Адријан Рабио
Адријан Рабио (роден на 3 април 1995 година, во Сен Морис) — француски фудбалер, играч од средниот ред на Олимпик Марсеј и на француската репрезентација.
Адријан Рабио | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Адријан Рабио | ||
Роден на | 3 април 1995 | ||
Роден во | Сен Морис, Франција | ||
Држава | Франција | ||
Висина | м[1] | 1,88||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Олимпик Марсеј | ||
Број | 25 | ||
Младинска кариера | |||
Кретеј | |||
Алфортвил | |||
Кретеј | |||
Манчестер Сити | |||
По | |||
Париз Сен Жермен | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2012-2019 | Париз Сен Жермен | 150 | (13) |
2013 | → Тулуза | 13 | (1) |
2019-2024 | Јувентус | 157 | (18) |
2024- | Олимпик Марсеј | 2 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2010 | Франција 16 | 2 | (0) |
2011-2012 | Франција 17 | 5 | (0) |
2012 | Франција 18 | 1 | (0) |
2012-2013 | Франција 19 | 20 | (4) |
2014 | Франција 20 | 6 | (1) |
2013-2016 | Франција 21 | 19 | (1) |
2016- | Франција | 48 | (4) |
* Ажурирано на: 15 февруари 2012 ** Ажурирано на: 15 февруари 2012 |
Најголемиот дел од својата кариера Рабио го поминал во Париз Сен Жермен, клуб во кој преку младинските категории дебитирал за првиот тим во 2012 година и со кој освоил 18 трофеи, вклучувајќи пет титули во Лига 1 и две домашни тројни круни во сезоните 2015-2016 и 2017-2018. Во летото 2019, како слободен играч потпишал договор со Јувентус. Во петте години поминати во Италија, тој ја освоил титулата во Серија А во неговата прва сезона и уште два Купа на Италија (2020-2021 и 2024). Во септември 2024, потпишал за Олимпик Марсеј.
Рабио ја претставувал Франција во речиси сите младински репрезентации, а своето деби за сениорската репрезентација го имал во 2016 година. Досега има 48 настапи за Франција, а земјата ја претставувал на Европското првенство 2020, Светско првенство 2022 и Европското првенство 2024.
Биографија
уредиАдријан е син на Вероник Рабио и Мишел Провост. Неговиот татко останал парализиран поради заклучен синдром по мозочниот удар кој го имал во 2007 година, а починал на 27 јануари 2019 година.[2][3] Тој го зел презимето на неговата мајка.[3]
Технички карактеристики
уредиЛевоног box-to-box играч од средниот ред, опремен со солдни физички предиспозиции, во комбинација со изненадувачка брзина во движењата со топката во нозете.[4] Рабио е играч кој може да игра на сите позиции во средниот ред, иако најчесто се користи како "тркач" или офанзивен играч за врска, меѓутоа благодарение на неговата фигура и физички предиспозиции може да игра и како играч од средниот ред со дефанзивни задачи.
Меѓу неговите најголеми играчки квалитети се одличната способност да се отвора со и без топка, знае да игра на мал простор покажувајќи добар дриблинг и техника, самопожртвуваност за враќање на топката во посед и исто така често знае да се уфрла од втор план и да ги завршува акциите на својата екипа.[4]
Клупска кариера
уредиРани години
уредиАдријан Рабио е роден во Сен Морис. Како дете тој играл фудбал во младинските категории на неколку клубови, почнувајќи од 2001 година кога започнал во Кретеј. Потоа играл во Алфортвил во 2003 година пред да се врати во Кретеј следната година. Во 2008 година, присуствувал на позната француска фудбалска академија Клерфонтејн, каде присутните експерти сметале дека неговиот профил е многу интересен. На возраст од 13 години тој потпишал за Манчестер Сити,[5] но англискиот клуб не ги почитувал некои договори со Рабио и по 6 месеци во странство, тој се вратил во Франција во екипата на По. Потоа, во мај 2010, тој се приклучил на тренинг центарот на Париз Сен Жермен.
