Таиво Авонији
Таиво Мајкл Авонији (роден на 12 август 1997 година, во Илорин) — нигериски фудбалер, напаѓач на Нотингем Форест и на нигериската репрезентација.
Таиво Авонији | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Таиво Мајкл Авонији | ||
Роден на | 12 август 1997 | ||
Роден во | Илорин, Нигерија | ||
Држава | Нигерија | ||
Висина | м | 1,83||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Нотингем Форест | ||
Број | 9 | ||
Младинска кариера | |||
Империјал Сокер Академи | |||
Ливерпул | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2015-2020 | Ливерпул | 0 | (0) |
2015-2016 | → ФШФ Франкфурт | 13 | (1) |
2016-2017 | → НЕК | 18 | (2) |
2017-2018 | → Р. Е. Мускрон | 27 | (7) |
2018-2019 | → Гент | 16 | (0) |
2019 | → Р. Е. Мускрон | 9 | (7) |
2019-2020 | → Мајнц 05 | 12 | (1) |
2020-2022 | Унион Берлин | 52 | (20) |
2022- | Нотингем Форест | 30 | (13) |
Репрезентација ‡ | |||
2013 | Нигерија 17 | 8 | (4) |
2015 | Нигерија 20 | 9 | (7) |
2015 | Нигерија 23 | 3 | (2) |
2021- | Нигерија | 6 | (1) |
* Ажурирано на: 23 април 2021 ** Ажурирано на: 23 април 2021 |
Технички карактеристики
уредиКласичен напаѓач со одлична техника и добра креативност, вешт пред се во контрола на топката.[1] Поради неговите карактеристики често е споредуван со Рашиди Јекини.[2]
Клупска кариера
уредиРана кариера
уредиВо 2010 година, Авонији бил избран за најкорисен играч на Кока-Кола фудбалското натпреварување во Лондон. Неговиот настап на натпреварувањето бил забележан од Сеји Олофинџана кој го поканил да се приклучи во Империјал Сокер Академи академијата.[3]
Ливерпул
уредиНа 31 август 2015 година, Авонији потпишал за англискиот гигант Ливерпул за сума од околу 400.000 фунти, но веднаш бил позајмен на германскиот клуб ФШФ Франкфурт.[4][5]
Заеми во ФШФ Франкфурт и НЕК
уредиАвонији го направил своето деби за клубот од Франкфурт, влегувајќи како доцна замена во натпревар од Купот на Германија против Херта Берлин. Откако претходно бил неискористена замена во шест првенствени натпревари, тој го имал своето деби во Втората Бундеслига на 19 февруари 2016 година, играјќи 89 минути против Сент Паули.[6] Од тој момент, неговите учества во натпреварите на ФШФ Франкфурт во лигата станале пракса и тој се појавил во секој еден натпревар на клубот до крајот на сезоната. На 18 март 2016, Авонији го постигнал својот прв гол во професионалната клупска кариера во ремито 2-2 на гостувањето кај Хајденхајм. Сепак, Франкфурт претрпел испаѓање од Втората Бундеслига на крајот од сезоната, а Авонији се вратил во Ливерпул.
На 26 август 2016 година, тој заминал на нова позајмица, овојпат во холандскиот тим НЕК.[7] На 10 септември, тој го направил своето деби во Ередевиси во поразот со 4–0 од ПСВ Ајндховен, натпревар во кој започнал од почетокот и бил заменет во 72-рата минута од Мајкл Хајнлот.[8] Иако тој го променил клубот во текот на летото, сепак среќата на нигериецот не се сменила и тој со НЕК го претрпел своето второ последователно испаѓање, откако клубот загубил во плејофот за опстанок во Ередивиси во 2017 година.[9]
Заеми во Мускрон и Гент
уредиВо јули 2017 година, Авонији го напушти НЕК и му се приклучил на белгискиот клуб Ројал Ексел Мускрон на позајмица од една сезона; своето деби го имал на 12 август против Локерен, постигнувајќи го својот прв гол за клубот во 22-рата минута.[10] Во Белгија, тој конечно успеал да пронајде поголема минутажа и повеќе простор за играње, забележувајќи 27 првенствени настапи и 7 голови, вклучително и двата против Стандард во поразот со 4-3. Во последниот свој одигран натпревар во дресот на Мускрон против Локерен, тој добил директен црвен картон.
