Винченцо Енцо Мареска(роден на 10 февруари, 1980 година) — поранешен италијански фудбалер, играч од средниот ред.

Енцо Мареска
Лични податоци
Роден на 10 февруари 1980(1980-02-10)(44 г.)
Роден во Понтекањо Фајано, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001770000001,77 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 2017 (37 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1998-2000 Вест Бромвич Албион Вест Бромвич Албион 47 (5)
2000-2004 Јувентус Јувентус 37 (4)
2000-2001Болоња Болоња 28 (2)
2002-2003Пјаченца Пјаченца 31 (9)
2004-2005 Фјорентина Фјорентина 25 (5)
2005-2009 Севиља Севиља 96 (13)
2009-2010 Олимпијакос Олимпијакос 24 (5)
2011-2012 Малага Малага 39 (4)
2012-2014 Сампдорија Сампдорија 17 (3)
2014-2016 Палермо Палермо 47 (1)
2016-2017 Верона Верона 8 (0)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Во неговата земја тој играл за неколку клубови вклучувајќи го и Јувентус, кој го позајмил на двапати за време на траењето на неговиот договор. Ослободен од Јувентус во 2004 година тој отишол да игра една сезона за Фјорентина, а потоа ја продолжил својата кариера во Ла Лига играјќи за Севиља (четири години) и Малага, појавувајќи се во 134 натпревари и постигнувајќи 17 гола во ова првенство.

Мареска ја претставувал Италија на младинско ниво, вклучувајќи ги и 15-те настапи за селекцијата под 21 година.

Клупска кариера

уреди

Почетоците на кариерата и Вест Бромвич Албион

уреди

Роден во Понтекањо Фајано, округот Салерно, Мареска започнал да игра фудбал на возраст од 11 во екипата на Милан. По три години тренирање со росонерите, тој му се приклучил на Каљари. Во текот на летото 1998 година, Мареска ја напуштил Италија и се пресели во англискиот клуб Вест Бромвич Албион, за кого го направил своето професионално деби во Првата дивизија. Тој најчесто бил резерва во својата прва сезона, но затоа во втората се изборил за стартер. Мареска направил вкупно 47 настапи за ВБА и постигнал 5 гола и станал еден од омилените играчи кај навивачите. Во јануари 2000, на возраст од 19 години, тој се вратил во Италија, каде бил купен од страна на Јувентус за 4.3 милиони фунти што била рекорна продажба на Албион во тоа време.

Јувентус и позајмиците во Болоња и Пјаченца

уреди

Приклучувајќи му се на Јувентус под водство на Карло Анчелоти, тој дебитирал во Серија А на 12 март 2000, појавувајќи се како доцна замена во победата со 2-0 над Пјаченца во гости. Тоа останал неговиот единствен настап за таа сезоната.

Тој бил позајмен на Болоња во сезоната 2000-2001 и одиграл 23 натпревари во Серија А за овој клуб без постигнат гол.

Пред почетокот на сезоната 2001-02 новиот тренер на Јувентус, Марчело Липи, го враќа Мареска во Торино. Својот прв гол во Серија А, Мареска го постигнал на 24 февруари 2002, носејќи му бод на Јуве во градското дерби против ФК Торино, израмнувајќи го резултатот на 2-2 со гол во 89-тата минута.[1] Тој претходно постигнал еден погодок и во Купот на Италија. Тој направил 16 лигашки натсапи за бјанконерите во оваа сезона, која победнички завршила за Мареска и неговите соиграчи, бидејќи Јувентус го освоил скудетото во драматичен крај на првенството.

Во следната сезона Мареска бил пратен уште еднаш на заем, приклучувајќи и се на Пјаченца. Тој бил еден од најдобрите играчи на тимот оваа сезона постигнувајќи 9 гола во 31 настап, но и покрај тоа Пјаченца испаднала од Серија А.

По испаѓањето на бело-црвените, Мареска се вратил во Јувентус за да ја одигра својата последна сезона од својот договор. Тој одиграл 20 натпревари и постигнал 3 гола во лигата, а исто така го постигнал и својот прв гол во Лигата на шампионите, стрелајќи во мрежата на Олимпијакос во победата на Јуве со 7-0.