Париз Сен Жермен
уредиМладински категории (2010-2012)
уредиРабио му се приклучил на Париз Сен Жермен на возраст од 15 години. Брзо по доаѓањето тој се покажал како еден од најталентираните играчи во младинските селекции на клубот, станувајќи шампион на Франција во првенството под 17 години во 2011. Во март 2012 година, тренерот на првиот тим на парижаните Карло Анчелоти побарал од тренерот на резервниот тим Бертран Рузо да му испрати некои млади талентирани играчи да тренираат со професионалците. Токму Рабио бил еден од овие играчи и бил забележан од италијанскиот тренер. Тој за првпат тренирал со играчите од првиот тим на 7 март 2012, на возраст од 16 години. Откако оставил силен впечаток врз Анчелоти, Рабио бил повикан во групата играчи за натпреварот против Сошо на 22 април 2012.
Дебитантската сезона (2012-2013)
уредиНа 2 јули 2012 го потпишал првиот професионален договор со клубот согласувајќи се на верност од три години.[6] Веднаш потоа учествувал на подготвителната турнеја на Париз Сен Жермен низ САД.[7]
Своето деби за првиот тим во официјален натпревар, Рабио го имал на 26 август 2012 во ремито без голови 0-0 против Бордо во Лига 1, играјќи од почетокот во средниот ред заедно со Блез Матуиди и Тијаго Мота.[8] Тој играл до 61-вата минута кога бил заменет од Жереми Менез и имал 94% точни додавања.[9].
На 6 ноември 2012, Рабио го направил своето деби во Лигата на шампионите, влегувајќи во игра како замена во судиското продолжение во победата со 4-0 на домашен терен над Динамо Загреб.[10] Со тоа, на возраст од 17 години и 7 месеци, тој станал најмладиот играч на Париз Сен Жермен што заиграл во Лигата на шампионите, надминувајќи го рекордот од 18 години и 11 месеци што претходно го држел Микел Артета.[11]
Откако во првиот дел од сезоната одиграл 9 натпревари за Париз Сен Жермен во сите натпреварувања, во јануари 2013 парижаните се согласиле да го позајмат играчот на Тулуза (клуб исто така од Лига 1) за вториот дел од сезоната со цел да пронајде повеќе време за игра во континуитет.[12] Тулуза во него пронашол замена за Муса Сисоко, кој го напуштил клубот во истиот трансферен прозорец.[13] Дебитирал за Тулуза на 10 февруари 2013, во поразот со 2-0 на гостувањето кај Рен.[14] Својот прв гол како професионалец го постигнал на 9 март 2013 година, што бил и единствен во натпреварот против Брест со кој Тулуза победил со 1-0.[15] Голот дошол со прекрасен удар со левата нога од преку 20 метри со кој погодил во далечниот агол.[16]
2013-2016
уредиВо летото 2013, Рабио се вратил во Париз. Првиот настап за сезоната го имал на 9 август 2013, во ремито 1-1 на гостувањето кај Монпелје во првото коло од Лига 1 2013-2014, заменувајќи го Лукас Моура во последните 10 минути од натпреварот. На 31 август, го постигнал својот прв гол во дресот на ПСЖ во победата со 2-0 против Генгамп. Под водството на тренерот Лоран Блан, тој добивал повеќе време за играње а се почесто се наоѓал и во почетната постава, особено за време на периодот кога Тијаго Мота бил повреден. На 19 април 2014, Париз Сен Жермен го освоил Лига купот на Франција совладувајќи го Лион во финалето со 2-1, што бил првиот трофеј за Рабио во кариерата иако тој останал на клупата во финалето како неискористена замена.[17] На 7 мај истата година, тој го освоил својот втор трофеј со клубот откако ПСЖ станал шампион во Лига 1, и покрај поразот со 1-2 од Рен на Паркот на принцовите.[18] На 17 мај, тој го постигнал последниот гол за сезоната на неговиот клуб во победата со 4-0 над Монпелје. Сезоната ја завршил со 34 настапи и 3 гола во сите натпреварувања.
