Сабри Ламуши (роден во Лион, на 9 ноември 1971) — француски фудбалски тренер, и поранешен играч од средниот ред. Последно тој ја водел екипата на Кардиф Сити во 2023 година.

Сабри Ламуши
Лични податоци
Полно име Сабри Ламуши[1]
Роден на 9 ноември 1971(1971-11-09)(53 г.)[2]
Роден во Лион, Франција
Држава Франција Франција
Висина &100000000000001750000001,75 м[2]
Играчки податоци
Позиција среден ред[2]
Повлекување 2009 (37 г.) - како играч
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1990-1994 Алес Алес 106 (26)
1994-1998 Осер Осер 129 (19)
1998-2000 Монако Монако 56 (4)
2000-2003 Парма Парма 90 (7)
2003-2005 Интер Интер 16 (0)
2004-2005Џенова Џенова 20 (1)
2005-2006 Марсеј Олимпик Марсеј 36 (5)
2006-2007 Ал Рајан Ал Рајан 7 (6)
2007-2008 Ум-Салал Ум-Салал 19 (0)
2009 Ал-Хараитијат Ал-Хараитијат 10 (1)
Репрезентација
1996-2001 Франција Франција 12 (1)
Раководител на екипите
2012-2014 Брег на Слоновата Коска Брег на Слоновата Коска
2014-2017 Ал-Џаиш Ал-Џаиш
2017-2018 Рен Рен
2019-2020 Нотингем Форест Нотингем Форест
2020-2021 Ал-Духаил Ал-Духаил
2023 Кардиф Сити Кардиф Сити
* Ажурирано на: 2 јануари 2012
** Ажурирано на: 2 јануари 2012

Клупска кариера

уреди

Олимпик Алес, Осер и Монако

уреди

Својата кариера ја започнал во Олимпик Алес во 1990 и играл таму 4 години во втората француска лига. Во 1994, тој се преселил во Осер, каде што поминал уште 4 години, собирајќи 129 натпревари и постигнувајќи 19 гола. Во сезоната 1995-1996, тој ја освоил двојната круна во Франција со Осер, триумфирајќи во првенството и купот, a следната сезона дебитирал во Лигата на шампионите забележувајќи 5 настапи и еден погодок (против подоцнежниот шампион Борусија Дортмунд во четвртфиналето).

Во 1998 година потпишал за Монако, со кого освојува уште една првенствена титула во Франција во сезоната 1999-2000. За Монако одиграл 56 натпревари и постигнал 4 гола, по што ја напуштил Франција и ја започнал својата авантура во странство.

Годините во Италија: Парма, Интер и Џенова

уреди

Во 2000 година, тој бил купен од италијанската Парма. Својот прв гол во Серија А, Ламуши го постигнал на 12 ноември 2000, во победата со 2-0 на домашен терен над Удинезе. За Парма, тој играл до 2003 година и собрал 90 настапи и 7 голови. Во сезоната 2001-2002, со клубот го освоил Купот на Италија, играјќи ги целосно двата натпревари од финалето против Јувентус, кое Парма го добила поради правилото за гол во гости откако вкупниот резултат бил изедначен 2-2.

Пред почетокот на сезоната 2003-2004, тој му се приклучил на Интер, излегувајќи на терен со сино-црниот дрес само 16 пати. Следната сезона, тој бил позајмен на Џенова во Серија Б, каде постигнал 1 гол на 20 натпревари и претрпел испаѓање со клубот во Серија Ц1.

Подонежна кариера

уреди

Во летото 2005 година, Ламуши се вратил во Франција по пет години, приклучувајќи му се на Олимпик Марсеј на позајмица од Интер. Како стандарден првотимец, со својте добри настапи Ламуши се изборил за потпишување на траен договор со Марсеј во јануари 2006 година, завршувајќи ја сезоната 2005-2006 со 47 настапи и 6 гола. Тој бил стандарден и на почетокот на следната сезона, но на 18 септември 2006, објавил дека ќе го напушти клубот од непознати причини и покрај тоа што имал договор до јуни 2007 година. Вкупно за Олимпик Марсеј одиграл 55 натпревари и постигнал 6 гола.

Кон крајот на 2006 година, тој потпишал за катарскиот клуб Ал Рајан, каде постигнал спектакуларен погодок во неговиот прв настап за клубот. До крајот, на кариерата играл уште за два клуба од Катар: Ал Рајан и Ал-Хараитијат. Играчката кариера ја завршил во 2009 година, на возраст од 37 години.

Репрезентативна кариера

уреди

За француската репрезентација, Ламуши настапил 12 пати и постигнал еден гол.

Своето деби го направил во 1996 година во пријателски натпревар против Португалија и истата година бил член во францускиот тим кој настапил на Европското првенство. Таму настапил само еднаш, започнувајќи во стартниот состав во полуфиналето против Чешка, натпревар во кој триколорите биле елиминирани по изведување на пенали.

