Бреша
Бреша (италијански: Brescia; ломбардски: Brèsa; латински: Brixia) — град и општина во регионот Ломбардија во северна Италија. Се наоѓа во подножјето на Алпите, помеѓу Мела и Навиљо. Тој е втор најголем град во Ломбардија, веднаш зад главниот град Милано. Бреша е позната како „Лавица на Италија“ (Leonessa d'Italia) поради десетте дена на популарното востание против Австријците во текот на пролетта во 1849.
Бреша Brèsa | ||
---|---|---|
општина | ||
Città di Brescia | ||
Панорама на Бреша | ||
Земја | Италија | |
Регион | Ломбардија | |
Покраина | Бреша (BS) | |
Поделоци | Форначи, Сант’Еуфемија, Сан Поло, Ураго Мела, Сант’Ана, Момпјано | |
Управа | ||
• Градоначалник | Адријано Пароли (PdL) | |
Површина | ||
• Вкупна | 90,7 км2 (350 ми2) | |
Надм. вис. | 149 м | |
Население (April 2011) | ||
• Вкупно | 197.250 | |
• Густина | 220/км2 (560/ми2) | |
Демоним | Брешанци | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Пошт. бр. | 25100 | |
Повик. бр. | 030 | |
Светец-заштитник | Св. Фаустино и Џовита | |
Слава | 15 февруари | |
Мреж. место | Матична страница |
Градот е административно седиште на истоимената покраина, една од најголемите во Италија, со околу 1,2 милиони жители. Античкиот град Бриксија (Бреша) бил важен регионален центар од предримско време. Бројни римски и средновековни споменици се зачувани, а меѓу попознатите се наоѓа замокот. Градот е центар на третата најголема индустриска зона во Италија, насочена кон машинската и автомобилската индустрија, како и производителите на огнено оружје. Компаниите обично се мали или средни претпријатија, често во семејна сопственост. Финансискиот сектор е исто така голем работодавец, додека туризмот е доста развиен поради близината на езерата Гарда и Изео, како и Алпите.
Најзначајниот и најзначајниот модерен сликар во историјата на Бреша бил Франческо Филипини основачот на уметничката струја на „Филипинизам“ кој го сметал италијанскиот импресионизам наспроти францускиот импресионизам.
Меѓународни односи
уредиВо Бразил се наоѓа град наречен Нова Бреша. Името му е доделено од неговите први жители, кои потекнувале од Бреша.
Збратимени градови
уредиБреша е збратимен со:
Извори
уреди Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link)
Оваа статија содржи текст од дело сега во јавна сопственост: Herbermann, Charles, уред. (1913). Catholic Encyclopedia. Robert Appleton Company. Отсутно или празно |title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link) [1]
Надворешни врски
уреди- Бреша на Ризницата ?
- Официјална страница на Универзитетот Бреша
- Католичкиот универзитет Бреша
- Новости околу Бреша Архивирано на 24 јануари 2021 г.
- Галерија со слики (италијански)