Ноќен клуб, музички клуб, дискотека, дискоклуб или просто клуб — ноќно забавно место што се состои од танцувачки подиум, светлосна претстава и сцена за жива музика или диџеј (диск-џокеј) што свири снимена музика. Ноќните клубови се помали од местата со жива музика, како што се театрите и стадионите. Честопати има малку или воопшто нема места за седење во клуб. Ноќните клубови обично го ограничуваат пристапот на луѓето во однос на возраста, облеката, личните предмети и несоодветното однесување. Ноќните клубови обично имаат правила на облекување за да им се забрани влез на луѓето што носат неформална, непристојна, навредлива облека или облека поврзана со банди. За разлика од другите забавни места, ноќните клубови почесто користат исфрлувачи за проверка на можните посетители при влез. Најпрометните вечери за ноќен клуб се петок и сабота. Повеќето ноќни клубови се насочуваат кон одреден жанр на музика или звук за маркетиншки ефект. Некои ноќни клубови може да служат храна и пијалаци (вклучувајќи алкохолни).[1]

Ноќен клуб

Наводи уреди

  1. Fact (2012-11-12). „How to... run a clubnight“. Fact Magazine (англиски). Посетено на 2023-04-14.

Надворешни врски уреди