ФК Нотингем Форест

(Пренасочено од ФК Нотингам Форест)

ФК Нотингем Форест е англиски фудбалски клуб од Нотингем, грофовијата Нотингемшир. Моментално се натпреварува во Премиер лигата на Англија, најсилното ниво на англискиот лигашки фудбалски систем, по промоцијата која клубот ја остварил во Чемпионшип преку плејофите во сезоната 2021-2022.

Нотингем Форест
Целосно имеФудбалски клуб Нотингем Форест
ДржаваАнглија Англија
ПрекарШумари
Основан1865
Бои          црвена и бела
СтадионСити Граунд
Капацитет36.261
СопственикГрција Евангелос Маринакис
Претседател Николас Рандал
МенаџерВелс Стив Купер
ЛигаПремиер лига Премиер лига
2021–22Чемпионшип, 4. место (промоција)
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Клубот е основан во 1865 година и претставува еден од основачите на Алијанс лигата во 1889 година. Во 1892 година, клубот се приклучува во Фудбалската лига. Форест двапати го освоиле ФА Купот во 1898 и 1959 година, а нивниот најуспешен периодот е помеѓу 1975 и 1993 година, кога под водството на Брајан Клаф, клубот го освоил државното првенство, двапати Европскиот куп на шампиони, четири Лига купа и двапати го освојувал Фул Мемеберс купот.

Прекарот им е Форест (превод на мак. Шумари), име под кое исто така е познат клубот и кое секогаш го носеле на грбот на своите дресови, но никогаш како Нотс Форест, иако Нотс е кратенка од Нотингемшир, таа кратенка се се смета за заштитен знак на нивниот градски соперник Нотс Каунти. Традиционалните бои на Нотингем Форест се црвената и белата.

Своите домашни натпревари, Форест ги игра на стадионот Сити Граунд, уште од далечната 1898 година.

Историја

уреди

1865-1975

уреди
 
Составот на Форест кои го освоил ФА купот во 1898 година

Нотингем Форест е основан во 1865 година од страна на Бенди и Шинти играчи, под името Нотингем Форест Фудбал и Бенди клуб, набргу по основањето на градскиот ривал Нотс Каунти. Во 1889 година, клубот се приклучил на Фудбалската алијанса и ја освоил истата во 1892 година. После тоа, станува член на Фудбалската лига. Во 1890 година, Нотингем Форест се преселил да игра на Таун Граунд.

Првата голема титула Форест ја освоил во 1898 година, кога бил освојувач на ФА Купот, победувајќи го во финалето Дарби Каунти со 3-1 на стадионот Кристал Палас. Головите за Форест во тоа финале ги постигнале Артур Кејпс (два) и Џон МекФирсон.

Во 1949 година, клубот испаѓа во Третата дивизија, но две години подоцна успева да избори промоција. Во Првата дивизија Форест се вратил во 1957 година, а во 1959 го освојува вториот ФА куп, откако во финалето овојпат биле подобри од Лутон Таун со 2-1 на Вембли. Нотингем повел со 2-0 со головите на Рој Двајт и Томи Вилсон во 10-тата и 14-тата минута, а Лутон до крајот само успеал да го ублажи поразот со голот на Дејв Пејси во 66-тата минута.

Откако биле вицешампиони во првенството и полуфиналисти во купот во 1967 година, во 1972 година клубот претрпел уште едно испаѓање од Првата дивизија.

Ерата на Брајан Клаф (1975-1993)

уреди
 
Статуа на Брајан Клаф, тренерот кој го водел Нотингем Форест 18 години.

Најуспешен менаџер во историјата на Нотингем Форест бил Брајан Клаф, кој го водел клубот цели 18 години во периодот помеѓу 1975 и 1993 година. Клаф ја освоил шампионската титула во Англија со Дарби Каунти во 1972 година, а во Форест дошол на 6 јануари 1975 година, заменувајќи го Алан Браун после поразот на клубот на домашен терен од лутиот ривал Нотс Каунти со 2-0. Првиот натпревар на клупата на својот нов клуб Клаф го имал против Тотенхем, во преигрувањето од третата рунда на ФА купот, натпревар во кој фудбалерите на Нотингем победиле со 1-0, со голот на Нил Мартин.[1]

Во сезоната 1976-1977, Форест изборил промоција во Првата дивизија и враќање во елитниот ранг на англискиот фудбал откако завршиле на третото место во Втората дивизија. Забележителен подвиг направиле следната сезона, во која Форест станал еден од ретките клубови кој ја освоиле титулата во Првата дивизија, само година дена по промоцијата од понискиот ранг на натпреварување.

Овој успех бил само почеток на најсјајната ера на клубот. Во 1979 година, Форест го освоил Европскиот куп на шампиони совладувајќи го Малме со 1-0 во финалето, одиграно на Олимпискиот стадион во Минхен. Следната сезона, клубот дури успеал да го одбрани трофејот со победата над Хамбургер со 1-0 во второто едноподруго финале, овојпат одиграно на Сантјаго Бернабеу во Мадрид, во кое посебно се истакнал голманот Питер Шилтон со неколку неверојатни одбрани. Во истиот период, Форест го освоил и Европскиот суперкуп и двапати Лига купот на Англија. Покрај Шилтон, истакнати играчи на клубот од тоа време биле и десниот бек Вив Андерсон (првиот црномурест играч кој настапил за фудбалската репрезентација на Англија), играчот од средниот ред Мартин О'Нил, напаѓачот Тревор Френсис и триото шкотски интернационалци: Џон Робертсон, Арчи Гемил и Кени Брнс. Клубот играл во полуфиналето на Купот на УЕФА во сезоната 1983-1984, каде испаднале од Андерлехт во контроверзни околности. Подоцна се испоставило дека белгискиот клуб го подмитил судијата, кој во меѓувреме загинал во сообраќајна несреќа.[2]

