го споменува 1520 шкотскиот историчар Хектор Бојс како адаптација на географскиот поим Mons Graupius што го споменува римскиот историчар Такит како местото кајшто домородните Каледонци претрпеле пораз од војската на римскиот војсководец Гнеј Јулиј Агрикола околу 83 г. Во доцниот XV век, Франческо Поцуолски планината ја нарекува Mons Grampius, која послужила како основа за денешното име.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  • Watson, Adam (1975). The Cairngorms. Edinburgh: The Scottish Mountaineering Trust.
  • Wyness, Fenton (1968), Royal Valley : The Story Of The Aberdeenshire Dee, Alex P. Reid & Son, Aberdeen
  1. United Kingdom Ordnance Survey Map, Landranger 45, Stonehaven and Banchory, 1:50.000 scale, 2002

56°55′N 4°00′W / 56.917° СГШ; 4.000° ЗГД / 56.917; -4.000

Надворешни врски

уреди