На почетокот на сезоната 2014-2015, клубот го обвинил Рабио за прекинат трансфер во Рома како и за желбата да не го продолжи договорот.[19] Рабио подоцна изјавил дека не знае што се случило со неговиот трансфер во Рома и зошто тој пропаднал потенцирајќи дека се било договорено и дека тој веќе донел одлука да го носи нивниот дрес.[20] Откако сепак се согласил да го продолжи договорот до 2019,[21] тој се вратил во составот на ПСЖ во ноември. Својот прв настап за сезоната го имал на 21 ноември 2014, играјќи како стартер на гостувањето кај Мец во 14-тото коло од Лига 1 (победа 2-3).[22] На 10 јануари 2015 година, тој го постигнал првиот гол за сезоната во поразот од Бастија (4-2). На 21 февруари 2015 година, за првпат во кариерата постигнал два гола на еден натпревар во победата со 3-1 над неговиот поранешен клуб Тулуза.[23] Рабио ја завршил сезоната со 33 настапи и 4 гола во сите натпреварувања и освоил два трофеи во текот на оваа сезона: Лига купот на Франција и француското првенство. Парискиот клуб уживал во извонредна сезона во која покрај овие две титули триумфирал и во Суперкупот на Франција и Купот на Франција, со што биле освоени сите домашни трофеи во сезоната, меѓутоа Рабио не добил медали од овие натпреварувања затоа што не учествувал поради тоа што бил казнет од страна на клубот.
Сезоната 2015-2016 за Рабио започнала со освојувањето на Суперкупот на Франција, каде го одиграл целиот натпревар во победата над Лион со 2-0. Сепак, само седум дена подоцна во првото коло од новото првенство против Лил тој бил исклучен во 29-тата минута, откако добил два жолти картони во период од само 6 минути.[24] На 25 ноември 2015 година, Рабио го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите против Малме во победата со 5-0 во Шведска.[25] Рабио одиграл вкупно 42 натпревари и постигнал 6 гола во сите натпреварувања во сезоната 2015-2016, помагајќи му на Париз Сен Жермен да ги одбрани сите четири домашни титули кој ги освоиле во претходната сезона.
2016-2019
уредиЗа време на сезоната 2016-2017, Рабио станал важен член на почетната постава на парискиот клуб предводен од шпанскиот тренер Унаи Емери.[26] Тој ги започнал повеќето натпревари постигнувајќи еден гол (против Рен) до ноември 2016, кога се здобил со повреда на бедрото за време на натпревар кој го играл за репрезентацијата против Брегот на Слоновата Коска.[27] Повредата го оддалечила од терените околу месец дена, а своето враќање го направил на 7 јануари 2017 против Бастија во првото коло од Куп на Франција, постигнувајќи притоа и погодок во победата со 7-0.[28] На 14 февруари 2017, Рабио добил висока оценка за својот настап против Барселона во незаборавната победа на парижаните од 4-0 на Паркот на принцовите во Лигата на шампионите, одземајќи многу топки и добивајќи голем број на двобои со противничките играчи на средината од теренот.[29][30] На 1 април, Рабио го одиграл целиот натпревар за својот тим во победата со 4-1 над Монако во финалето на Лига купот, со што бил освоен првиот трофеј за сезоната; подоцна ПСЖ го освоил и Купот на Франција, но по четири години ја загубиле шампионската титула во француското првенство завршувајќи на второто место зад Монако.
На почетокот на следната сезона, на 29 јули 2017, Рабио го постигнал победничкиот гол за ПСЖ во победата со 2-1 над Монако во Суперкупот на Франција.[31] Потоа тој постигнал гол и во победата со 6-2 над Тулуза на домашен терен во третото коло од француското првенство, на асистенција на рекордното засилување на парижаните Нејмар. На 14 февруари 2018, Рабио постигнал гол против Реал Мадрид на Сантјаго Бернабеу во поразот со 3-1 во осминафиналето од Лигата на шампионите. Тој одиграл вкупно 50 натпревари во текот на сезоната 2017-2018 - убедливо најмногу во споредба со било која претходна негова сезона во ПСЖ - помагајќи му на клубот повторно да освои четири домашни титули (како во сезоната 2015-2016): Лига 1, Купот на Франција, Лига купот на Франција и Суперкупот на Франција.