На 17 јули 2018 година, Авонији потпишал нов долгорочен договор со Ливерпул,[11] пред на 23 јули да се врати во Белгија каде бил потпишан на уште една сезона на заем од друг белгиски клуб, Гент.[12] Сепак, откако во Гент работи не се одвивале онака како што Авонији посакувал, неговата позајмица била прекината и на 11 јануари 2019, тој бил повторно позајмен во Мускрон каде се вратил после шест месеци.[13] Во Мускрон тој брзо се вратил во форма, постигнувајќи 7 гола на 9 натпревари, вклучително и оној во победата со 2-1 на гостувањето кај неговиот довчерашен клуб Гент. Во април 2019, тој изјавил дека неговата борба да добие работна дозвола од Обединетото Кралство може да ја заврши неговата кариера во Ливерпул.[14]
Заемот во Мајнц
уредиНа 6 август 2019 година, Ливерпул го пратил Авонији на шестта позајмица, овојпат во Бундеслигата на Германија, во екипата на Мајнц 05.[15] Своето деби во Бундеслигата го направил во првото коло од сезоната 2019-2020, во поразот со 3-0 на гостувањето кај Фрајбург, заменувајќи го Едимилсон Фернандес во 86-тата минута. Тешко доаѓајќи до минути на теренот за Мајнц, Авонији сепак успеал да постигне еден погодок за клубот, правејќи го тоа на 17 мај 2020 против Келн, во првиот натпревар на Мајнц по паузата во првенството предизвикана од пандемијата на КОВИД-19. Во јуни 2020 година, тој бил хоспитализиран откако доби тежок потрес на мозокот за време на поразот со 1-0 од Аугсбург.[16]
Унион Берлин
уредиНа 19 септември 2020 година, Авонији бил позајмен повторно во Бундеслигата, во екипата на Унион Берлин.[17] Дебитирал за Унион Берлин на 26 септември против Борусија Менхенгладбах, а првиот гол го постигнал во победата со 2-1 над Келн на 22 ноември 2020. Неговиот најплоден месец за сезоната бил декември 2020, во кој постигнал 3 гола (во градското дерби против Херта, потоа против Штутгарт и Борусија Дортмунд) во 4 натпревари, неуспевајќи единствено да ја погоди мрежата на шампионот Бајерн Минхен. Во првиот натпревар од 2021 година, тој продолжил со одличната форма постигнувајќи погодок и асистирајќи за голот на неговиот партнер во нападот, Шералдо Бекер, во победата со 2-0 на гостувањето кај Вердер Бремен. Иако во втората половина од сезоната, тој пропушил многу натпревари поради мускулна повреда, сепак неговите перформанси во првиот дел биле доволно добри за клубот од главниот град да го откупи од Ливерпул.
На 20 јули 2021 година, Авонији дефинитивно станал играч на Унион Берлин, приклучувајќи му се на клубот на трајна основа.[18] За неговите услуги Унион Берлин му платил 6,5 милиони фунти на Ливерпул,[19] кои исто така требало да добијат и 10% од неговата следна продажба.[20] Сезоната 2021-2022, била најдобрата за Авонији во неговата кариера, откако нигерискиот напаѓач постигнал 15 првенствени гола во Бундеслигата кои го направиле шестти најдобар стрелец во првенството. Со својте голови, тој му помогнал на клубот да заврши на петтото место на табелата во првенството, што бил највисокиот пласман на Унион Берлин во историјата на клубот. Со својте голови тој срушил неколку клупски рекорди, а еден од оние кои сè уште ги држи во своја сопственост е тој да е најдобриот стрелец на Унион Берлин кога се во прашање само настапите во Бундеслигата со 20 постигнати голови.
Нотингем Форест
уредиНа 25 јуни 2022 година, Авонији потпишал петгодишен договор со новопромовираниот тим во Премиер лигата на Англија, Нотингем Форест.[21] Платената сума за трансфер била клупски рекорд за Форест и изнесувала 17 милиони фунти.[22] На 14 август 2022 година, тој го постигнал својот прв гол во Премиер лигата во победата со 1–0 на домашен терен над Вест Хем Јунајтед.[23] На 22 октомври 2022 година, тој постигнал уште еден победнички гол, во успехот на домашен терен со 1–0 против неговиот поранешен клуб Ливерпул.[24] Кон крајот на сезоната, тој постигнал шест гола во четири натпревари, вклучувајќи го и победничкиот погодок во победата од 1–0 на домашен терен над Арсенал на 20 мај 2023 година, која на шумарите им го загарантирала статусот во Премиер лигата и за следната сезона.[25] Првата сезона во дресот на Нотингем Форест ја завршил со 30 настапи и 11 постигнати голови комбинирано во првенството и Лига купот.
