Фабијан О’Нил (роден на 14 октомври 1973 година во Пасо де лос Торос - починал на 25 декември 2022 во Монтевидео) — поранешен уругвајски фудбалер, играч од средниот ред.

Фабијан О’Нил
Лични податоци
Полно име Фабијан Алберто О’Нил Домингес
Роден на 14 октомври 1973(1973-10-14)
Роден во Пасо де лос Торос, Уругвај
Починал на 25 декември 2022(2022-12-25) (воз. 49 г.)
Починал во Монтевидео, Уругвај
Држава Уругвај Уругвај
Висина &100000000000001860000001,86 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 2003 (29 г.)
Младинска кариера
Насионал Насионал
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1992-1995 Насионал Насионал 63 (15)
1996-2000 Каљари Каљари 120 (12)
2000-2001 Јувентус Јувентус 14 (0)
2002 Перуџа Перуџа 9 (1)
2002 Каљари Каљари 0 (0)
2003 Насионал Насионал 5 (0)
Репрезентација
1993 Уругвај Уругвај 20 4 (2)
1993-2002 Уругвај Уругвај 19 (2)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Биографија

уреди

О’Нил има ирско потекло; тој е правнук на Мајкл О’Нил, Ирец од округот Корк, кој пристигнал во Уругвај во 1837 година.[1] Тој бил најстарото од петте деца на неговите родители Луис Алберто О’Нил и Мерседес Домингес. Напуштен од неговите родители, О'Нил бил одгледан од неговата баба, со која морал да го дели креветот до 14-годишна возраст. Почнал да работи веќе на деветгодишна возраст, продавајќи колбаси пред бордел и веќе на таа возраст започнал со пиење алкохол.[2][3]

О'Нил има две ќерки и еден син,[4] од кои секој е роден од различна мајка.[5]

За време на играчката кариера бил познат по прекарот „Ел Маго“ (на македонски волшебникот).[6] О'Нил бил наречен од Зинедин Зидан како најталентираниот соиграч во неговата кариера.[2] Тој страдал од алкохолизам за време и по неговата кариера, се пензионирал на 29 години и умрел 20 години подоцна.

Починал на 25 декември 2022, на 49-годишна возраст, откако ден претходно бил хоспитализиран во болница во Монтевидео, со крварење поради заболување на црниот дроб.[7]

Клупска кариера

уреди

Првите чекори ги направил во Дефенсор, аматерски тим во неговата земја. На 15-годишна возраст се приклучил на младинската академија на Насионал од Монтевидео. Со првиот тим дебитирал во 1992 година и истата година го освоил уругвајското првенство.[8]

Во ноември 1995 година, бил купен од италијанската екипа Каљари со посредство на агентот Пако Касал. Своето деби за клубот во Серија А го имал на 26 ноември против Наполи, а својот прв гол во лигата го постигнал на 21 април 1996 година, за време на домашниот натпревар против Виченца кој завршил со победа на Сардинијците со 2-0.[9] За Каљари одиграл пет последователни сезони, од кои четири во Серија А и една во Серија Б, забележувајќи вкупно 120 настапи и 12 гола.

Во летото 2000 година, тој се преселил во Јувентус, кој го купил уште претходната година за 18 милијарди лири плус позајмицата на Рафаеле Аметрано.[10] Со бјанконерите тој не успеал да ги повтори одличните настапи кој ги имал во дресот на Каљари, губејќи ја и физичката форма.[11][12]

Во јануари 2002 година, тој бил продаден на Перуџа како дел од преговорите што го донеле Давиде Бајоко во Јувентус.[13] За овој клуб излегол на терен во 9 наврати; постигнал еден единствен гол на 3 март против Торино од слободен удар.[14] Тренерот Серсе Косми го дефинирал како технички најсилниот играч што го тренирал, но исто така посочил дека има одредена слабост во карактерот.[15]

На крајот на сезоната, тој го раскинал договорот што го врзувал за Перуџа и се вратил во Каљари, во Серија Б.[16][17] Неговото второ искуство во Сардинија траело само неколку месеци, без воопшто да излезе на терен; затоа одлучил да се врати во Уругвај во Насионал,[18] каде ја завршил професионалната кариера во 2003 година, на возраст од 29 години.