Во сезоната 2018-2019, Рабио влегол во последната година од неговиот договор со клубот од главниот град на Франција,[32] кој немал намера да го продолжи.[33] Поради оваа причина ПСЖ одлучил во јануари 2019 да го суспендира и бил принуден да тренира со резервите.[34] На 14 март 2019 година, тој уште еднаш бил казнет од клубот до крајот на месецот да не прима плата заради одење во ноќен клуб по поразот со 3-1 од Манчестер Јунајтед во осминафиналето од Лигата на шампионите со кој ПСЖ бил елиминиран од натпреварувањето, како и за лајк на Инстаграм на пост на Патрис Евра во кој тој ја славел победата на Јунајтед.[35][36] Шест дена подоцна на 20 март 2019 година, Вероник Рабио, мајката на Адријан која исто така е негов агент, дала интервју за францускиот весник L'Équipe во кое остро ги критикува одлуките на спортскиот директор на ПСЖ Антеро Енрике против нејзиниот син велејќи дека Рабио го третираат како "затвореник" и дека му недостасуваат само уште сув леб и вода и да биде затворен во темница. Таа исто така рекла дека ПСЖ го казнува само поради тоа што не сакал да го продолжи договорот, а не поради излегувањето во ноќен клуб и лајкот на видеото на инстаграм.[37] Сезоната ја завршил со 20 настапи во сите турнири и 2 постигнати гола сите во првиот дел од сезоната. Тој не одиграл веќе ниту еден натпревар за ПСЖ од јануари 2019 година. Својот последен натпревар во дресот на Париз Сен Жермен го одиграл на 5 декември 2018, во ремито 1-1 на гостувањето кај Стразбур. Вкупно во кариерата за парискиот клуб одиграл 227 натпревари и постигнал 24 гола.
Јувентус
уредиОткако му истекол договорот со Париз Сен Жермен, на 1 јули 2019 година, Рабио му се прикчлучил на италијанскиот првак Јувентус со слободен трансфер, потпишувајќи четиригодишен договор вреден 7 милиони евра по сезона плус 10 милиони евра бонус за самото потпишување.[38][39] Своето деби го направил на 24 август, влегувајќи како замена на местото на Сами Хедира во победата со 1-0 над Парма во првиот натпревар на Јувентус во Серија А за сезоната 2019-2020. По тешкиот прв дел од сезоната,[40] во вториот неговиот придонес се зголемува,[41] играјќи се почесто на 7 јули 2020 година, тој успеал да го постигне и својот прв гол за бјанконерите, завршувајќи со прекрасен удар од далечина една негова соло акција во поразот на Сан Сиро против Милан со 4-2.[42][43] Неколку недели подоцна, тој го освоил првото скудето со Јувентус. Во втората сезона, на 9 март 2021 година, тој го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите, во второто продолжение од реванш осминафиналето против Порто, но голот иако значел победа за Јувентус од 3-2, не бил доволен за да минат натаму бидејќи биле елиминирани поради правилото гол во гости.[44] Во првенството, тој постигнал гол во четири наврати, а на крајот од сезоната освоил уште две титули со Јувентус: Суперкупот на Италија и Купот на Италија.
Пред почетокот на неговата четврта сезона со Јувентус, тој бил поврзан со заминување од Торино, меѓу другото и поради тоа што влегол во неговата последна година од договорот со клубот. На 5 октомври 2022 година, тој ги постигнал своите први голови за сезоната 2022-2023, погодувајќи ја два пати мрежата на Макаби Хаифа во победата со 3-1 во Лигата на шампионите.[45] Истиот месец, тој стигнал до бројката од 100 настапи во Серија А за време на победата во Дерби дела Моле со 1-0 на 16 октомври;[46] додека на 21 октомври повторно бил двоен стрелец на еден натпревар, за втор пат во сезоната, овој пат во првенството, во победата на домашен терен со 4-0 против Емполи.[47] На 6 ноември, тој го отворил резултатот во дербито против Интер, кое бјанконерите го добиле со 2-0. На 20 април 2023 година, во реванш четвртфиналето на УЕФА Лига Европа, тој го постигнал својот прв гол во натпреварувањето за Јувентус, носејќи го својот тим во моментално водство против Спортинг Лисабон во натпревар што завршил нерешено 1-1; голот се покажал решавачки за пласманот на Јувентус во полуфиналето.[48] Сезоната 2022-2023, која тој самиот ја опишал како "најдобрата во неговата кариера", ја завршил со вкупно 11 постигнати гола (од кои 8 биле во Серија А) и бил втор стрелец на Јувентус зад Душан Влаховиќ кој дал 14.