Својата одлична форма од претходната сезона, Авонији ја пренел и во сезоната 2023-2024, започнувајќи ја со гол на гостувањето кај Арсенал на Емирати во поразот на неговата екипа со 2-1. На 18 август 2023 година, со голот против Шефилд Јунајтед во победата на домашен терен со 2-1, Авонији станал првиот играч на Форест кој постигнал гол во шест последователни натпревари во Премиер лигата од Стен Колимор во периодот март-април 1995 година.[26] Неговата серија продолжила и во следното коло кога после само две минути игра тој го довел Форест во водство (0-1) на Олд Трафорд против Манчестер Јунајтед, но на крајот неговиот тим бил поразен со 3-2.[27]
Репрезентативна кариера
уредиАвонији ја претставувал нигеријската репрезентација на Светското првенство за играчи под 17 години 2013, кое нигеријците го освоиле, а тој постигнал четири гола за време на натпреварувањето.[28]
Тој, исто така, ја претставувал нигеријската репрезентација на Светското првенство за играчи под 20 години 2015 во Нов Зеланд, откако бил дел од репрезентацијата која го освоила Африканското првенство во Сенегал претходно истата година.[29]
На 12 април 2015 година, тој постигнал два гола на своето деби за Олимписката репрезентација на Нигерија во натпревар против Замбија. Потоа, тој бил избран во провизорниот список од 35 играчи за Летните олимписки игри 2016, но не се нашол на конечниот список па не можел да настапи на турнирот во Бразил.[30]
Кон крајот на 2021 година, тој добил повик од селекторот Гернот Рор да ја претставува Нигерија на сениорско ниво во Квалификациите за Светско првенство 2022; своето деби го направил во поразот со 1-0 од Централноафриканската Република.[31] Потоа, Авонији бил избран да ја претставува Нигерија на Африканскиот куп на нации 2021, каде што имал голема минутажа и го предводел нападот на Нигерија во текот на целиот турнир.[32] Неговиот единствен гол за време на турнирот дошол во победата од 3-1 во групната фаза против Судан.[33]
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиХронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Нигерија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
7-10-2021 | Лагос | Нигерија | 0 – 1 | Централноафриканска Реп. | Квал. за СП 2022 | - | 46' | |
11-1-2022 | Гаруа | Нигерија | 1 – 0 | Египет | АФКОН 2021 - Прва фаза | - | 72' | |
15-1-2022 | Гаруа | Нигерија | 3 – 1 | Судан | АФКОН 2021 - Прва фаза | 1 | 82' | |
23-1-2022 | Гаруа | Нигерија | 0 – 1 | Тунис | АФКОН 2021 - Осминафинале | - | 60' | |
27-9-2022 | Бир Ел Џир | Алжир | 2 – 1 | Нигерија | Пријателска | - | 72' | |
18-6-2023 | Монровија | Сиера Леоне | 2 – 3 | Нигерија | Квал. за АФКОН 2023 | - | 81' | |
Вкупно | Настапи | 6 | Голови | 1 |
Наводи
уреди- ↑ Taiwo Awoniyi: Profiling Liverpool’s new Nigerian forward signing thisisanfield.com
- ↑ Solace Chukwu (14 March 2015). „TAIWO AWONIYI: THE YOUNGSTER LOOKING TO FILL RASHIDI YEKINI'S BIG VOID“. Goal.com. Посетено на 7 September 2015.
- ↑ „I beat Taiwo Awoniyi to discourage him from football – Dad“. Vanguard. 10 November 2013. Посетено на 7 September 2015.
- ↑ Press Association (31 August 2015). „Liverpool sign 18-year-old Nigeria forward Taiwo Awoniyi“. The Guardian. Посетено на 7 September 2015.
- ↑ Okeleji, Oluwashina (2 September 2015). „Taiwo Awoniyi: Youngster tipped to do well at Liverpool“. BBC Sport. Посетено на 28 August 2019.
- ↑ „Liverpool's Awoniyi makes League Debut In Germany“. Soccernet. 19 February 2016. Архивирано од изворникот на 2018-02-07. Посетено на 19 February 2016.
- ↑ „NEC hires striker Taiwo Awoniyi“. NEC. 26 August 2016. Посетено на 30 August 2016.