Репрезентативна кариера

уреди

О’Нил играл на Светското првенство за играчи под 20 години во 1993 година, придонесувајќи со 4 настапи и 2 гола за пласманот на Уругвај во четвртфиналето, каде што биле поразени од Австралија.

За сениорската репрезентација одиграл 19 натпревари и постигнал 2 гола, a своето деби го имал на 16 јуни 1993 година против САД на Копа Америка.[19]

Тој бил повикан за Светското првенство 2002, но не настапил ниту еднаш поради повреда на Ахиловата тетива.[20][21]

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Уругвај
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
16-6-1993 Амбато Уругвај   1 – 0   САД Копа Америка 1993 - Прва фаза -
11-10-1995 Салвадор Бразил   2 – 0   Уругвај Пријателска -
15-12-1996 Монтевидео Уругвај   2 – 0   Перу Квал. за СП 1998 -
12-2-1997 Кито Еквадор   4 – 0   Уругвај Квал. за СП 1998 -
8-6-1997 Монтевидео Уругвај   1 – 1   Колумбија Квал. за СП 1998 -
18-8-1999 Монтевидео Уругвај   5 – 4   Костарика Пријателска 1
8-9-1999 Монтевидео Уругвај   2 – 0   Венецуела Пријателска -
17-11-1999 Малдонадо Уругвај   0 – 1   Парагвај Пријателска -
29-3-2000 Монтевидео Уругвај   1 – 0   Боливија Квал. за СП 2002 -
3-6-2000 Монтевидео Уругвај   2 – 1   Чиле Квал. за СП 2002 -
28-6-2000 Рио де Жанеиро Бразил   1 – 1   Уругвај Квал. за СП 2002 -
18-7-2000 Монтевидео Уругвај   3 – 1   Венецуела Квал. за СП 2002 -
26-7-2000 Монтевидео Уругвај   0 – 0   Перу Квал. за СП 2002 -
15-8-2000 Богота Колумбија   1 – 0   Уругвај Квал. за СП 2002 -
28-3-2001 Монтевидео Уругвај   0 – 1   Парагвај Квал. за СП 2002 -
27-3-2002 Дамам Саудиска Арабија   3 – 2   Уругвај Пријателска 1
17-4-2002 Милано Италија   1 – 1   Уругвај Пријателска -
12-5-2002 Вашингтон САД   2 – 1   Уругвај Пријателска -
16-5-2002 Шенјанг Кина   0 – 2   Уругвај Пријателска -
Вкупно Настапи 19 Голови 2

Статистика

уреди
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1992   Насионал ПД 6 1 - - - КЛ 0 0 - - - 6 1
1993 ПД 19 5 - - - КЛ 4 0 - - - 23 5
1994 ПД 19 4 - - - КЛ 3 2 - - - 22 6
1995 ПД 19 5 - - - - - - - - - 19 5
1995-1996   Каљари А 15 1 КИ 2 1 - - - - - - 17 2
1996-1997 А 25+1[22] 2+0 КИ 2 0 - - - - - - 28 2
1997-1998 Б 28 2 КИ 2 0 - - - - - - 30 2
1998-1999 А 31 5 КИ 3 0 - - - - - - 34 5
1999-2000 А 21 2 КИ 6 3 - - - - - - 27 5
2000-2001   Јувентус А 10 0 КИ 1 0 ЛШ 2 0 - - - 13 0
2001-јан. 2002 А 4 0 КИ 0 0 ЛШ 3 0 - - - 7 0
Вкупно Јувентус 14 0 1 0 5 0 - - 20 0
јан.-јун. 2002   Перуџа А 9 1 КИ 0 0 - - - - - - 9 1
авг.-окт. 2002   Каљари Б 0 0 КИ 0 0 - - - - - - 0 0
Вкупно Каљари 120+1 12+0 15 4 - - - - 136 16
2003   Насионал ПД 5 0 - - - КЛ 3 2 - - - 8 2
Вкупно Насионал 68 15 - - 10 4 - 78 19
Вкупно во кариерата 212 28 16 4 15 4 - - 243 36