Како резултат на одличната сезона, но со оглед на тоа и дека неговиот договор со Јувентус истекувал во текот на летото 2023, Рабио бил сврзуван со потпишување со различни клубови од Европа пред конечно да потпише продолжување на својот договор со Јувентус за уште една сезона на 27 јуни 2023.[49] На 22 октомври 2023 година, за време на првенствената победа на Сан Сиро, во дербито против Милан (0-1), Рабио за првпат излегол на теренот како капитен на Јувентус.[50] Сезоната ја завршил со 35 настапи и 5 гола, помагајќи за освојувањето на Купот на Италија, неговиот втор во кариерата, што бил првиот трофеј на бјанконерите после три години.[51]
Во летото 2024 година, Рабио го напуштил Јувентус, откако неговиот договор истекол и не успеал да се договори со клубот околу ново продолжување на истиот. Вкупно во дресот на Јувентус одиграл 212 натпревари и постигнал 22 гола.[52]
Марсеј
уредиНа 17 септември 2024, како слободен играч Рабио потпишал за Олимпик Марсеј.[53]
Репрезентативна кариера
уредиРабио играл за неколку различни возрасни младински репрезентации на Франција, меѓу кои и репрезентацијата до 21 година за која го направил своето деби на 13 август 2013 година.
Во ноември 2016 година, тој бил повикан за првпат во сениорска репрезентација од селекторот Дешан, за натпреварот против Шведска (во квалификациите за Светското првенство 2018) и пријателскиот натпревар против Брег на Слоновата Коска, на 11 и 15 ноември 2016. Тој дебитирал против репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, играјќи како стартер на пријателскиот натпревар кој завршил 0-0.[54] За време на Светското првенство 2018, Дешан го ставил меѓу замените за повредени играчи пред почетокот на натпреварувањето, но тој одлучил да го одбие повикот.[55]
Оттогаш тој не бил повикан 2 години,[56] а се вратил во репрезентацијата на 28 август 2020 година за натпреварите од Лигата на нации против Шведска и Хрватска.[57][58] За време на натпреварот против швеѓаните, тој по двегодишното исклучување за првпат настапи за националниот тим.[59] Набргу потоа, тој станал основна фигура во тимот на Дешан, толку многу што на 18 мај 2021 година е повикан за Европското првенство 2020.[60]
На 13 ноември 2021 година, тој го постигнал својот прв меѓународен гол во победата од 8-0 против Казахстан.[61] На 9 ноември 2022 година, тој бил повикан од тренерот Дешан за Светското првенство 2022,[62] каде што постигнал гол на воведниот натпревар на турнирот против Австралија.[63] Триколорите стигнале до финалето каде загубиле на пенали од Аргентина.
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиКлупска статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 6 јули 2019.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2012-јан. 2013 | Париз Сен Жермен | Л1 | 6 | 0 | КФ+ЛКФ | 1+1 | 0 | ЛШ | 1 | 0 | - | - | - | 9 | 0 |
јан.-јун. 2013 | Тулуза | Л1 | 13 | 1 | КФ+ЛКФ | - | - | - | - | - | - | - | - | 13 | 1 |
2013-2014 | Париз Сен Жермен | Л1 | 25 | 2 | КФ+ЛКФ | 1+2 | 0+1 | ЛШ | 6 | 0 | СФ | 0 | 0 | 34 | 3 |