- ↑ Johnny Edward (10 September 2016). „Nwakaeme Hits Hat-trick, Enyeama Concedes Four, Awoniyi Makes NEC Debut“. Nigerian Nation. Архивирано од изворникот на 2016-09-11. Посетено на 11 September 2016.
- ↑ „NEC degradeert na forse nederlaag tegen NAC“. nos.nl. 28 May 2017. Посетено на 6 February 2018.
- ↑ „Liverpool loanee celebrates birthday with debut goal“. thisisanfield.com. 13 August 2017. Посетено на 10 September 2017.
- ↑ Carroll, James (17 July 2018). „Taiwo Awoniyi signs new Liverpool deal“. Liverpool F.C. Посетено на 23 July 2018.
- ↑ Carroll, James (23 July 2018). „Taiwo Awoniyi seals loan switch to KAA Gent“. Liverpool F.C. Посетено на 23 July 2018.
- ↑ „Taiwo Awoniyi joins Mouscron on loan“. Liverpool FC.
- ↑ Okeleji, Oluwashina (1 April 2019). „Taiwo Awoniyi: Nigerian admits work permit could derail Liverpool dream“. BBC Sport. Посетено на 28 August 2019.
- ↑ „Taiwo Awoniyi joins Mainz on season-long loan deal“. Liverpool FC.
- ↑ „Mainz's Liverpool loanee Awoniyi hospitalised with severe concussion“. Yahoo Sports. 14 June 2020. Архивирано од изворникот на 2022-01-18. Посетено на 10 September 2020.
- ↑ „Taiwo Awoniyi arrives in Köpenick“ (англиски). Union Berlin. 19 September 2020. Посетено на 19 September 2020.
- ↑ „Taiwo Awoniyi joins Union Berlin in permanent move“. Liverpool FC. 20 July 2021. Посетено на 20 July 2021.
- ↑ Jones, Neil (20 July 2021). „Liverpool striker Awoniyi completes £6.5m Union Berlin transfer | Goal.com“. www.goal.com. Посетено на 20 July 2021.
- ↑ Pearce, James. „Liverpool agree deals to sell Marko Grujic and Taiwo Awoniyi“. The Athletic (англиски). Посетено на 21 July 2021.
- ↑ „Reds complete club record Awoniyi signing“. Nottingham Forest F.C. 25 June 2022.
- ↑ „Nottingham Forest make Awoniyi record signing“. BBC Sport. 25 June 2022.
- ↑ „Awoniyi fires Nottingham Forest to winning return over wasteful West Ham“. The Guardian. 14 August 2022.
- ↑ „Nottingham Forest stun Liverpool as Jurgen Klopp decisions backfire“. The Mirror. 22 October 2022.
- ↑ „Nottingham Forest 1–0 Arsenal: Hosts secure Premier League safety to hand title to Manchester City“. BBC Sport. 19 May 2023. Посетено на 20 May 2023.
- ↑ „Super sub Wood heads in late winner for Forest against Sheff Utd“. www.premierleague.com (англиски). Посетено на 2023-08-21.
- ↑ „United concede twice inside four minutes but stage comeback win“. The 42. 26 август 2023. Посетено на 28 август 2023.
- ↑ „Taiwo Awoniyi: The New Bride of European Clubs“. Thisday. 27 June 2015. Архивирано од изворникот на 7 September 2015. Посетено на 7 September 2015.
- ↑ „Nigeria set sights on daring double“. Fédération Internationale de Football Association. 8 May 2015. Архивирано од изворникот на 9 May 2015. Посетено на 7 September 2015.
- ↑ Okeleji, Oluwashina (24 June 2016). „Kelechi Iheanacho included in Nigeria's Olympics squad“. BBC Sport. Посетено на 25 June 2016.
- ↑ „Taiwo Awoniyi makes Super Eagles debut in Nigeria's 1-0 loss to CAR“. Pulse Nigeria (англиски). 2021-10-08. Посетено на 2021-10-17.
- ↑ „Afcon 2021: Iheanacho and Awoniyi lead Nigeria attack against Egypt | Goal.com“. www.goal.com. Посетено на 2022-04-25.
- ↑ Flood, George (2022-01-15). „Nigeria 3-1 Sudan: Super Eagles cruise into AFCON last-16“. Evening Standard (англиски). Посетено на 2022-04-25.
Надворешни врски
уреди„Таиво Авонији“ на Ризницата ? |