ФК Јувентус сезона 2001-2002

(Пренасочено од ФК Јувентус сезона 2001-02)

Сезоната 2001-2002 за фудбалскиот клуб Јувентус била 104-та од неговото основање и 100-та последователна сезона во највисоката лига на италијанскиот фудбал.

Јувентус
сезона 2001–2002
ПретседателИталија Виторио Кјузано
ТренерИталија Марчело Липи
Серија А1-ви
Скудето (26. титула)
Куп на ИталијаФинале
Лига на шампиониВтора групна фаза
Најдобар стрелецЛига:
Франција Давид Трезеге (24)
Вкупно:
Франција Давид Трезеге (32)
Домаќин
Гост

Преглед на сезоната

уреди

Пред стартот на сезоната Јувентус довел неколку значајни засилувања. Голманот Џанлујџи Буфон кој дошол од Парма за 53 милиони евра, станал најскапо платениот голман на сите времиња. Заедно со него од Парма дошол и Лилијан Тирам, кој пак не успеал да се воспостави како централен дефанзивец и завршил како стартер на позицијата десен бек. Павел Недвед дошол од Лацио (како замена за заминатиот Зинедин Зидан) и одиграл солидна сезона, сепак без формата во која тој настапувал неколку години пред тоа, додека колегата од Лацио, Марсело Салас, пак се претворил во апсолутно промашување, откако целосно не успеал да се вклопи на условите во новата средина, поминувајќи ја речиси целата сезона седнат на клупата за резерви. Од друга страна пак, кога се во прашање заминатите играчи, трансферот на Зидан од Јувентус во Реал Мадрид бил светски рекорд во тоа време, и го чинел шпанскиот клуб 75 милиони евра. Покрај Зидан, клубот го напуштиле и Филипо Инѕаги и Едвин ван дер Сар. Во новата сезона дошло до промена и на тренерската клупа, каде се вратил Марчело Липи за да го замени Карло Анчелоти.

Во сезоната 2001-2002, Јувентус ставил крај на тригодишната суша без првенствена титула, по невероватниот пресврт на крајот од сезоната во кој и среќата им била наклонета во текот на последното коло на Серија А, кога тогашниот водач Интер настрадал од колапсот на нерви. Во последното коло од лигата, Јувентус го победил со 2-0 на гостински терен Удинезе, додека Интер загубил од Лацио со 2-4 и така ги загубил двата бода предност на врвот на табелата. Со тоа Јувентус го освоил 26-тиот наслов шампион на Италија, и ја поправил сликата по разочарувачкото испаѓање од Лигата на шампионите во втората групна фаза. Тие исто така, стигнале до финалето на Купот на Италија каде го загубиле трофејот од Парма; иако вкупниот резултат по двата натпревари бил нерешен 2-2, пресудило правилото за гол во гости.

Како за клубот така и за поединечните играчи, оваа сезона била значајна затоа што новиот голман Џанлујџи Буфон бил прогласен за најдобар голман во светот, додека напаѓачот Давид Трезеге го направил пробивот во Серија А, и ја споделил наградата за најдобар стрелец со Дарио Хубнер од екипата на Пјаченца. Алесандро Дел Пјеро исто така, одиграл клучна улога во успехот, постигнувајќи 16 гола.

Состав

уреди
Бр. Позиција Играч
1   ГМ Џанлуиџи Буфон
2   ОД Чиро Ферара
3   ОД Микеле Парамати
4   ОД Паоло Монтеро
5   ОД Игор Тудор
6   СР Фабијан О’Нил
7   ОД Џанлука Песото
8   СР Антонио Конте
9   НП Марсело Салас
10   НП Алесандро Дел Пјеро  
11   СР Павел Недвед
12   ГМ Микеланџело Рампуља
13   ОД Марк Јулиано
14   СР Кристијан Ѕенони
15   ОД Алесандро Бириндели
16   СР Енцо Мареска
17   НП Давид Трезеге
19   ОД Џанлука Ѕамброта
20   СР Алесио Такинарди
21   ОД Лилијан Тирам
Бр. Позиција Играч
22   ГМ Фабијан Карини
23   СР Марко Ригони
25   НП Марсело Залајета
26   СР Едгар Давидс
27   НП Никола Аморузо
28   СР Атирсон
29   НП Стефано Романо
30   СР Алесандро Фрара
31   ОД Феличе Пиколо
32   СР Стефано Родинела
33   НП Винсент Перикард
34   ГМ Ландри Бонефои
35   ОД Матиа Казани
36   СР Илијос Зејтулаев
37   СР Виктор Будијански
38   НП Томас Гусман
39   ОД Франческо Скардина
40   ГМ Антонио Миранте
41   ОД Доменико Мајета
  • играчите во италик го напуштиле клубот во текот на сезоната