2014-2015 | Л1 | 21 | 4 | КФ+ЛКФ | 5+3 | 0 | ЛШ | 4 | 0 | СФ | 0 | 0 | 33 | 4 | |
2015-2016 | Л1 | 24 | 1 | КФ+ЛКФ | 6+4 | 1+1 | ЛШ | 7 | 3 | СФ | 1 | 0 | 42 | 6 | |
2016-2017 | Л1 | 27 | 3 | КФ+ЛКФ | 4+3 | 1+0 | ЛШ | 5 | 0 | СФ | 0 | 0 | 39 | 4 | |
2017-2018 | Л1 | 33 | 1 | КФ+ЛКФ | 5+3 | 1+1 | ЛШ | 8 | 1 | СФ | 1 | 1 | 50 | 5 | |
2018-2019 | Л1 | 14 | 2 | КФ+ЛКФ | 0 | 0 | ЛШ | 5 | 0 | СФ | 1 | 0 | 20 | 2 | |
Вкупно Париз Сен Жермен | 150 | 13 | 38 | 6 | 36 | 4 | 3 | 1 | 227 | 24 | |||||
2019-2020 | Јувентус | А | 28 | 1 | КИ | 4 | 0 | ЛШ | 5 | 0 | СИ | 0 | 0 | 37 | 1 |
2020-2021 | А | 34 | 4 | КИ | 5 | 0 | ЛШ | 7 | 1 | СИ | 1 | 0 | 47 | 5 | |
2021-2022 | А | 32 | 0 | КИ | 5 | 0 | ЛШ | 7 | 0 | СИ | 1 | 0 | 45 | 0 | |
2022-2023 | А | 32 | 8 | КИ | 3 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 5+8 | 2+1 | - | - | - | 48 | 11 | |
Вкупно Јувентус | 126 | 13 | 17 | 0 | 32 | 4 | 2 | 0 | 177 | 17 | |||||
Вкупно во кариерата | 289 | 27 | 55 | 6 | 68 | 8 | 5 | 1 | 417 | 42 |
Титули
уредиКлупски
уредиПариз Сен Жермен
уреди- Лига 1 : 5
- 2013–2014, 2014–2015, 2015–2016, 2017–2018, 2018–2019[64]
- Куп на Франција : 4
- 2014–2015, 2015–2016, 2016–2017, 2017–2018[65]
- 2013–2014, 2014–2015, 2015–2016, 2016–2017, 2017–2018
- 2015, 2016, 2017, 2018
Јувентус
уреди- Серија А : 1
- Куп на Италија : 2
Наводи
уреди- ↑ „Rabiot Adrien“ (француски). Paris Saint-Germain F.C. Архивирано од изворникот на 2015-12-18. Посетено на 14 December 2015.
- ↑ „Rabiot, un 'duca' per la Juve: mamma, papà e calcio“. 29 јуни 2019.
- ↑ 3,0 3,1 „Tutto quello che non sapete di Rabiot: il nuovo Duca juventino“. 30 јуни 2019.
- ↑ 4,0 4,1 „Генерација на феномени - Адријан Рабио, во Париз раснат и домашни таленти, а Анчелоти гарантира...“.
- ↑ „Adrien Rabiot : « Quelque chose de grand »“. Le Parisien. 9 јули 2012.
- ↑ „Premier contrat professionnel pour Adrien Rabiot“ [First professional contract for Adrien Rabiot] (француски). Paris Saint-Germain F.C. 12 July 2012. Архивирано од изворникот на 2018-10-26. Посетено на 26 August 2012.
- ↑ « Рабио, изненадувањето на Анчелоти », Le 10 Sport, 5 август 2012.
- ↑ „Rabiot, la révélation parisienne!“ [Rabiot, the Parisian revelation!] (француски). Football.fr. 28 August 2012. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 21 October 2015.
- ↑ « Рабио, париско откровение! » Архивирано на 4 март 2016 г., football.fr, 28 август 2012.
- ↑ „Le PSG aux portes de la qualification“ [PSG on the verge of qualification] (француски). UEFA. 6 November 2012. Посетено на 15 February 2014.
- ↑ „Рабио го сруши рекордот на Артета“. maxifoot.fr. 7 ноември 2012. Посетено на 2 јули 2019.
- ↑ „Adrien Rabiot prêté à Toulouse“ [Adrien Rabiot loaned to Toulouse] (француски). Paris Saint-Germain F.C. 31 January 2014. Архивирано од изворникот на 2014-02-02. Посетено на 15 February 2014.
- ↑ „Mercato - Adrien Rabiot (PSG) prêté au TFC“. tfc.info. Архивирано од изворникот на 2015-06-14. Посетено на 2 јули 2019.
- ↑ „Тулуза потклекна во завршницата пред Рен (2-0)“. tfc.info. Архивирано од изворникот на 2015-06-14. Посетено на 2 јули 2019.