Титули

уреди

  Насионал

уреди
1992

Наводи

уреди
  1. Malcolm, Conrad O’Neill. „Fabián O'Neill, football player“. Society for Irish Latin American Studies. Посетено на 6 May 2010.
  2. 2,0 2,1 Carrasco, Eloy (14 December 2016). „Zizou, el mejor era Fabián O'Neill“ [Zizou, the best was Fabián O'Neill]. El Periódico de Catalunya (шпански). Посетено на 25 December 2022.
  3. Montaño, Pablo (1 November 2022). „Qué fue de Fabián O'Neill, el mejor con el que jugó Zidane“ [What happened to Fabián O'Neill, the best player Zidane played with]. Diario AS (шпански). Посетено на 25 December 2022.
  4. „El mensaje de los hijos de Fabián O'Neill tras su muerte“ [The message from Fabián O'Neill's children after his death]. El Observador (шпански). 25 December 2022. Посетено на 25 December 2022.
  5. „Martina, la hija de Fabián O'Neill: "El problema va ser grave si mi papá sigue tomando" [Martina, Fabián O'Neill's daughter: "The problem will be very serious if my dad keeps on drinking"]. El País (шпански). 30 June 2020. Посетено на 25 December 2022.
  6. „La historia de Fabián O'Neill, el futbolista uruguayo que más admiraba Zidane: "Tuve 14 millones de dólares y los perdí, pero a mí no me molesta ser pobre" [The story of Fabián O'Neill, the Uruguayan footballer who Zidane admired more than any other: "I had 14 million dollars and I lost it all, but being poor doesn't bother me"]. La Nación (шпански). 20 February 2017. Посетено на 25 December 2022.
  7. „Addio a O'Neill: ex Cagliari e Juventus, e una vita segnata dall'alcol“. 25 декември 2022.
  8. „Gli eroi in bianconero:Fabian O'NEILL“. 14 октомври 2012. Посетено на 19 септември 2013.
  9. „Fabián O'Neill - partite speciali“. Посетено на 19 септември 2013.
  10. „I bianconeri prenotano l'uruguaiano O' Neill“. la Repubblica. 17 јули 1999. Посетено на 19 октомври 2013.
  11. „Ventura: "Siamo più forti dell'anno scorso, una delle due partite con la Juve possiamo vincerla. O'Neill? Peccato non si sia imposto in bianconero". 5 септември 2013. Посетено на 19 септември 2013.
  12. „Colpi di mercato sotto l'albero - Dicembre 2001: Adriano a Firenze“. Посетено на 25 декември 2012.
  13. „Perugia a segno sul mercato: arriva Fabian O'Neill“. 22 јануари 2002. Посетено на 19 септември 2013.
  14. „Segna l'ex bianconero O'Neill, granata senza Lucarelli (20)“. la Repubblica. 4 март 2002. Посетено на 15 октомври 2013.
  15. „Cosmi: O'neill era forte come Zidane però“.
  16. „Perugia: O'Neill via, arriva Caracciolo“. 22 август 2002. Посетено на 19 септември 2013.
  17. „Il Cagliari pronto a riprendere O'Neill“. 23 август 2002. Посетено на 19 септември 2013.
  18. „Cellino sulla rottura con Suazo:"Ho smesso di ascoltare il cuore". Архивирано од изворникот на 16 октомври 2013. Посетено на 16 октомври 2013. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  19. „Appearances for Uruguay National Team“ (англиски). Посетено на 16 октомври 2013.
  20. „I rossoblu ai Mondiali“. Архивирано од изворникот на 21 септември 2013. Занемарен непознатиот параметар |accesso= (се препорачува |access-date=) (help); Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  21. „Mondiali, Uruguay: O'Neill salta anche sfida con Senegal“. Посетено на 19 септември 2013.
  22. Бараж за опстанок.

Надворешни врски

уреди