Фјиорентина

уреди

Во летото 2004, Фјорентина го ангажира Мареска заедно со Фабрицио Миколи и Џорџо Кјелини за 13 милиони €, поседувајќи половина од договорите на овие играчи заедно со Јувентус. Тој го направил своето официјално деби на 12 септември, играјќи 60 минути во поразот со 0-1 нагостувањето кај Рома.

На крајот на сезоната, тој за малку избегнал испаѓање од највисокото ниво со Виола и Јувентус ги откупил назад договорите на сите три играчи за 6.700.000 € во слепа аукција помеѓу клубовите[2]

Севиља

уреди

На 16 јули 2005 година, Мареска се преселил во Севиља во Шпанија, за трансфер-сума од 2.500.000 €, потпишувајќи четиригодишен договор.[3] Тој брзо се претворел во клучен играч за својот нов клуб, и ја заврши неговата прва сезона во Ла лига со 29 натпревари и осум гола, додавајќи 11/3 во победничката кампања во Купот на УЕФА, вклучувајќи ги и двата гола во финалето против Мидлзборо (4-0) каде што бил, исто така, именуван и за човек на натпреварот[4] Тој ја донирал паричната награда од 10,000 € што ја заработил во финалето за Сан Хуан де Диос болницата во Севиља.[5]

Мареска одиграл 45 минути во финалето на Купот на УЕФА во Глазгов на Хампден Парк, каде Севиља успешно ја одбранила својата европска титула, победувајќи го Еспањол. Тој се појавувал во игра во просек на 22 натпревари во лигата во последните три години заедно.

Олимпијакос

уреди

На 13 јули 2009 година, Мареска потпишал три-годишен договор со Олимпијакос во Грција.[6] Тој постигнал гол во неговото деби во грчката Суперлига, во победата со 2-0 над Лариса, и се настапувал редовно во текот на сезоната 2009-10 кога клубот од Пиреја завршил на второто место.

Малага

уреди

По завршувањето на неговиот договор со Олимпијакос, во август 2010 тој тренирал со својот поранешен клуб Фјорентина. На 7 декември било објавено дека тој е во преговори со Малага; откако ги поминал медицинските тестови тој потпишал со андалусијците до јуни 2012.

Maresca го направил своето лигашко деби за својот нов тим на 8 јануари 2011 година, играјќи 57 минути во домашното реми 1-1 против Атлетик Билбао. На 7 мај, тој придонел со еден гол во успехот на клубот против Атлетико Мадрид со 3-0.[7]

Сампдорија

уреди

На 2 јули 2012 година, откако неговиот договор истекол, Мареска потпишал нов едногодишен врска со Малага. На 30 август, тој сепак одлучил да се врати во својата земја по седум години, приклучувајќи се на Сампдорија за 2.000.000 €.[8]

Палермо

уреди

На 15 јануари 2014, потпишал за Палермо.

Титули

уреди

  Јувентус

уреди

  Савиља

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Торино - Јувентус 2-2 24.02.2002[мртва врска]
  2. Финансиски извештај на 30 јуни 2005 Архивирано на 7 декември 2008 г.; официјално мрежно место на Јувентус
  3. . html Мареска потпиша за Севиља; UEFA.com, 16 јули 2005 година
  4. co.uk/sport2/hi/football/europe/4751467.stm Мидлзборо 0-4 Севиља[мртва врска]; БиБиСи Спорт, 10 мај 2006
  5. Енцо Мареска прогласен за човек на натпреварот во финалето;Marca, 10 мај 2006 Предлошка:Es икона
  6. „Announcement“. Olympiakos FC. 13 July 2009. Посетено на 16 July 2009.
  7. ESPN Soccernet, уред. (7 мај 2011). „Витална победа за Малага“. Посетено на 2 март 2012.[мртва врска]
  8. „Enzo Maresca, the successful immigrant returns“ (италијански). U.C. Sampdoria. 30 August 2012. Архивирано од изворникот на 2012-09-01. Посетено на 30 August 2012.