- ↑ „Stade Brestois-TFC (0–1): Rabiot relance Toulouse“ [Stade Brestois-TFC (0–1): Rabiot puts Toulouse back on track] (француски). Eurosport. 9 March 2013. Посетено на 15 February 2014.
- ↑ Magnifique premier but Ligue 1 RABIOT (45') - Stade Brestois 29 - Toulouse FC (0-1) / 2012-13 (video) youtube.com
- ↑ Финале на Лига купот на Франција: Париз Сен Жермен - Лион 2-1 www.transfermarkt.com
- ↑ „VIDEOS. PSG-Rennes (1-2) : revivez le match minute par minute“. leparisien.fr (француски). Посетено на 2016-04-26.
- ↑ Rabiot sanctionné pour l'exemple
- ↑ Rabiot: I have no idea why Roma move collapsed goal.com
- ↑ Adrien Rabiot prolonge jusqu'en 2019
- ↑ [PSG : Le bonheur de Rabiot „https://www.lesechos.fr/sport/football/sports-698328-psg-le-bonheur-de-rabiot-1067033.php“] Проверете ја вредноста
|url=
(help). lesechos.fr (француски). 21 ноември 2014. Надворешна врска во|title=
(help) - ↑ Кристофер Дод (21 февруари 2015). „Двојниот стрелец Рабио му помогна на Париз Сен Жермен да го победи Тулуза“. sportsmole.co.uk. Посетено на 3 јули 2019.
- ↑ „Le PSG débute comme jamais sous QSI : avec une victoire“. Eurosport. 2015-08-07. Посетено на 2016-04-26..
- ↑ „Лига на шампиони: ПСЖ го победи Малме(0-5) и се квалификува меѓу 16-те најдобри“. Eurosport. 2015-11-25. Посетено на 2016-04-26.
- ↑ [1], Eurosport.fr, 23 септември 2016.
- ↑ Adrien Rabiot, touché à une cuisse avec les Bleus, ne pense pas pouvoir jouer à Arsenal
- ↑ Paris Saint-Germain 7-0 Bastia: Parisians breeze to victory over Ligue 1 outfit in French Cup as Julian Draxler marks competitive debut with goal www.dailymail.co.uk
- ↑ „ВИДЕО: Рабио ГО ПОНИЖИ најдобриот фудбалер на Барселона“. gol.mk. 2017. Посетено на 5 јули 2019.
- ↑ PSG 4 Barcelona 0: Six things we learned as the end of an era leaves Lionel Messi and Neymar stunned www.independent.co.uk
- ↑ „ВИДЕО: Маестралниот Алвес и Рабио направија пресврт и донесоа Суперкуп титула за ПСЖ“. gol.mk. 2017. Посетено на 6 јули 2019.
- ↑ pour prolonger, Rabiot ne voudrait pas plus de trois ans de contrat
- ↑ „Рабио по третпат му откажа на ПСЖ“. standard.mk. 2 октомври 2018. Архивирано од изворникот на 2019-07-06. Посетено на 6 јули 2019.
- ↑ „Adrien Rabiot calls on French FA to force Paris Saint-Germain to allow him to return to first-team setup“. Sky Sports. 21 January 2019. Посетено на 22 January 2019.
- ↑ „PSG outcast Rabiot suspended over night out“. France 24. 14 март 2019. Посетено на 6 јули 2019.
- ↑ „ПСЖ повторно го казни Рабио, овој пат за „лајк" во Инстаграм“. GRID.mk. 6 април 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-06. Посетено на 6 јули 2019.
- ↑ „„Син ми е заложник во ПСЖ, го држат како затвореник, му фали уште сув леб и темница!"“. gol.mk. 20 април 2019. Посетено на 6 јули 2019.
- ↑ „À bientôt, Rabiot!“. Juventus.com. Посетено на 2019-07-01.
- ↑ „Рабио потпиша со Јувентус“. GRID.mk. 1 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-06. Посетено на 6 јули 2019.
- ↑ „Juve, Sarri e il dilemma francese tra Rabiot e Matuidi“. 19 јуни 2020. Посетено на 2020-09-10.
- ↑ „Rabiot: 'Con Pirlo sarà una Juve da Champions'“. 4 септември 2020. Посетено на 2020-09-10.