Тој, исто така, бил на прелиминарниот список од 28 играчи на Франција за Светското првенство 1998 на домашен терен. Сепак, на крајот тој бил еден од шестте играчи кој селекторот Еме Жаке ги "прецртал" непосредно пред почетокот на турнирот и не добил можност да игра на Мундијалот кој французите на крајот го освоиле.[3]

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Франција
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
24-1-1996 Париз Франција   3 – 2   Португалија Пријателска -   69'
21-2-1996 Ним Франција   3 – 1   Грција Пријателска -   70'
27-3-1996 Брисел Белгија   0 – 2   Франција Пријателска 1
29-5-1996 Стразбур Франција   2 – 0   Финска Пријателска -   69'
1-6-1996 Штутгарт Германија   0 – 1   Франција Пријателска -   81'
5-6-1996 Бордо Франција   2 – 0   Ерменија Пријателска -
26-6-1996 Манчестер Чешка   0 – 0 прод.
(6 – 5 пен.)
  Франција Евро 1996 - Полуфинале -   60'
31-8-1996 Париз Франција   2 – 0   Мексико Пријателска -   88'
9-10-1996 Париз Франција   4 – 0   Турција Пријателска -   23'
25-3-1998 Москва Русија   1 – 0   Франција Пријателска -   74'
22-4-1998 Солна Шведска   0 – 0   Франција Пријателска -
24-3-2001 Сен Дени Франција   5 – 0   Јапонија Пријателска -
Вкупно Настапи 12 Голови 1

Тренерска кариера

уреди

Својата прва тренерска работа Ламуши ја добил во мај 2012 година, кога бил избран за селектор на Брегот на Слоновата Коска. Под неговото водство, репрезентацијата се пласирала на Светското првенство 2014 и го започнала турнирот со победа од 2-1 над Јапонија. Во следниот натпревар, Слоновите со истиот резултат загубиле од Колумбија, а во последниот натпревар на Ламуши на клупата на Брегот на Слоновата Коска, репрезентацијата загубила повторно со 2-1 овојпат од Грција со што била елиминирана од турнирот уште по групната фаза. По завршувањето на турнирот, Ламуши поднел оставка од позицијата селектор на Брегот на Слоновата Коска.[4][5]

На 26 декември 2014 година, бил назначен за тренер на катарскиот Ал-Џаиш, каде ја имал првата клупска работа. Овој клуб го водел околу две ипол сезони, а најголемиот успех го постигнал во 2016 година, кога го освоил Купот на Катар, неговата прва титула во тренерската кариера. Во ноември 2017, добива работа во својата родна Франција, каде ја презел тренерската функција во екипата на Рен. По солидната прва сезона, во која го одвел клубот до петтото место и пласман во Лига Европа, во декември следната сезона тој бил отпуштен по слабата серија на резултати.[6]

Во јуни 2019, тој бил назначен за нов тренер на Нотингем Форест.[7] Под неговото водство Форест имале силен почеток на сезоната во Чемпионшип, а потоа речиси во текот на целата сезона биле на позициите кои воделе во плејофот, но во завршницата на сезоната ги испуштиле нив завршувајќи на седмото место после тешкиот пораз со 1-4 на домашен терен од Стоук Сити во последното коло.[8]

Титули

уреди

Играч

уреди
1995-1996
1995-1996

  Монако

уреди
1999-2000

  Парма

уреди
2001-2002

  Олимпик Марсеј

уреди
2005

Тренер

уреди

  Ал-Џаиш

уреди
2016

Наводи

уреди
  1. „SL“. Verif.com (француски). Посетено на 20 August 2022.
    „Sabri Lamouchi“. Verif.com (француски). Архивирано од изворникот на 2023-12-09. Посетено на 20 August 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Sabri Lamouchi“. L'Équipe (француски). Paris. Посетено на 20 August 2022.
  3. „FRANCE AXE ANELKA; Gunners kid out of this world“. thefreelibrary.com. 24 May 1998. Посетено на 7 November 2013.
  4. „Сабри Ламуши го напушти кормилото на Брегот на Слоновата Коска“. kanal 5. 25 јуни 2014. Посетено на 7 декември 2023.
  5. „Ламуши ја напушти репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска“. sportlife.com.mk. 25 јуни 2014. Посетено на 7 декември 2023.
  6. „Sabri Lamouchi mis à pied par Rennes“. L'Équipe (француски). 3 December 2018.
  7. „Sabri Lamouchi: Nottingham Forest appoint Frenchman 18 minutes after sacking Martin O'Neill“. 28 June 2019. Посетено на 9 November 2019.
  8. „Nottingham Forest 1-4 Stoke: Forest lose play-off place to Swansea“. BBC Sport (англиски). 22 July 2020. Посетено на 1 August 2020.

Надворешни врски

уреди