Натпреварувања во сезоната

уреди

Серија А

уреди

Завршна табела

уреди
Поз. Екипа Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
  1.   Јувентус 71 34 20 11 3 64 23 +41
2.   Рома 70 34 19 13 2 58 24 +34
3.   Интер 69 34 20 9 5 62 35 +27
4.   Милан 55 34 14 13 7 47 33 +14
5.   Кјево 54 34 14 12 8 57 52 +5
6.   Лацио 53 34 14 11 9 50 37 +13
7.   Болоња 52 34 15 7 12 40 40 0
8.   Перуџа 46 34 13 7 14 38 46 -8
9.   Аталанта 45 34 12 9 13 41 50 -9
[1] 10.   Парма 44 34 12 8 14 43 47 -4
11.   Торино 43 34 10 13 11 37 39 -2
12.   Пјаченца 42 34 11 9 14 49 43 +6
13.   Бреша 40 34 9 13 12 43 52 -9
14.   Удинезе 40 34 11 7 16 41 52 -11
  15.   Верона 39 34 11 6 17 41 53 -12
  16.   Лече 28 34 6 10 18 36 56 -20
  17.   Фјорентина[2] 22 34 5 7 22 29 63 -34
  18.   Венеција 18 34 3 9 22 30 61 -31

Легенда:

      Шампион на Италија и се квалификува за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите 2002-2003.
      Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите 2002-2003.
      Се квалификува за третото коло од квалификациите за УЕФА Лигата на шампионите 2002-2003
      Се квалификува за првото коло на Куп на УЕФА 2002-2003.
      Се квалификува за третото коло или второто коло на Интертото куп 2002.
      Испаѓа во Серија Б 2002-2003.

Нотес:

Три бода за победа, еден за нерешено, нула за пораз.
Аталанта одбила да игра во Интертото купот.

Натпревари

уреди

































Куп на Италија

уреди

Осминафинале

уреди

Четвртфинале

уреди

Полуфинале

уреди

Финале

уреди

Лига на шампиони

уреди

Групна фаза

уреди
Група Е
уреди
Екипа ОН П Н И ДГ ПГ ГР Бод
    Јувентус 6 3 2 1 11 8 +3 11
    Порто 6 3 1 2 7 5 +2 10
    Селтик 6 3 0 3 8 11 −3 9
    Розенборг 6 1 1 4 4 6 −2 4





Втора групна фаза

уреди
Група Д
уреди
Екипа ОН П Н И ДГ ПГ ГР Бод
    Бајер Леверкузен 6 3 1 2 11 11 0 10
    Депортиво Ла Коруња 6 3 1 2 7 6 +1 10
    Арсенал 6 2 1 3 8 8 0 7
    Јувентус 6 2 1 3 7 8 −1 7





Список на стрелци

уреди
Поз. Играч Лига ЛШ Куп Вкупно
1   Давид Трезеге 24 9 0 33
2   Алесандро Дел Пјеро 16 4 1 21
3   Никола Аморузо 0 1 6 7
4   Марсело Залајета 0 1 5 6
  Игор Тудор 4 2 0 6
6   Павел Недвед 4 0 0 4
  Чиро Ферара 3 0 1 4

Наводи

уреди
  1. Победник на Куп на Италија.
  2. Al termine del campionato fallisce per bancarotta, ripartendo dalla Serie C2 con il nome di Florentia Viola.
  3. Натпреварот беше првично закажан за 21 ноември, но се одигра 7 дена подоцна заради густата магла во Торино.

Надворешни врски

уреди