- ↑ „Milan-Juventus 4-2: non bastano Rabiot e Ronaldo, Sarri resta a +7 dalla Lazio“. 7 јули 2020. Посетено на 8 јули 2020.
- ↑ „Rabiot, il primo gol del francese con la maglia della Juventus“. Архивирано од изворникот на 2020-08-06. Посетено на 8 јули 2020.
- ↑ „Champions League: Juventus-Porto 3-2, bianconeri eliminati agli ottavi“. Посетено на 2022-03-21.
- ↑ Livia Taglioli (5 октомври 2022). „Di Maria sforna assist, Rabiot e Vlahovic gol: Maccabi battuto (con qualche brivido)“. Посетено на 21 октомври 2022.
- ↑ Martino Cozzi (16 октомври 2022). „Rabiot fa 100 presenze in bianconero, i complimenti del club“. Посетено на 21 октомври 2022.
- ↑ „JUVENTUS-EMPOLI 4-0: GOL DI KEAN, MCKENNIE E RABIOT (DOPPIETTA). SECONDA VITTORIA DI FILA PER ALLEGRI“. 21 октомври 2022. Посетено на 21 октомври 2022.
- ↑ „Rabiot segna ancora: pari con lo Sporting, la Juve vola in semifinale“ (италијански). La Gazzetta dello Sport. 2023-04-20. Посетено на 2023-04-21.
- ↑ „Adrien Rabiot renews with Juventus!“ (англиски). Јувентус. 27 јуни 2023. Посетено на 3 јули 2023.
- ↑ „Capitani bianconeri... da tutto il mondo“. 2023-10-24.
- ↑ „Coppa Italia, la Juventus brinda all'Olimpico: l'Atalanta va ko 1-0“. 15 мај 2024. Посетено на 2024-07-18.
- ↑ „Grazie di tutto, Adrien!“. 18 јули 2024. Посетено на 18 јули 2024.
- ↑ „Adrien Rabiot est marseillais“. Olympique de Marseille. 17 September 2024.
- ↑ Julien Muller (15 ноември 2016). „Amical. France-Côte d'Ivoire (0-0) : revivez le dernier match de l'année des Bleus“ (француски). Le Parisien. Посетено на 8 јули 2020.
- ↑ „Mondiali Russia 2018, Deschamps lo inserisce nella lista dei sostituti della Francia: Rabiot rifiuta“. Sky Sport. 23 мај 2018. Посетено на 2 август 2018.
- ↑ „Un ritorno in nazionale? Per Rabiot si mobilita pure un rapper. Ma Deschamps...“. 2020-03-06. Посетено на 2020-09-10.
- ↑ „Juve, Rabiot è rinato ancora: Deschamps lo ha perdonato“. 2020-08-28. Посетено на 2020-09-10.
- ↑ „Rabiot perdonato e convocato: Deschamps lo chiama per la Nations League“. 28 август 2020. Посетено на 2020-09-10.
- ↑ „Suède-France (0-1) : «Rabiot, un retour très mitigé», analyse Alain Giresse“ (француски). 5 settembre 2020. Посетено на 2020-09-10. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Francia, i convocati per gli Europei: Rabiot c'è, torna Benzema“. 2021-05-18. Посетено на 2021-05-19.
- ↑ Maxime Ducher (2021-11-13). „France-Kazakhstan : les Bleus au Qatar grâce à un quadruplé d'anthologie de Mbappé (8-0)“ (француски). Посетено на 2021-11-13.
- ↑ „Convocati Francia, Deschamps ne chiama 25 - Calcio“. Agenzia ANSA (италијански). 2022-11-09. Посетено на 2023-04-21.
- ↑ „Francia-Australia 4-1: Giroud a suon di record, Rabiot e Mbappé. I campioni non sbagliano“ (италијански). la Repubblica. 2022-11-22. Посетено на 2023-04-21.
- ↑ „PSG Champions as Lille held at Toulouse“. Ligue 1. 21 April 2019. Архивирано од изворникот на 2019-06-26. Посетено на 21 April 2019.
- ↑ „Paris Saint-Germain set record with fourth straight Coupe De France crown“. Goal. 8 May 2018. Посетено на 8 May 2018.
Надворешни врски
уреди„Адријан Рабио“ на Ризницата ? |