Следниот значаен трофеј за Форест дошол во 1989 година, кога го победиле Лутон Таун со 3-1 во Лига купот. Во поголемиот дел од истата сезона, клубот се надевал на тројната круна во домашните натпреварувања, но на крајот завршиле на третото место во првенството зад Арсенал и Ливерпул и токму од Ливерпул загубиле во повторениот натпревар од полуфиналето на ФА купот. Следната сезона, тимот на Клаф ја одбранил титулата во Лига купот освојувајќи уште еден наслов во ова натпреварување по победата со 1-0 над Олдам Атлетик со голот на Најџел Џемсон. Во 1991 година, клубот игра финале на ФА купот, во кое сепак на крајот е поразен од Тотенхем со 2-1 со автоголот на Дес Вокер во 94-тата минута.

Во 1992, Форест го победил Саутхемптон во финалето на Фул Мемберс купот со 3-2, а истата сезона загубиле во финалето на Лига купот од Манчестер Јунајтед со 1-0. Двете финалиња клубот ги играл ослабен поради многуте повредени играчи.

Своето осумнаесетгодишно владеење на чело на Форест, Брајан Клаф го завршил во мај 1993 година, откако клубот претрпел испаѓање во првата сезона од новоформираната Премиер лига на Англија, по 16 величествени години во врвот на англискиот фудбал. Во тој период, Нотингем Форест освоил една првенствена титула, две титули во Европскиот куп на шампиони и четири титули во Лига купот.

Спонзори и производители на опрема

уреди
 
Спонзори на дресовите
 
Спортска опрема

Играчи

уреди

Моментален состав

уреди
Обновено на 5 јули 2022 [3]
Бр. Позиција Играч
1   ГМ Мат Тарнер
3   ОД Нуно Таварес
4   ОД Џо Ворал  
5   ОД Орел Мангала
6   СР Ибрахим Сангаре
7   ОД Неко Вилијамс
8   СР Шеиху Кујате
9   НП Таиво Авонији
10   СР Морган Гибс-Вајт
11   НП Крис Вуд
12   СР Андреј Сантос
13   ГМ Вејн Хенеси
14   СР Калум Хадсон-Одои
15   ОД Хари Тофоло
16   СР Николас Домингес
Бр. Позиција Играч
18   СР Фелипе
19   ОД Муса Ниакате
21   СР Антони Еланга
22   СР Рајан Јејтс
23   ГМ Одисеас Влаходимос
24   ОД Серж Орије
26   ОД Скот Мекена
27   НП Дивок Ориги
28   СР Данило
29   ОД Гонсало Монтиел
30   ОД Вили Боли
32   ОД Ендрју Омобамиделе
40   ОД Муриљо
41   СР Брендон Агилера
43   ОД Ола Аина

Менаџери

уреди
 
Брајан Клаф, менаџерот со најмногу освоени трофеи во историјата на Форест.
Менаџери на Нотингем Форест

Вкупно 37 менаџери (или тренери) до денес го имаат водено од клупата Нотингем Форест; 7 од нив биле на функцијата како „привремени“ или „вршители на должноста“.[4]

Првиот тренер во историјата на Форест бил Хари Редфорд, иако тој не фигурирал како менаџер, тој ги извршувал сите задачи што треба да ги направи еден нормален тренер. Редфорд го тренирал тимот до 1897 година на вкупно 176 натпревари, од кои 69 победи, 34 нерешени и 73 порази. Брајан Клоф сè уште има најдолг тренерски мандат, тој бил на чело на тимот осумнаесет последователни сезони, поточно од 3 јануари 1975 до 8 мај 1993 година. Под водство на Клоф, Нотингем Форест ја освоил својата единствена титула во англиското првенство, а покрај тоа и два Европски купа на шампиони, Суперкуп на УЕФА, ФА Черити Шилд и четири англиски Лига купа.

Вреди да се споменат и тренерите како Хари Хаслам, првиот тренер кој го освоил ФА купот со црвените, и Били Вокер, вториот тренер (зад Клаф) со најмногу натпревари на клупата на клубот, точно 650, од кои 272 победи, 147 нерешени и 231 пораз.

Сегашниот менаџер, Стив Купер, го вратил Нотингем Форест во Премиер лигата после 23 години чекање.

Титули

уреди

Домашни

уреди
1977-1978
1906–1907, 1921–1922, 1997–1998
1950–1951
1891–1892
1897–1998, 1958–1959
1977–1978, 1978–1979, 1988–1989, 1989–1990
1978
1988-1989, 1991-1992

Меѓународни

уреди
1978-1979, 1979-1980
1979
1976-1977

Наводи

уреди
  1. „QosFC: Queens Legends“. www.qosfc.com.
  2. * http://news.bbc.co.uk/2/hi/sport/football/42383.stm
  3. „Squad Numbers Confirmed“. Nottingham Forest Football Club Official Website. Посетено на 11 September 2020.
  4. „Former managers of Nottingham Forest“ (англиски). Nottingham Forest F.C. Архивирано од изворникот на 14 november 2015. Посетено на 2 november 2015. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |archivedate= (help)

Надворешни врски

уреди